Ве молам за помош, на која страна беше опишано како оди процедурата за подигање на указ и пасош преку Софија. Посредникот немало да дојде со мене во среда, ќе мора сам, инаку имам веќе ЕГН затоа што имав ЛК за постојан престој во БГ, а имам и адреса во Благоевград. Или некој кој веќе ја терал постапката да ме упати.
Се надевам дека тестот ќе ми биде негативен.
На страната каде што пишува дека е одобрено државјанството,има едно сиво поле Записване,и таму има термини да закажеш,да прикачиш фотографија од пасош не поголема од 2 МБ и да внесеш мејл,па ќе добиеш повратен одговор на мејл.Потоа мејлот го принташ и со тоа ливче одиш во правосудие да си го подигнеш указот.
Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + 10 лева манипулативни трошоци, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерството за Правосудие ќе влезеш дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.
Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.За во МВР оригинал,за во општина копија.
Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш.....
Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.Може и со картица само треба да е на твое име.
Ова се трошоците -
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса -
-52 лева -За подигнување на указ
-40 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева
Ова се трошоците за пасош и лична карта
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-90 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Вкупно 126 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)
Значи се комплет ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра.
Плус тука ти се и трошоците за пат.
Автоматски споено мислење:
Ова е искуството од моето подигнување....
На 11 ти Август бев да си го подигнам државјанството и да се сликам за пасош и лк.
На 9 ти имав закажано ПЦР тест во Систина,на 10 ти го земав тестот на англиски и Македонски со печат,фискални и картонче со баркодови.На граница беше се ок ,и брзо поминавме.Докторката ни задржа еден примерок било кој,ако сакате МК ако сакате англискиот.Термин за подигнување имав во 9 и 55.На вратата има лица од обезбедување кои ја бараат резервацијата и пасошот,и ве проверуваат на скенер ,за оружје.
Треба да носите со вас доказ за уплата на такса за државјанство во износ од 51 лев,можете во било која банка,мене посредникот ми уплати во easy pay ,тие си соработуваат,и треба да носите една слика не две,на која отпозади ќе си го напишете името и презимето.Плус носете си едно ливче со напишана адреса на Бугарски ,зошто на шалтер ќе ви даде службеничката со ливче за пополнување,на кое треба да напишете ваше име и презиме,дата на подигнување,адреса на која ќе се пријавите и потпис.
Откако влегов на шалтер бр.4 службеничката не беше таму,и ја чекав 15 мин.Кога се симна носеше повеќе досиеа меѓу кои беше и моето.
Ми ја зема сликата ,ја прикачи електронски на едно официјално известие до сите државни институции во кое пишува дека Пале Крстиќ го подигнала државјанството на 11.08.2020.Потоа тоа известие излегува во систем во општина и во систем на МВР.
Потоа ми го отпечати државјанството и го предадов на посредникот. Тој направи копија и плус направи копија од пасош со плус копија од страната каде што е направен влез во БГ.Изводот мој преведен и заверен и венчаницата му требаа за во општина копии,а за во МВР оригинал само изводот.
Потоа тој се упати сам во општина за да среди за адреса и ЕГН да ги земам во истиот ден.Така и беше ,најчесто се завршува и порано работа,но кај мене беше баксуз што системот каснел и матичниот број ми излезе во 15 часот.Од општина даваат уверение за адреса и матичен број,а колку платил таму искрено незнам.Такса е 30 лева,но пак ќе речам тие си соработуваат и затоа и го ангажирав посредникот.
Потоа со копија од државјанството, извод преведен во оригинал и заверен(само за увид го бараат после го враќаат),копијата од пасош и уверението за адреса и ЕГН се упативме во МВР.
Како што реков ,треба известието да стигне и во системот на мвр за да може да ви се испринта вашето барање за пасош и лк ,и на барањето отпозади стои вашата слика што сте ја дале во Министерството за правда.Значи се е поврзано.Јас немав среќа па немаше систем во МВР и мораше да преспијам за да се сликам утредента.
Така и направив.Иако чекав 3 саати во ред поради големите гужви,се се заврши во најдобар ред.Јас одбрав брза постапка за 3 дена пасош и лк.За тоа платив 116 лева,може и со картица на ваше име.
Тоа е накратко моето искуство за подигнување на пасош.
Посредникот за таа услуга комплет зема од 220 до 250 евра.
Zdravo na site, ja pratam temava nekoe vreme pa se zacleniv da pobaram sovet. So tatko mi vo isto vreme apliciravme za drzavjanstva, toj preku dedo mu a jas preku nego. Pocnavme procedura Avgust 2018 preku posrednik od Sofija, na intervju bevme April 2019 vo Sofija. Ni gi pobaraa odnovo site dokumenti godinava vo Mart, gi dostavivme na vreme, ama od togas nisto ne e mrdnato, uste sme na prviot cekor i jas i toj...
Brojcinjata ni se 125xx/2018.
Bi bil blagodaren da dadete nekoj sovet uste kolku vreme kje se ceka do sleden cekor, do kade se sega?
Pozdrav!
@ZokiPeki со моменталната ситуација се чека промена и до 20 месеци од интервју за да преминете од задолжителна во финална, така да, би требало да имате промена за брзо.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.