Дечки некој да кажеше нешто?
Не знаеме, извади документи, пробај и оди на лице место... нема многу да те чини ИЛИ пробај закажи интервју Битола - ако имаш побрз термин од тоа.
Zdravo jas sum nov vo postapkava za bg dokumenti. Podnesov za proishod na 11.11.2020 ama poradi promena na zakono toj dok ne go bara posredniko (vika deka ne postoj veke takov dok) e sega odam preku bugarsko drustvo (nemam bg koreni ili nekoj dok). Prasanjeto mi e dali da go baram dokumento od proishodot ili e dovolno da odam preku drustvo. Vi blagodaram golem pozdrav
Како одиш преку БГ друштво кога ги укинаа во постапката? Да не те шета некој по тавани (хинт: посредникот)?
Барај изводи да се врзиш до предок роден (1900-1920) и АКО имаш происход веќе издаден (што сумњам, али не се знае треба да ти проверат) тогаш зарем посредникот нема копија или пак ти за да знаеш точно по која линија го извади происходот т.е. вадеше тогаш документи ? ДОКОЛКУ имаш сепак происход или немаш (небитно) знај дека НИШТО БГ друштво не може сега да ти биди од помош бидејќи не ни имаат почнато со новата процедура, а сепак ги укинаа БГ здруженијата т.е. нивната улога во цел овој процес.
Сума сумарум, земи барај изводи да се поврзиш по златна линија до твој предок.
Здраво, има ли некоја нова одредба или закон од пред 3 месеци за барање на бугарски државјанство? Така ми вели еден посредник без реално потекло не може повеќе да се добие државјанство???
Хм. Вака... муабети од посредници, нели? Да, има нови одредби кои ќе стапат на сила од март НО додека не стапат е ловење во матно.
Можеме да ги толкувама вака или така и не можеме да потврдиме што е точно (иако го пишува на папир).
- Што ако биде доволно да одиш БГ да се крстиш во некоја црква и оп еве имаш релевантен документ?
- Што ако биде доволно тука во извод за Уверение за државјанство да се изјасниш ко Бугарин и тоа да е доволно?
- Што ако некој човек таму ти заврши во матично и да ти направи „креира“ предок кој бил роден во бугарија тогаш и тогаш и ти е прадедо и ОП имаш златна линија директива од БГ?
Ловење во матно, стрпи се некој месец. Знам нема да ти се свиѓа одговорот но да видиме како ќе профункционира - ИЛИ аплицирај сега со изводи поврзани до твој предок, закажи интервју ПА ако има нешто различно и ново од процедурата која ја пишува на папир ќе се решава во ОД т.е. преку некоја нова „дополнителна“ или таква некоја слична процедура (статус), секако доколку ги има, ризик е.
Dobiv info deka ovaa nedela nema da izrabotuvaat egn, dali e ova verodostojna informacija?
Од каде доби такво инфо? Каде нема да изработуваат ЕГН, во Софија?
Ако се договараш или веќе беше со посредник може да те шета по тавани (ако нема група за одење Софија па додека наполни кола)... сосема можно сценарио.
Засега јас немам такво инфо, што не значи дека не е точно, но секоја информација (позитивна или негативна) примај ја со резерва.
НА ТЕМАТА ПОНАЗАД имаш искуство од членот
@ApolonAS кој ја потврдува твојата теза (непроверена информација).
Ajde nekoja info ako mozi Veke nekoe vreme mu imam pusteno dok.na posrednikov da mi zakazi intervju za decava vo bt.uste nisto nemalo Cekal nekoe brojce ili nz so Nekoj da ima zakazano za na intervju Otprilika kolku cekal Закажи си сама, ама на интервју мораш да ги носиш сите документи. Е сега...
forum.kajgana.com
Други искуства нема колку што знам или пак само ова сум го запомнал читајќи тука...
moze li info od koga ke se slikas za pasos za kolku vreme se zima ?
ТРИ дена, имаш на последните 20 страници неколку такви искуства, читај наназад.
И оди подигни оваа недела пошто од идната можи ЧАО-ПАПА на ваквото подигање (не се знае).
п.с.
ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ВРАТЕНИ ОД ДОПОЛНИТЕЛНА т.е. ДОБИЛЕ ОТКАЗ (ако воопшто ги има во последно време) и на кои не им беше мака да исчитаат дотука:
Последна шанса е да барате состанок / прием кај еден од заменик министрите во МП (зам.-минист'р
Иван Демерджиев.) прием има во среда 14-16h и да однесите документи, да молите да колите... да кажете што и да треба да кажете во обид да не ја започнувате постапката повторно ОД ПОЧЕТОК.
Дека не сте очекувале толку брзо да Ви ги објават промените (ќе ја пофалите БГ администрацијата) во статусот и не сте провериле во тоа време (признавате грешка) па барате да ги доставите документите па да Ви се разгледаат заради „ненамерна грешка“.
Ако тоа се случило во Ковид пандемија и сте биле заразени или некој од семејството бил заразен, искористете го како адут за да добиете БИЛО каков позитивен исход.
Република Б'лгарија, Министерство на правос'дието
mjs.bg
Објавата за прием т.е. воспостановената пракса е од крајот на месец мај, така да не познавам лично некој што бил или што побарал прием НО не значи дека не треба да се обидете.
Јас лично, иако досега колку знам немало полза, секогаш сум инсистирал на темава да се поднесе приговор (молба) за оние кои имаат отказ (во било кој дел од процедурата). Така да, нека биде последна надеж за Вас.
На линкот (на крај од текстот) има формулар во кој треба да пополните зошто барате прием, на читко бугарски јазик (нормално) и Ви препорачувам тоа да го сторите.
НЕ е целта да одите на СИЛА и да претите дека сте обесправени, па тужби, адвокати... туку да најдете middle ground, нешто што досега го немало АМА не значи дека не треба да се обидете.
За проба пари не земаат.
п.п.с.
Минатата недела објавија само 1 указ (неочекувано), всушност ги чистеа тие заборавените некаде од почеток на ноември до средина на тој месец и индикативно е што го објавија само тој ЕДЕН указ. Указот е 117
ФАЛАТ укази до тој број (за странци и за нас), дали истите ќе ги објават неделава е ЗНАК прашање. Во тие укази може да се исчисти цела 2018 год. (еден куп што беа на дополнителна + редовните).
АКО ги објават закажувајте термин и следниот ден ТРК СОФИЈА пошто на крај на мај објавија дека МЕСЕЦ И ПОЛ ќе трае ова давање укази пред МП, а месец и пол прави до кај 15 јули отприлика.
Да не биди после, фала многу, пријатно.
До денес,
немаат извадено тромесечен извештај во кој кажуваат КОЛКУ укази се потпишани со што ќе знаеме колку се потпишани отприлика за ова тромесечие (пошто мака ни е да собираме/одземаме од минатите објави) и ќе ја знаеме отприлика реалната сегашна состојба НО ќе даде една слика колку од тие 6000 укази кои ги предвидоа да ги издадат во овај месец и пол всушност се потпишани во последните укази (заклучно и необјавените, пошто знаеме се касни од потпис до објава - засега сепак минимално).
На терен, секојдневно издавале по 150 укази НО имало и денови кога издавале и 280... така да, do the math. Месец и пол сосема доволни да испукаат 6000 укази.