Конечно вчера сабајлето и се смени статусот на ќерка ми во издаден указ 9. Благодарност до Пале што ми кажа дека има нов указ. Попладнето сакав да закажам термин за подигање, но го смениле статусот во испратено во амбасадата во Скопје. Страшно се изнервирав зашто ке се малтретирам уште месеци додека стигне. Денес во 13:00 ми се јавуваат од амбасада во Скопје да ми кажат дека стигнало државјанството и да го подигнеме. Мислам ова укажува дека указите се потпишани од пред некое време и споро ги објавуваат.