Прочитав доста коментари на интернет и се здобив со најразлични информации или пак дезинформации и сакам да прашам 1)дали стапи закон со кој се менува начин на добивање на државјанство или тоа сеуште не е стапено во сила и се очекува да стапи во сила-мислам на тоа дека треба да докажеш дека дедо/татко и трала имале некое бугарско потекло? 2)ако сме имале дедо кој бил во војска и кои неможат да се најдат информации како да докажам дека бил во војска кога ? 3)и дали е вистина дека ќе се полага бугарски и бугарска историја или и тоа е некоја усмена информација/дезинформација фала однапред
Вака, во последните години нема никаква значајни измена на законот за бугарско државјанство.. освен деновиве што има информации за еден предлог закон за кој претседателот на Бугарија даде вето, но
кој нема никаква врска со здобивањето на бугарско државјанство по потекло (измените се за инвеститорите-странски бизнисмени да можат да земат полесно државјанство). За добивање на бугарско државјанство по производ одсекогаш било и ќе биде докажување на бугарски корен, кој оди преку Агенцијата за бугарите во странство.. Меѓутоа во моментов има некаков управен спор помеѓу министертсвото за правда на бугарија и државната агенцијата за бугарите во странство, т.е. институциите се во конфликт.
Полагањето на бугарскиот јазик за државјанство е во сила веке година и пол, но на македонци досега не им барале да полагаат бугарски јазик за здобивање со бугарско државјанство. Но полагање бугарски јазик за други случаи има во министертвото за образование на Бугарија.