Брука во КАМ маркетите

Член од
15 јануари 2020
Мислења
669
Поени од реакции
2.218
Ај не се спуштам на твое ниво....и не кажувај соној за нешто што врска немаш...толку Големиот и за тебе ти што не сакаш да читаш за кам...твој прпблем
Темамата е за кам...ако е за лидл тинекс..за нмив ќе се збори.
Соберете си сите вие и пријателот од златко од кам штоивее во светот на медот и мелкото..ако него му е доро не му е добро на касиерите..
Значи не замарајте појќе...слободно игнорирајте ме..јас не ве спомвам ич па не мора и вие мене ако немате паметно нешто да кажите исвен Тролање и како кажа некој Труење
Кое мое ниво?
Човек на секого што е контра тебе му реплицираш дека бил бот и неупатен или не знам што.

Па човече ти ја ЗАПОСЕДНА темава и тоа трае повеќе од година дена во тоа сум убеден. Цело време читаме за твои лелекања и како што рече @Stefan-kobe самиот со себе си конфузен и контрадикторен од пост во пост. Дете сега полнолетно да те чита што планира да аплицира во КАМ ќе си рече дека тоа е најтешката работа што постои. Како што реков погоре постојат илјадници потешки работи од кам каде една грешка живот кошта. Ама не на мики касиерот му било претешко дека освен работа на каса го натерале вреќа шеќер и пакет масло од однесе од магацин до рафт.
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922

И тоа на палетар а не на рамо. Башка не гледаш дека повеќе нема ни храброст да ни одговори на коментарите туку си пишува на страна, се гледа дека никој повеќе не го сајкали:pos: :pos: :pos:
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.915
Поени од реакции
37.098
Како што реков погоре постојат илјадници потешки работи од кам каде една грешка живот кошта. Ама не на мики касиерот му било претешко дека освен работа на каса го натерале вреќа шеќер и пакет масло од однесе од магацин до рафт.
Плус и да го шлапне директно на рафт без да мора да го отвора и реди, притоа да не мора да пази на рокови зашто цел пакет е ист рокот и не мора да пази на кој начин е наредено, зашто не треба да ги реди производите.

На времето, пред повеќе од 10 години на кратко работев во Рамстор маркет, продавач. И јас сум редел роба, макар што беше кратко. Знам колку е тешко, ама прво - не толку колку овој вергла, и второ - сигурно потешко од КАМ, зашто треба да пазиш и на глупостите од погоре. Плус и пола роба таму им беше турска, па за да ја наредиш на рафт мора прво да и залепиш декларации на македонски. И сето тоа за малце над минималецот (претпоставувам дека и сега исто земаат), кој тогаш беше 9000 денари. Ама битно во КАМ за 35 000+ не вредело да се работи. Ај, нема проблем, директор ќе те ставиме тогаш.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.922
Мислам дека треба за прекинеме да се замараме со комплексите на ликот и да се зафатиме со работи кои нас како купувачи не засегаат. Една од тие работи е дека КАМ први ја кренаа цената на маслото за јадење. Во моментов таму литар нивни бренд масло е 92 денари додека во Зур литар Кристал е 85 денари. Само мајмуните играат на финтата ние сме најевтини и рајата нема да примети дека ги дупиме.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.930
Поени од реакции
42.648
Плус и да го шлапне директно на рафт без да мора да го отвора и реди, притоа да не мора да пази на рокови зашто цел пакет е ист рокот и не мора да пази на кој начин е наредено, зашто не треба да ги реди производите.

На времето, пред повеќе од 10 години на кратко работев во Рамстор маркет, продавач. И јас сум редел роба, макар што беше кратко. Знам колку е тешко, ама прво - не толку колку овој вергла, и второ - сигурно потешко од КАМ, зашто треба да пазиш и на глупостите од погоре. Плус и пола роба таму им беше турска, па за да ја наредиш на рафт мора прво да и залепиш декларации на македонски. И сето тоа за малце над минималецот (претпоставувам дека и сега исто земаат), кој тогаш беше 9000 денари. Ама битно во КАМ за 35 000+ не вредело да се работи. Ај, нема проблем, директор ќе те ставиме тогаш.
Па полесло е да редиш едно по едно да се ебаваш пола саат со 10 тегли, да лепиш декларации. Кај овие пуни пали е, пуниш полна колица и да растовариш за 15 минути. Интензитетот е најбитен, тој те сјебува. Ако отвараш од шупливо у празно цела смена лесно е. Али трчај маратон да те видам.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.854
Поени од реакции
10.677
Ја отворив темава заради тоа што во брзање прочитав "Бурка во КАМ маркетите", мислев некој сака да купи бурка од маркетот или ги тераат жените да влегуваат со бурка таму.

Мислам дека подобри муабети ќе имаше во таква тема од овие што се заебав да ги прочитам на последните неколку страни. :D
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.880
Поени од реакции
27.094
Ја отворив темава заради тоа што во брзање прочитав "Бурка во КАМ маркетите", мислев некој сака да купи бурка од маркетот или ги тераат жените да влегуваат со бурка таму.

