Генерал а јааас? Мала шала сите сакаме указ да добиеме не само Патрик И Ивану и јас деновиве прашував кога или дали има некој указ за да ја пренасочам конверзацијата во друга насока на пример од препукувањата едни кон други. Сите сме со иста цел-европско државјанство и излез од државата за подобра иднина. Како се ближи денов месецот или часот за указ така сме сите понервозни и понервозни. Дополнително е тоа што е лето а што ние сме на работа итн итн. да не обесувам, и чекаме указ. Најмногу Ве поздравувам сите кои сме во иста каша ЧЕКАМЕ УКАЗ а најмногу Благодарам на сите кои споделувате искуства форумов е навистина од Гоооолема помош.
Ако ви е утеха НА СИТЕ кои чекате укази односно од списокот на Бибо, годината ќе ја исчистат за многу брзо, ќе ви бидат потпишани укази. Како што гледате работаат во бранови.
Што тоа значи?
Самите 1. донесоа процедура за издавање на Укази во Софија на лице место во МП и
2 .Најавија 6000 државјанства кои ќе ги сработат во динамика од месец и пол...
Отприлика имаат издадено над 2000 и динамиката им е таа, на две недели ги пукаат *објавуваат за да не им се ствара гужва пред МП поголема од таа што е сега. Во останато време, како што гледате, има промена на статусите од оние кои заглавиле низ годините БЕЗ дополнително доставување на документи (таа фамозна 2018 и неупатеноста на „посредниците“), со тоа исто гледате дека во неделата кога нема уакзи ги објавуваат тие што се за дополнителна и на истите тие објави има ДАТУМ кога ги објавиле во систем (значи работаат и ништо не е ниту закочено, ниту на пауза - засега).
Со тоа, нема потерба од паники, се' е во потполен ред (за чудо) и функционира. Ве молам само без офтопик прашања да се поставуваат, без навивање за укази и слично туку само следење СЛУЧАЈНО да не има промена во начинот на подигање (оние кои одат Софија редовно постираат, немојте да ги губиме таквите драгоцени постови во еден куп потоа реплики) и следно што треба да се прати како и колку брзо ќе се откочи финална (по мои претпоставки кои ги изнесов пред 10 дена скоро + инфо за кое не можам да прејудицирам, ќе ја откочат до крај на месец јуни).
Така да, смирено, следни објави нека има ако некој има мака со документи, а ние неколку луѓе кои и онака ви помагаме (со инфо или насоки) зедовме одмор од недела дена додека да се постави МОД (пошто темата замина у курац) и откако модераторот самиот тука ќе се јави со објава ќе продолжиме во насока која ТОЈ ќе ја постави на темата, а се' со цел ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ (дотогаш, како што гледате НЕ сме активни туку само читаме - а имаше и грешни насоки, особено за тоа кога да се оди Софија и затоа внимателно од кого земате „совети“).
Исто, кога ќе добиеме инфо за укази на странци (што е показател дека потоа следат нашите) ќе биде објавено.
Смирете се, блиску сте до пасош сите, спремете документација, спремете кеш и малку нерви и сите во Софија ќе завршите работа.
Досега никој не е вратен кој таму се понашал цивилизирано и културно.