Си го донесле Ѓупците кога се доселувале на овие предели
Пак ти велам дека не разбираш од лингвистика.Според мене, овие ирански зборови се донесени на Балканот од прабугари и авари.Како аргумент во полза на тоа мое тврдење истакнувам иранските имиња на владетелите од Првото бугарско царство.
Друг таков ирански збор при балканските Словени е зборот хубав, убав. Во персиски خوب ḵẖūb - Good; beautiful, elegant, pleasant, graceful, lovely / خوب (khoob) Adjective 1. Good.
http://dsalsrv02.uchicago.edu/cgi-bin/philologic/getobject.pl?c.2:1:4826.steingass
http://dsalsrv02.uchicago.edu/cgi-bin/philologic/getobject.pl?c.1:1:6262.hayyim
Во пехлеви *hu - good, well; hu-boy (sweet-smelling) стр. 44
http://www.rabbinics.org/pahlavi/MacKenzie-PahlDict.pdf
Овој ирански корен *khub / *hub е во основата на прабугарското име Кубрат (Хубрат). Како втор дел од тоа име е осетинското рату - извршувам, правам ...
http://slovar.iriston.com/news.php?newsid=12951
Во пехлеви rad - chief, master стр. 70
http://www.rabbinics.org/pahlavi/MacKenzie-PahlDict.pdf
Прабугарското име Кубрат значи ''творец на добри дела''.
Кај нас го има само Круме (и тоа ретко).
Еден млад бугарски научник гл. ас. д-р Петар Голиjски истражувајќи османлиските архиви од бугарските и македонските земи наоѓа имиња, кои имаат точни скито - сарматски аналози.
Бостин (Бостин јорги, град Серес, 1473–1520 г.) слично на скито - сарматското име од Крим - Бостак (Βόστακος) на натпис од 1 в.н.е..
Васар (Стоју Васар, село Малоштица, днес Малошиjца, Гоцеделчевско, 1473–1520 г.) слично на име напишано на плоча од Керч - Басар (Βάσσαρος) 3 - 4 в.н.е..
Дамар (Солунско 16 век) слично на скито - сарматското име од Керч (Крим 3 в. п.н.е.) Дамар (Δαμάρης).
Согач (Битолско 16 век) слично на скито - сарматското име од Танаис Сог (Σόγος).
Таро (Песошница, Лерин 15 век), еден од хунските команданти носи името Таррах нарекуван ''најжестокиот од хуните'', во 9 век бугарскиот комит во македонските земи се нарекува Таридин. Името доаѓа од иранскиот корен *tar - darkness. стр. 82
http://www.rabbinics.org/pahlavi/MacKenzie-PahlDict.pdf
Бугарскиот научник открива и други слични имиња во османските архиви :
Овие се деривати на прабугарското име Аспарух
1. Дино, син на Аспaруко (Гоце Делчев, XV век).
2. Омер, син на Аспарух (Село Братин дол, Битолско, 1634 г.).
3. Аспарух, син на поп (Село Брод, Битолско, 1635 г.).
4. Аспарух Јанко (Село Оптичари, Битолско, 1635 г.).
5. Никола Аспо (Село Бутково, југозападно од Валовишта, XV в.).
Овие на прабугарското име Омуртаг (Муртаг)
Димитри Муртак (Махал Калчар, Прилеп, 1467-1468 година).
Мурта, син на Михо (Село Шигрито, денес Сингерти, јужно од Гоце Делчев, XV век).
вдовица Ангелина, жена на Мурта (Град Серес, XV в.).
Скито-сарматски траги во к'сносредновековната бугарска антропонимиja.
http://nauka.bg/a/скито-сарматски-следи-в-к'сносредновековната-б'лгарска-антропонимија
Статијата е објавена во списанието ''Бугарска наука''