Zaso ne mi se patuva so moja kola da se matkam a i ne znam tocni lokacii na institucii kako sk parking a nemam mn slobodno vreme zstoa so posrednik
Sent from my SM-G975F using Tapatalk
се ти е пешки и околу!
посредник само ќе те стрижи како овца!
пред МП секад има групи со посредници, застани у ред биди комуникативен и следи ги ко слеп за стап! имаш организиран превоз (фб група/search) со коли или договорете се тука со уште 2-3ца и одите со една кола! прашувај тамо се зошто кој пита не скита!
шемата е следна:
1) од ск се спремаш со: тест за корона, нов извод од матична книга на родени или ако си у брак на венчани, нови слики 2 пасошки формат, напрај си 2-3копии од пасош, испринтај маилот со потврден датум и час на резервација за подигање на указ, стигни/те софија! Имаш банка на секој чекор, смени си евра во левови, уплати си 50лева такса у банката за подигање на указ!
имаш банка на ќошот од МП.
2) После банка ако имаш некој со тебе (посредникот нема да чека ред за тебе, само ќе иде за тебе у банка и превод да носи) пушти го да чека ред а и немора! на кошот од улицата од лева страна ти доаѓа МП одиш 150метра и на плав натпис ти пишуе: легализација превод, влегуваш внатре си го даваш изводот да ти го преведат и се враќаш на опашката да си го чекаш земањето на Указот! (дебелка една ќе видиш на биро)
Завршуваш со тоа идеш го земаш преводот (15евр/30лева) и се упатуваш кога МП ти е од десна страна нагоре по улицата поминуеш паркот и на улицата до крај каде што на лево ти е Starbucks. на 300метри од тас улица во лево ти е општината! (знакот у слика) Пред тоа замоли ги тамо кај што ќе праиш превод само копија да ти напраат и глеј тамо напрај си 2копии од указ!
Идеш и бараш знак ЛЕГЕ улица и одиш на Леге 6! влагаш по скали во општината горе и ќе завршиш работа (може ќе треба да преспиеш, па да се сликаш... тука е битен посредникот за да не чекаш ден ама замоли го тој што ги води тие што ќе чекаат со тебе да ти заврши раб- тамо можеш да најдеш посредници пред МП како на лицитација можеш да си ги бираш!)
3) у близина на МП и општината ти е МВР идеш се сликаш и ако се сликаш денес, утредента по 11часот ти е готов пасосош и л.к)
2021год е имаш интернет изгуглај адреси и нека не ти биде пречка тоа што немаш посредник! добар посредник од уста на уста се дознава, а оној што се рекламира тури му пепел...
да не ја тупам темава, прашај ме у порака за се што не ти е јасно!
терај сам ... не ти треба никој