Мислам дека подобри муабети ќе имаше во таква тема од овие што се заебав да ги прочитам на последните неколку страни. :D
Па да ти кажам искрено најблизу до вакво ново правило е Кипер со тоа халал робата што нема свинско и алкохол.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.637
Поени од реакции
786
Па да ти кажам искрено најблизу до вакво ново правило е Кипер со тоа халал робата што нема свинско и алкохол.
Добро Кипер маркетите си ја таргетирале таа целна група на клиенти кои внимаваат дали е по Халал стандард можеби голема среќа е што многу малку има Евреии во Македонија па и нивниот стандард да го спроведуваа
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.520
Поени од реакции
11.484
А ти од кај знаеш дека никој од овде не работел во маркет? Што си ти адвокат на Мики80?

Никој не му спори дека КАМ злоупотребуваат работници, а и било кој маркет, ама некои работи стварно не му се поклопуваат, кажува нешто и после 2 поста сам се демантира.

Имаме и ние тука искуство со работење во маркет, некој лично, некој преку свои блиски, и не може никој да не знае, а само Мики да е во право. Ете Злате има човек што е во дирекција во КАМ и кажува нешто друго од она што го кажува Мики и сеа на кого да веруваме?

Ене и Бристол пишал дека во КИТ ГО ако работиш на каса тогаш само тоа работиш што нема апсолутна врска и е неточна информација и ова можам со глава да ти го гарантирам зашо имам преблизок човек што е на позиција во таа фирма и кажува дека не е така, а имам и роднина што е на каса и потврдува дека и редат роба, креваат пакети, џогираат на крај на смена, така да дека само на каса работат мало морген.
Така е во кит го исто на сите позиции работат а точно е дека и кам не исплаќале за работење во празник и прекувремени саати не ги исплаќале а секој ден остануваат поготово втора смена одкако ке затворат
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.637
Поени од реакции
786
Така е во кит го исто на сите позиции работат а точно е дека и кам не исплаќале за работење во празник и прекувремени саати не ги исплаќале а секој ден остануваат поготово втора смена одкако ке затворат
Кит го кога беше оној стариот газда од Штип или веќе од каде беше прв маркет кој во недела не работеа сега од кога се купени од Косовскиот ланец на маркети Вива Фреш мислам дека поинаква политика се води и немаат квалитетна роба во нивните продавници
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.119
Поени од реакции
1.277
една работа да расчистиме во старт "најчесто вистината е нешто помеѓу како навистина е и она што ви го кажуваат"
во кам не сум работел нити имам блиски од кои би можел да се информирам од прва рака како е таму, но често одам по нивните маркети и генерално се чуствува незадоволство и кај вработените и кај потрошувачите претпоставувам газдите се најзадоволни со моменталната ситуација,
факт е дека доста им бега персонал (претоставувам не од што е многу арно), вработените трчаат од рафт на каса и обратно...
го делам мислењето дека веќе кам не е ефтин маркет поодамна,
сума сумарум според мене за жалење се вработените кои трпат испади од потрошувачи кои не сакаат да дремат пола саат на каса и претпоставени кои сакаат да им се заврши работат со 2/3 од потребниот персонал,
и џабе се кажува дека е висока платата ако за да ја земеш треба да работиш за двајца или да те исцедат како лимон, бидејќи никој не е за година-две повеќето треба да работат ~40 год. до пензија ако воопшто и ја доживеат со такво темпо на работа,
сигурно во полоша ситуација од овие вработени се лица кои работат надвор на отворено (градежници, земјоделие, сточарство...) ама па што те спречува да пробаш на друго место во друга бранша...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.520
Поени од реакции
11.484
Кит го кога беше оној стариот газда од Штип или веќе од каде беше прв маркет кој во недела не работеа сега од кога се купени од Косовскиот ланец на маркети Вива Фреш мислам дека поинаква политика се води и немаат квалитетна роба во нивните продавници
Како немаат квалитетна роба кога се има како во Рамстор, Тинекс итн?
Или мислиш пример смоките стоби флипс или нутелата не се со исти квалитет кај нив?
Автоматски споено мислење:

@dastan во најблиските два маркети на кам кај што пазарм вработените им се така од поодамна барем повеќето особено оние на каса
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.637
Поени од реакции
786
Како немаат квалитетна роба кога се има како во Рамстор, Тинекс итн?
Или мислиш пример смоките стоби флипс или нутелата не се со исти квалитет кај нив?
Автоматски споено мислење:

@dastan во најблиските два маркети на кам кај што пазарм вработените им се така од поодамна барем повеќето особено оние на каса
Па доколку си бил претходно во Кит го ќе си забележел повеќе квалитетна роба од наши произведувачи како и доста од Ех Ју брендови а сега многу е застапена роба која е од Косово или од Турција почнувајки од прашоци за перење супи сувемеснати производи и сл
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.520
Поени од реакции
11.484
Па доколку си бил претходно во Кит го ќе си забележел повеќе квалитетна роба од наши произведувачи како и доста од Ех Ју брендови а сега многу е застапена роба која е од Косово или од Турција почнувајки од прашоци за перење супи сувемеснати производи и сл
Добро и сеа ти кажи ми дали нема супи на Подравка? Дали нема Ариел, Персил и српските прашоци? Дали нема милка, пионир, европа чоколади?
Никој не те тера со сила да зимаш некои ноу нејм фирми имаш избор за разлика од кам, стокомак и кипер
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Имаат ребрендиран кечап, мајонез, брашно, јајца, детергенти.

Сами си увезуваат роба од Косово, Турција, Кина итн.
Тргаат производи кои се со поголем квалитет и ги шират нивните.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom