Здраво дечки, имам две прашања, се надевам некој ќе одговори зашто премногу страни се за читање а немам кој друг да прашам.
Фала ви однапред.
Прва работа, закажав термин за земање државјанство, прво ми дојде мејл да го потврдам терминот, го потврдив, ама после тоа ништо не ми стигна. Посредникот ми кажа мора да испринташ кога ти е терминот или ќе те вратат, ама освен принт скрин немам што да испринтам. Ми рече да им пишал мејл на министерство. Имал ли некој ваква ситуација? Мене одма ме фаќа паника. Кога го внесувам бројчето, ако сакам да закажам нов термин, ми излегува овој веќе закажаниот и пишува мора да помине за да закажам нов...
Втора работа - пред да закажам термин, се слушнав со посредникот и ми кажа ќе завршиме работа
за два дена, со доплата. Ок, ми одговара, сакав брза постапка зашто студирам во странство и сакам во едно одење да завршам работа. Закажав термин, купив карти за толку дена колку што ми рече, пак се слушнавме, сега ми вика 300 евра, првиот ден ќе оставиме слики, административни работи бла бла, вториот ден ќе земеме матичен, па јас ќе го донесам на твоите пасошот после 10тина дена. ???? мене не ми е јасно, дали не може да се земе со брза постапка?
Ви има ли смисла ова што ми го кажува, и дали ценава е соразмерна со тоа што ќе завршиме за тие два дена, зашто мене многу ми се гледа за без брза постапка, а досега му е платено и повеќе од доста. А париве ги плаќам од стипендија. Дали ме мавта или може па јас нешто не разбирам, не знам?