Бугарија меѓу законот и мафијата

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.995
Поени од реакции
1.218
Бугарија меѓу законот и мафијата

Три години откако Бугарија и Романија и се приклучија на Европската Унија, повеќемина во и надвор од овие земји сметаат дека тоа беше грешка.
Бугарија беше првата земја членка на Унијата која има стотици милиони во грантови кои се замрзнати поради сомневањата дека помошта би можела да биде вшмукана од мафијата.
Таа останува една од најсиромашните земји и една од најкорумпираните во Унијата.
Но, новата центродесна влада, која беше избрана минатото лето вети дека ќе се справи со корупцијата и организираниот криминал.
Палата на правдата
Помеѓу тешките мермерни столбови на софиската Палата на правдата се чини дека правдата си го изгубила патот. Овде им беше изречена пресуда само на неколку „босови" на организиран криминал.
За корупција не бил осуден ниту еден висок функционер. Минатиот месец еден радио презентер кој се пофали со врските во подземјето беше застрелан во центарот на градот.
Тоа беше последното од над 150-те убиства на мафијата од падот на комунизмот.

Фондовите и Унијата
Европската комисија вели дека само еден процент од европската регионална помош во Бугарија стигнала до онаму каде што е наменета.


Сега еден од неговите наводни убијци е внесуван во судот со лисици и следен од телевизиските камери. Ако биде осуден, тој ќе биде првиот.
Нанка Колева денеска е вдовица. Таа помина исклучително тежок пат до правдата.
„Мојот сопруг беше убиен на 28 декември 2002, вели таа. Ми рече дека ќе излезе да купи јајца и батерии. Потоа требаше да зборуваме за плановите за новогодишната забава. Тој никогаш не се врати. Беше убиен од луѓето од анти-терористичкото одделение на улицата пред нашиот дом. Горниот дел од телото му беше полно со дупки, неговиот врат, неговата глава. Тие продолжија да пукаат на него на далечина од осумдесет сантиметри како што тој лежеше на земјата“, вели Колева.
Стразбур
Николаи Колев беше висок обвинител, но неговото сурово убиство останаува нерешено.
Минатиот ноември Нанка Колева го доби случајот против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во остро формулираната пресуда судот заклучи дека истрагата за случајот не била ниту независна ниту ефикасна.
Причина за тоа, според Стразбур било тоа што слиучајот бил воден од главниот обвинител кого Колев јавно го обвини дека е ментално болен и виновен за сериозни криминални дела и човек кој јавно ја обвини Нанка дека била поврзана со убиството на нејзиниот сопруг.
Како и нејзиниот убиен сопруг и Нанка е обвинител. Па ако таа не може да стигне до правдата тогаш кој може?
„Сите треба да проценат за себе си. До сега бугарските државни институции ги заштитуваа криминалците- тие не работеа за народот. Бигарија е - или беше мафијашка држава, се надевам дека тоа е минато".

Премиерот Борисов вети справување со корупцијата и организираниот криминал
Новата влада повторно ја отвори истрагата за убиството на Николај Колев. Таа зазема потврда линија кон корупцијата и организираниот криминал.
Бугарскиот октопод
На едно полициско видео е прикажана операцијата „Октопод". Четиринаесет наводни членови на моќна криминална банда беа уапсени пред неколку денови.
Тие се осомничени за повеќегодишно рекетирање, трговија со дрога, перење пари и затајување данок.
Звучи бизарно, но тие имале и приватна зоолошка градина во својот заден двор. Во неа имало дури и тигри и еден леопард.
Министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов вели дека бугарските власти конечно го возвраќаат ударот.
„Октоподот растеше цели десет години и сега е влезен во сите важни структури во државата. Многу е тешко да се работи во ваква средина. Но јавноста очекува реални промени и сега има услови тоа да се случи“, вели Цветанов.
Важни врски
Алексеј Петров, уапсен во дел од операцијата Октопод, ја персонифицира магливата транзиција на оваа земја.
Со години Нанка Колева тврди дека и тој стои зад убиството на нејзиниот сопруг. Но тој никогаш не беше обвинет.
И тој има многу важни врски. Не само што е висок советник во Бугарската агенција за национална безбедност, туку тој исто така беше во бизнис со Бојко Борисов, сегашниот премиер на Бугарија.
Овие затегнати врски меѓу безбедносните служби, политиката и криминалот, ја алармираа Европската Унија за нејзиниот најмлад член.
Фондови
На една ширина покриена со снег во Софија работник напорно работи за да ги отстрани алгите од едно мочуриште кое миериса лошо.
Ова е дел од проектот финансиран од Европската унија за изградба на пречистителна станица во главниот град.


На канализациите како и остатокот од уништената инфраструктура на Бугарија, очајно им треба обнова.
Но, ваквите проекти се ретки или пак се оставени на среде поради сериозната загриженост дека европската помош во земјата буквално значи пуштање вода.
Европската комисија вели дека само еден процент од европската регионална помош во Бугарија стигнала до онаму каде што е наменета.
Дури и министерот за финансии Симеон Дјанков признава дека ова е шокантна статистика.
Иако тој штотуку успеа да го одблокира пристапот до европските фондови вредни девет милијарди долари тој додава дека дел од парите ќе бидат загубени поради тоа што нема доволно соодветрни проекти.
Борбата на неговата влада е сега да добие нешто повредно од парите.
„Бугарија го загуби својот углед и сега ни е потребно многу време за да ја вратиме таа репутација. За тоа е потребно време бидејќи можете да смените многу луѓе но не можете за шест месеци да смените 20 години историја на отсуство на реформи", вели Дјанков.

