- Член од
- 7 мај 2005
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 307
Македонско-руски научен собир за Букурешкиот договор и последиците за Македонија и ЈИЕ
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во соработка со Руската академија на нуките (РАН) в четврток во Скопје ќе биде отворен дводневниот македонско-руски научен собир на тема „Букурешкиот мировен договор 1913 и неговите долгорочни последици за Македонија и Југоисточна Европа“.
На собирот, што се одржува во рамките на Шестата македонско-руска научна средба, ќе учествуваат осум претставници од Русија предводени од директорот на Институтот за славистика проф. д-р Константин Никифоров и 23 истражувачи од различни области на науките од Македонија.
- Темата на годинашниов научен собир е 100-годиншнината од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор, акт што е судбоносен не само за Македонија, туку и за поширокиот регион на Балканот. Секако овој договор најмногу ја засега Македонија која со него по прв пат беше поделена како територија и народ. Со него е определена судбината на Македонија која денеска се најде во позиција да и се негира и вековното име, истакна академик Блаже Ристовски на денешната прес-конференција.
Тој посочи дека МАНУ се труди да ги проучи сите акти и факти за да се дојде до што пообјективна вистина, која како што рече, досега е создавана и презентирана од заинтересираните страни.
- За македонската наука елементарно правило е да биде максимално објективна во третманот на чувствителните прашања., бидејќи само вистината може да биде од наша корист. Сите други имаат свои видувања на случувањата кои веќе ги пласирале. Многу е полесно да се гради отколку да се уриваат одредени претстави веќе зацементирани со цели библиотеки. Затоа денеска ги имаме проблемите да се дискутира за нашиот иднетитет, име, јазикот и историското наследство. Без сето тоа не може да постои еден народ и не може да опстане и една држава, рече Ристовски.
МАНУ, нагласи, настојува да организира вакви собири со релевантни академии за да можеме на научен план да пласираме одредени сознанија кои можат да дадат придонес за осветлување на прашањата што не интересираат не само нас, туку и другите.
Презентираните сознанија од научниот собир ќе бидат објавени во посебен заеднички зборник во издание на МАНУ што ќе биде презентиран на Седмата руско-македонска научна средба во Москава во 2015 година.
Македонско-руските научни собири се одржуваат секоја втора година наизменично во Русија и Македонија, а по секоја средба се објавува зборник од презентираните реферати од страна на земјата домаќин.
http://www.sitel.com.mk/makedonsko-ruski-nauchen-sobir-za-bukureshkiot-dogovor-i-posledicite-za-makedonija-i-jie