И некое инфо додека сум овде:
За новите апликанти што планираат да започнат процедура, вчера телефонски закажував термини за мои блиски у БГ Конзулат Битола и БГ Амбасада Скопје. Термини ми дадоа, во Битола на 16.02.2023 (точно по 1 година), а во Скопје ноември 2023. Што е многу, многу е. Најверојатно заради оваа короната, термините им се разредени на поголемо временско растојание, па се чека по година и кусур да идеш на интервју. Како што фатија да “забрзуваат“ у процедурата, можеби и таму ќе направат да може порано да се иде на интервју.
Телефон за закажување термин за интервју: 058 058 555 (50 ден+ДДВ за 1 минута).
На истиот 2 пати се јавив ми лапнаа за вкупно 7 мин 420 ден.
Јеби га...а слушнам женски глас на телефон, се нешто плус ми текнува да прашам

.
Сакам да кажам, бидете спремни и брзи кога закажувате термини по телефон, оти се наплаќа.
Закажувањето е на македонски или албански (бираш на почеток со број како сакаш), нема потреба да кршите јазик на бугарски, англиски, шведски...
За вас лично или тој што закажувате телефонски ви е потребно:
- име презиме
- дата на раѓање
- матичен број
- адреса на живеење (таа што е моментално запишана на македонскиот пасош, не на личната карта)
Имајте се пред себе, тие ве прашуваат, вие одговарате и на крај ќе ви кажат на која дата ви е закажан терминот.
Софија онлајн закажување кога и да пробав, не дава никаква слободна дата, за к**ац им е направено тоа или овие тамо што го работат тоа, у договор со т.н. посредници, за тешка пара би можело да се најде термин за интервју у поскоро време у Софија. Ј**и га.
У врска со пораките што ми пишувате овде на форумот, извинете, ама не сум сега толку активен, завршив моето за сега, па на кој можам ќе одговорам.
Глеам неколку од вас ми пишале за да прегледуваат преписки, ќе ви одговорам кога ќе можам, бидејќи додека да се постави и објасни се како оди со проверка на преписките, ќе треба малку повеќе време, нерви, компјутерско познавање и пред се желба да си помогне и да им помогне на другите овде. Ке ви пишам понедела.