Домашен бурек
Состојки
- 500 гр кори
- 300 мл вода
- 4 лажици маргарин,( јас ставам 3 лажици )
- 1 лажиче сол
- За фил мелено месо(доволно е 250 гр со една главица кромид) или сирење или др. по желба
1. Во еден сад се става водата со маргаринот да се стопи.
2. Се вклучува рерната на 250 ст.С, а тавчето бр.28 се обложува со пекпапир
3. Во тавчето се ставаат две кори така што краевите висат кон надвор, се прскаат со водата и маргаринот.
4. Се згужвува една кора и се става во една третина од тавчето. Така се гужваат уште две кори и се ставаат во другите две третини од тавчето, покрај првата. Значи во вториот ред имаме три згужвани кори. Преку секоја кора се попрскува вода.
5. Се прави уште еден ред со гужвани кори, па се става пола од филот. Пак се гужваат кори, се попрскуваат и се повторува процесот се додека има материјал. На крај се поклопува бурекот со оние кори сто висат надвор и се попрскува со останатата вода.
6. Се пече 5 мин. на 250 ст.С, па се намалува температурата на 200 ст. С и се пече уште околу 50 мин(зависи од вашиот шпорет). Пет минути пред крај, се вади бурекот, се превртува во тавчето и се остава да се допече.
ФИЛ
1 главица кромид се сецка и се пропржува на вода, се додава месото и добро се иститнува. Се пржи додека испари целата вода. Се додава сол и црн бибер.