Процедурата за адаптација и легализација во Македонија е следната (во Бугарија е друга процедура):
1. Се вадат сите потребни изводи за докажување на сродството со соодветниот бугарски документ кој докажува бугарски предок, ја препорачувам да се однесат изводи не постари од 6 месеца.
2. Се адаптираат (преведуваат) документите од овластен адаптатор (листа пред бугарска амбасада) од официјалниот јазик на РМ на Бугарски јазик /300 денари од извод
3. Се заверуваат документите во бугарска амбасада /15 евра од извод, ги даваат за еден ден
Изводите мораат да бидат адаптирани и легализирани за во Министертсвото за правосудие, додека оние што се носат во ДАБЧ порано ги примаа и не преведувани за сега треба да се праша.
Во случај некој да неможе да приложи бугарски документ, ја препорачувам да се приложи извод од дедо/прадедо (или баба) роден пред 1913 година, не е сигурно ама е подобро од ништо зошто една од причините за дополнителна проверка беше и дека голем број на кандидати, по одобрувањето на државјанството не го подигнуваа.. Така да со ова исто се гледа и кој озбилно сака државјанство, а кој си игра к**от...