BloodyJesus
патенирана чепкалка
- Член од
- 15 февруари 2012
- Мислења
- 1.206
- Поени од реакции
- 1.240
Секој кој малку се разбира во политика знае дека во Бурма од 1962 до 2011 е на власт воена хунта (генералите на војската) и дека има повеќе евидентирани случаи на кршење на човекови права (вообичаено за секој тоталитарен режим) веќе неколку децении. Хунтата ги репресира сите кои сакааат да ја тргнат од власт од секоја етничка група (без разлика на религија) и никаква смислена будистичка акција против муслимани не постои. Напротив будистичките свештеници се исто убивани како едни од носителите на отпорот на населенитето против режимот.
Водачот на опозицијата Aung San Suu Kyi беше во куќен притвор цели 15 години пред да биде ослободена во 2010 година.
Многу е дегутантно (претпоставувам дека е од незнаење) да се бара жртва во само една религија кога е очигледно дека сите етнички групи и сите верници и атеисти еднакво имаат страдано од хунтата во Бурма а масакри врз будистички свештеници не се нешто невообичаено (првиот линк).
Кој сака да чита може и сам да се информира:
http://www.heraldsun.com.au/news/victoria/massacre-of-the-monks-in-burma/story-e6frf7lo-1111114546916
http://www.bbc.co.uk/news/world-asia-pacific-12990563
http://www.guardian.co.uk/world/2012/jul/03/aung-san-suu-kyi-burma-prisoners
Читко и многу лабаво составено. Блазе некои шо немаат памет и шо плукаат одма по верата, кај беше кога ова кај беше кога она. Глупости, ги читам и се чудам како е можно од доста возрасни луѓе да го кажат тоа. Да се надеваме дека е само обичен период.