lo6ko piratot
безобразно реален
- Член од
- 2 април 2009
- Мислења
- 441
- Поени од реакции
- 57
Ми изгледа како да мешаш права и обврски..
Ако маж и жена сакаат да склучат брак, без разлика дали се криминалци или најодвратни луѓе на светот или луди или болни пред умирање, државата ќе им издаде дозвола.
Ако двајца хомосексуалци (без разлика на пол), колку и да се нормални и богати и да не се феминизирани или butch (какви што уствари и се повеќето такви парови), државата нема да им дозволи да се венчаат.
Е тоа е класичен пример на дискриминација, бесмислени забрани за лица само заради тоа што припаѓаат на одредена група или заедница. Забрани мотивирани од предрасуди, најчесто произлезени од религиите.
Јас сум прилично либерален човек и живеам по она правило "live and let live", т.е. не ме интересира кој си, што правиш и како живееш се` додека не повредуваш некого (или себеси, во случај на ментална болест). Лично не се согласувам со многу работи (пр. како ултра-религиозните родители ги воспитуваат своите деца), ама никогаш не би го одзел правото на некого да си го живее животот како сака (со претходно споменатото ограничување). Идеално општество би било она во кое се` ти е дозволено (да, дури и работи како проституција и сите видови на дроги), се` додека не повредуваш други луѓе.
ке отидам малце оф топик ...баш ме интересира кое е тојот став кон поимот брак и што очекуваш од бракот?