Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Зедов и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платам за Указ, 50 лева + нешто ситно, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во МП си влегов дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.
Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направам копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еде ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш.....
Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.
Ова се трошоците -
-50 лева -За подигнување на указ
-30 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Значи вкупно ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра(ако одиш преку посредник можеш да го овластиш и тој да ти го донесе после 3 дена без ти да одиш повторно),а ако сакаш во истиот ден 200 евра
Е сега тука треба плус да си го пресметаш патот.