Бугарскиот премиер Борисов поднесе оставка

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Бугарското собрание само што го изгласа повлегувањето на владата (со 209 гласа за, 5 против и еден воздржан).

Сега ќе им се обрати Плевнелилев, демек што понатаму. Требаше да им се обрати пред два саати, ама уцвика, па го преправија терминот додека не се завршела дебатата во собранието. Но таа заврши пред пола саат па сега типов се спрема што да им каже што да ги лаже на еден саат од сега.

Не знам како мислат да го менуваат системот кога се вјавнати од (меѓу другото и анти-македонската) олигархија која нема намера да се скине.

Кај гледаш злоба Никола2? Вистината не е злоба, филмот за богата Бугари и висок животен стандард на бугарчињата е разбиен целосно. Со години трујат на форумов како се богати, како добро живеат, како се европејска држава. Јас од првиот ден им викам дека се бедни. И ете бедни се и многу сиромашни. Земаат 400 евра плата 60 евра за струја даваат. Јадат од контејнери.
Остајте ги фми кој си седи во Англија или Атила во Германија, бугарчињата во еу се дно дна, не живеат добро. Ако ви смета вистината не читајте, прајте си филмови за успешна и богата бугарија. Такво нешто не постои.
Се сложувам, но не знам како се обидуваат да наметнат таква слика кога сите кај нас гледаат и знаат што се случува во сосетството?

Форсирање на таква слика и не само на форумов мислам дека се однесува на задржување на материјалните привилегии што бугарската олигархија ги доби од ЕУ. Истовремено, со пропагирање дека ЕУ е мед и млеко, ја држат Македонија во позиција на конкурен кој можат д аго условуваат во процесот на интеграција.
.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Борисов се залагал да се формира комисија која ќе ја разгледува информацијата од некоја блиска разузнувачка служба дека (наводно) му спремале атентат. Според информациите, Ахмед Доган ја издал наредбата за атентат.

Според бугарски извори, кога Борисов бил градоначелник на Софија во 2009, безбедувањето му го зајакнале затоа што тогаш откриле планиран обид за атентат.

Најверојатно Борисов бил испровоциран од Христо Бисеров -- член на турксата партија ДПС -- да ги каже овие работи во бугарското собрание, затоа што Бисеров тврдел дека Борисов добил барање да се појави на суд во Белград заради негово учество во организиран криминал, но избегнал да биде испитуван заедно со Сретен Јоциќ, во времето кога станал премиер.

Бисеров рекол дека Борисов веќе нема имунитет и може да биде повикан повторно на суд.

Водачот на ДПС, Љутви Местан, бил многу исфрустриран од зборовите на Борисов и само што дал изјава дека треба да се пази да не се сруши етничкиот мир во Бугарија.

Она што е битно во случајов е дека следниве неколку месеци пред изборите во Бугарија речиси сигурно ќе бидат исполнети со големи политички тензии при што може да се задре и во меѓу-етничките односи. Ова за Македонија е битно бидејќи без во кризни времиња Бугарските политичари посегнуваат по шовинизам спрема Македонија по потреба.

Да видиме сега Плевнелиев што има да каже.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Турска партија нема во Bугарија нема нема и да има (независно колку луге од ДПС се етнички Турци). Етнички партии во бугарија нема бидејќи сите имаат исти права.
Етнички проблеми нема да има, ако има ќе се провокации.
Останатото е точно!
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Лудогорец, немој да лажеш. ДПС е етничка партиа. И дека има неколкумина платени бугарски еничари не га прави вистинска.
Тресеш зелени на кои и ти не веруваш.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Изгледа одат по народната "се е исто само него го нема".

http://btvnews.bg/bulgaria/plevneliev-pravitelstvoto-si-tragva-problemite-ostavat.html


Според новинарот Светла Петрова од bTV, Борисов е најјаката инвестиција на Државната безбедност, но истовремено и нивната најголема грешка.

http://www.glasove.com/svetla-petrova-borisov-e-nayurodliviya-proekt-na-durzhavna-sigurnost--25585#.USXrswOdlu9.facebook


„Борисов просто го предаде управувањето со државата на БСП [Бугарската социјалистичка партија] и МРФ [Турското движење за правата и слободите]“, рече Костов, претседател на десничарската партија Демократите за силна Бугарија.

„Се однесувате како возач кој демонстративно го фрла клучот и го напушта удрениот автомобил. Владеењето на ГЕРБ не беше десничарско владеење: тоа беше измама. Обидот на Борисов да ја префрли одговорност на МРФ нема да држи вода.“

Борисов поднесе оставка во средата (20-ти февруари), по 10 дена протести низ целата држава, кои се претворија во насилство.

Пратениците во еднодомниот парламент од 240 места на оваа балканска држава, во четвртокот гласаа 209 наспрема 5 за прифаќање на оставката на владата.

Пратеникот на МРФ Љутви Местан предложи политичарите да не губат време и да продолжат со формирањето привремена влада. Тој препорача предвремени избори на 28-ми април.

„Клучно е оставката да биде придружена со јасно уверување дека не само ГЕРБ, туку ниту една друга политичка сила нема да се обиде да формира влада во рамките на мандатот на 41-вото Национално собрание“, рече тој во парламентот.

Протестите овој месец се фокусираа на високите сметки за електрична енергија и поплаките против претпријатијата за електродистрибуција. Пазарот е поделен меѓу три претпријатија – ЧЕЗ на Чешката република на запад, Енерго-Про на североисток и австриски ЕВН, кој работи во југоисточна Бугарија.

На крајот, митинзите се претворија во антивладини протести, при што демонстрантите ги обвинија сите партии што владееја со земјата во изминатите 23 години за континуираната сиромаштија.

Борисов во вторникот најави серија мерки, вклучително и можно намалување на цените за електрична енергија од 8 отсто, почнувајќи од следниот месец. Тој, исто така, рече дека земјата ќе преземе чекори за повлекување на лиценцата на ЧЕЗ, наведувајќи ги како причина наводните прекршувања на дозволата на претпријатието за работа во Бугарија.

Но, откако протестите во Софија се претворија во насилство во вторникот вечер, при што 25 лица беа уапсени, а најмалку 14 беа повредени во судирите со полицијата, Борисов наместо тоа, ја поднесе својата оставка во средата – помалку од пет месеци пред редовните парламентарни избори кои требаше да се одржат во јули.

Некои експерти велат дека оставката на владата ќе има минимално влијание врз економијата на Бугарија, бидејќи инвеститорите веќе беа несигурни за изборите во јули.

„Нормално, секоја политичка нестабилност создава чувство на зголемен ризик за водење бизнис, а особено за долгорочните инвестициски планови“, рече за SETimes Лачезар Богданов, аналитичар во софиското консултантско претпријатие Индустри воч.

„Но, од една страна, не смееме да заборавиме дека имаше ескалација на тензиите во последниве недели. Од друга страна, видовме дека се предлагаат различни политички идеи, кои и онака изгледаа застрашувачки, особено ако беа прифатени – економскиот популизам веќе почна да се шири.“


Следниот чекор ќе го диктира претседателот Росен Плевнелиев, кој може да ѝ понуди на друга партија претставена во парламентот, да ја преземе контролата на владата до изборите во јули. Ако тоа биде неуспешно, тој ќе организира привремена влада задолжена за планирање специјални избори.

Според Антони Галабов, професор по политичка социологија и култура на катедрата за политички науки во Новиот бугарски универзитет во Софија, оставката на владата „не беше добар потег [за земјата]“.
„Најверојатно се движиме во правец на формирање привремена влада назначена од претседателот, која треба да ги организира следните избори“, рече тој за SETimes, стравувајќи дека работите во државата ќе „влезат во ќор-сокак“.

„Во едни такви околности, државната администрација обично претпочита да не презема дејства, што е токму спротивно на она што ни треба во моментов, а тоа е максимално интензивирање на реформскиот процес“, рече Галабов.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/02/21/feature-01
.
 
Член од
20 февруари 2013
Мислења
21
Поени од реакции
11
Лудогорец, немој да лажеш. ДПС е етничка партиа. И дека има неколкумина платени бугарски еничари не га прави вистинска.
Тресеш зелени на кои и ти не веруваш.
Во право си, но сепак по устав е уште бугарска.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.068
Поени од реакции
8.817
И за тебе, што кажал/напишал един дедо е вистина за целио народ ли??? Па да ти постирам слика на Бугати Веjерон со бугарски таблички, ова ке значи ли, че сите во Бугариjа возат Бугати Веjерон?
Гледаш само как да навредиш Бугарите, да наплjукаш и изпровоцираш хората.Прегледај го приврзокот 58685
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 10:51 ---
Ова е протест и е нормално да има вакви постери со провоцирашти надписи. Во секоjа држава кога има протест се покажува наj лошото за да се собудат политичарите избрани от народо.
Дали сопствениците на ваквите луксузни коли во Бугарија си ги плаќаат даноците?
Ако можат да купат Вејрон и други луксузни коли и да плаќаат данок колку што треба, по логика би требало Бугарија да е балканскиот економски џин!
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Лудогорец, немој да лажеш. ДПС е етничка партиа. И дека има неколкумина платени бугарски еничари не га прави вистинска.
Тресеш зелени на кои и ти не веруваш.
официјално е бугарска и во статутот и колку што знам нема никаде спомнато Турција и Турци а пишува дека се борат за бугарски интереси, какви се вс'шност сите знае но знаеме исто тоа дека во моментов во кој се прогласат за етничка партија е свршено со нив
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Политиката под дифолт е корумпирана професија.
Изворот на планетарната корупција е империјата.
Таму па корупцијата се плаќа со милиони животи, Да, милиони животи на народите кои случајно поседуваат одредено природно богатство.
Огромните пари лесно ги купуваат сите наши претставници, другата опција за нив е смрт.

Убава е пораката на Болгарите, дека поентата на нивните протести не е Борисов.
Треба сите ние да пратиме таква порака, затоа што корумпираната светска влада сите нас сака да не турне во голем конфликт, затоа што се повеќе народ ја сфаќа суштината на проблемите на човештвото.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Дали сопствениците на ваквите луксузни коли во Бугарија си ги плаќаат даноците?
Ако можат да купат Вејрон и други луксузни коли и да плаќаат данок колку што треба, по логика би требало Бугарија да е балканскиот економски џин!
некои плаќаат други не, остави ги автомобилите ти да видиш куќите каде паркираат овие автомобили :icon_mrgr:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.068
Поени од реакции
8.817
некои плаќаат други не, остави ги автомобилите ти да видиш куќите каде паркираат овие автомобили :icon_mrgr:
Не плаќаат? Ете каде оддат народните пари :) најинтересно ми е како може да се гордеете со тоа Бугати?
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Не плаќаат? Ете каде оддат народните пари :) најинтересно ми е како може да се гордеете со тоа Бугати?
воопшто не се гордееме токму поради таквите луѓе се протестите во бугарија, бидејќи крадат државата повеќе од 20 години ако во Скопје поминува патот за солунското пристаниште ние држиме сообраќајот помеѓу Европа и Блискиот исток и по море и по копно, за парите од продадена во странство струја и приходи од туризмот не зборувам. Да кога се подобрат овие работи ќе имаме најмногу висок стандард на Балканот!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom