- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
Бугарската партија „Атака“ ја пријави Србија во ЕК заради инцидентот со Бугарите во Босилеград
Софија (МИА) - Бугарската националистичка партија „Атака“ упати протестно писмо до Европската комисија, заради тоа што српските власти не им дозволија на нејзините приврзеници да присуствуваат во Босилеград на протестниот собир по повод 91-годишнината од потпишувањето на Нејскиот договор.
Лидерот на оваа парламентарна партија Волен Сидеров,исто така, побара од министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Младенов да упати протестно писмо до српската влада заради инцидентот на српско-бугарската граница на 27 ноември, кога повеќе од 500 бугарски државјани не добија дозвола да влезат во Србија.
Во групата бугарски државјани, освен симпатизерите на „Атака“ и нејзиниот лидер Сидеров, имаше и новинари.
Во центарот на Босилеград, на крајниот југоисток на Србија, во саботата беше оддржан протест на припадниците на бугарското национално малцинство, кои, како што тврдат, се незадоволни од својот статус во Србија.
Повод за оддржување на собирот беше годишнината од Нејскиот мировен договор, потпишан на 27 ноември 1919 година, во Неј, крај Париз, кога кон Кралството на Србите, Хрватите и Словенците се припоија териториите Цариброд, Босилеград,Струмица и деловите од десната страна на реката Тимок. сд/17:14
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=10&vId=79068018&lId=1&title=%D0%91%D0%90%D0%9B%D0%9A%D0%90%D0%9D