Ве следам постојано и покрај тоа што не реплицирам, со некои од вас веќе стапив во некаква конверзација, но еве прашање за сите... Лесно е
Ги припремам документите за произход, веќе при крај ми се, имам оргинал воена книшка од дедо ми со кој ќе се поврзам преку изводи. Прв братучед веќе има извадено државјанство и пасош врз основа на овој документ, па сакам да земам и негови документи како дополнителни.
Прашањето ми е, дали ми треба само фотокопија од неговиот пасош, или и оригиналниот пасош, и извод од него и чичко ми за да се поврзам (исто презиме имаме). Дали е неопходно поврзување со нив...
Друг проблем ми е што дедо ми во воената книшка е заведен со друго презиме (од пра пра дедоми името како порано што ги давале презимињата), а на изводот од починати е со презиме од македонија кое и јас го имам. Како можам да докажам дека е истиот човек? На братучед ми не му направиле проблем бидејќи се поклопуваат датум на раѓање, име на родители и слично..
Фала ви на помошта. Ви посакувам успех на сите