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/02/100217_bulgaria.shtml
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Залудно им се сите "напори" за уништување на криминалот и мафијата...Кога самата мафија е во власта и органите за безбедност :)
Во секоја држава има мафија, но во Бугарија мафијата ја има државата... ;)
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Бу­га­ри­ја со надворешен долг од 111% од БДП
На крајот на декември 2009 надворешниот долг на Бугарија изнесувал 37,6 ми­ли­јар­ди евра или 111,1 отсто од бруто-домашниот производ, и е поголем за 626,5 ми­ли­о­ни евра, споредено со крајот на 2008, соопшти Народната банка на Бугарија.
Нај­го­ле­мо намалување на долгот, за 701,5 милиони евра, односно 7,7 отсто има кај об­врс­ки­те на банките. На крајот на декември долгорочните обврски изнесувале 65,4 от­сто од вкупниот долг, а краткорочните 34,6 отсто од долгот.



Успешна ЕУ година :tapp:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугарија со надворешен долг од 111% од БДП
На крајот на декември 2009 надворешниот долг на Бугарија изнесувал 37,6 милијарди евра или 111,1 отсто од бруто-домашниот производ, и е поголем за 626,5 милиони евра, споредено со крајот на 2008, соопшти Народната банка на Бугарија.
Најголемо намалување на долгот, за 701,5 милиони евра, односно 7,7 отсто има кај обврските на банките. На крајот на декември долгорочните обврски изнесувале 65,4 отсто од вкупниот долг, а краткорочните 34,6 отсто од долгот.



Успешна ЕУ година :tapp:
Благодарам, годината ке е от успешна поуспешна. Преди неколко дни ММФ,СБ и ЕЦБ беха во БГ. Бг е давана за пример во ЕУ заради фискалната си политика :toe:
Нито едно евро земено заради кризата.
Около 3 мириарда евра државен долг (на владата). :toe:
Се друго е приватен долг :toe:
 

RTM

Член од
4 септември 2008
Мислења
844
Поени од реакции
214
Белгиjа е со надворешен долг од 265% од БДП.
И што? Пак бегате кон Белгиjа.

Холандиjа е со 250%.
Австриjа е со 174%.
Обединеното кралство е со 350%.
:helou:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Само доказ дека одите кон бездна.

Толку од розевата прикаска како мед и млеко течело во ЕУ.

Кај да е, сите ќе банкротирате.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Сега ми станува јасно зошто таму се живеело добро.

Не сум експерт, па да прашам...

Што ќе прават овие со ваквите долгови? Ќе чекаат подобри времиња?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Абе живеат на кредит ... и убаво им е.

После тоа банкротираат ... прават војна ... и така се сите бивши фашисти.

Па после војната ќе се умилкуваат пак .. па ние поштените ќе им помагаме .. ќе им ги ебеме жените ... и се така наново ... :toe:
 
S

smart ass

Гостин
Еве една мафија....


Белгиjа е со надворешен долг од 265% од БДП.
И што? Пак бегате кон Белгиjа.

Холандиjа е со 250%.
Австриjа е со 174%.
Обединеното кралство е со 350%.
:helou:
Избегаа 500 луѓе за еден месец.

За истиот период од Бугарија избегаа 20000 Проститутките не ги рачунам...над 30 илјади се како дисперзирани паралелки низ државиве во ЕУУУ:vozbud::pos2:

П.С види кој бега и зошто т.е ќе ги вратат бидејќи Азил врз економска база ЈОК. Оти тогаш ќе треба и цела романија и бугарија да ојде таму.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
20000 ? Само вечерта на 1 Јануари 2007 , кога влегоа во ЕУ , Романија и Бугарија, границите ги поминале 300.000 нивни граѓани!
Колку барања за азил досега има од Србија и Македонија, што толку се исплаши ЕУ ? :toe:
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
207
Поени од реакции
12
20000 ? Само вечерта на 1 Јануари 2007 , кога влегоа во ЕУ , Романија и Бугарија, границите ги поминале 300.000 нивни граѓани!
Колку барања за азил досега има од Србија и Македонија, што толку се исплаши ЕУ ? :toe:

Prosetaj se po iztocna makedonija i se zaprasaj oti nema ziva dusa tamo.:toe:


Ne im vervaj na oznakite.Mi licat poveke na shumadijska rasa ovie :wink:Tamo site ste izvestni svinari:smir:
 
S

smart ass

Гостин
Prosetaj se po iztocna makedonija i se zaprasaj oti nema ziva dusa tamo.:toe:




Ne im vervaj na oznakite.Mi licat poveke na shumadijska rasa ovie :wink:Tamo site ste izvestni svinari:smir:
Така ве учи каракачанов....како бе од свиња да учите...ццц башка го фати имотот на Македонското ВМРО и сега го резили со коцкарници дупедајци,...
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Prosetaj se po iztocna makedonija i se zaprasaj oti nema ziva dusa tamo.:toe:
Па од таму сум де , од Источна Македонија, многу добро ми е прошетана, па немој да ми кажуваш дали и колку живи души има! :wink:

Аjде де ... :toe:


Тука нема плашене... БГ и Ро са членки на ЕУ и имат право, а вие имате само безвизен режим. Разликата е голема...
Уште повеке бугарите и романците не са барали азил,а користат правото си на европеjски грагани ...
А бре човек јас не го спорам тоа, муабетот е целта на нивното патување (ЕКОНОМСКИ ПОСИГУРНИ), затоа заминаа бугарите и романците (кои имаат такви права во ЕУ) во бројки 1000% поголеми од албанците кои заминуваат од Србија и Македонија сега и се обидуваат од истите причини (еконмски подобар живот) да останат во некоја од западните земји.
Последиците за овие западно-европски земји се исти! И овие ќе работат и праќаат пари дома исто како и милионите бугари, романци, пољаци и тн... кои се наоѓаат во овие земји.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom