Британија објави тајни документи за НЛО

диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21

Над половина милион случаи на неидентификувани летачки објекти се регистрирани во Британија од педесеттите години на минатиот век до 2007 година.


Ова го открива досегашното тајно досие на британското Министерство за одбрана објавено за првпат јавно денеска на интернет страницата на Министерството.

Според изјавите на очевидците, главно припадници на британската армија и воздухопловство, неидентификуваните летачки објекти, познати и како НЛО, најмногу се во облик на превртена чинија со бели ротирачки светла, за што сведочат и цртежите на очевидците.

Само во 2007 година британското Министерство за одбрана покренало истрага за 72 регистрирани случаи на НЛО, кои најмногу се појавувале во вечерните часови, а ретко претпладне.
Области кои најмногу биле посетувани од НЛО се Лондон, Сасекс, Јоркшир, Хемпшир, Сомерсет и островите во каналот.

Постојат сведочења и за концентрични кругови во полиња како последица на слетување на НЛО, откриени во различни делови на Британија, што се единствените материјални докази.

Првите регистрирани случаи на НЛО во Британија датираат од педесеттите години, а за нив се интересирал и поранешниот британски премиер Винстон Черчил.

И покрај изјавите на сведоците, британското Министерство за одбрана се обидувало да ги објасни случаите на НЛО со светла од авиони или природни феномени.

Целта на британската одбрана била да открие дали НЛО се непријателски летала, а не да докаже евентуално постоење на вонземјани.

Ова е првпат една држава да ги отвори тајните архиви за случаите на НЛО за јавноста во светот.

извор: www.a1.com.mk
-------------------------------------------------------------------------------------------------

Што мислите за ова?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.774
Поени од реакции
11.307
Го држеле во тајност толку време и сега штрак у јавност, малце да добијат на популарност у свет ова британциве хехе ок може и стварно такви ванземаљски објекати да прелетувале, не знам стварно, слабо по овие работи сум :)
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Хаха абе ништо чудно да го држале во тајност или само да се ластинки ова.. Имаше една баба на Шоуто на славеј вика јас зборувам со вонземјани ме посетуват и ги прашала зш не сакат да контактират со нас земјаните и и рекле дека ќе мислиме дека сме им непријатели и ќе треба да не уништат..

Свашта.....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Хехе ај вака, го држеле во тајност, па сега откриваат ама не се, што мислиите можно е со ова полека да не припремаат за вистината ?
 

TheBestTipster

Избраниот
Член од
8 март 2008
Мислења
2.387
Поени од реакции
97
Хехе ај вака, го држеле во тајност, па сега откриваат ама не се, што мислиите можно е со ова полека да не припремаат за вистината ?
Дефинитивно .. пополека да се навикне светот за она што иде ..

Епа , дали си леткат или не си леткат над нас Е.Т енд френдс , тешко дека ќе дознаеме ..Само да ви кажам дека НЛо не значи вонземјанин , едностабно тоа ти е неидентификуван летачи објекат .. тука може да спаѓа и авион , хеликоптер , било какво летало , па дури и некои врсти на балони ..
 
Член од
28 февруари 2007
Мислења
63
Поени од реакции
0
ја ги симнав фајловите... нема никакви докази за НЛО или објаснувања, ги има сите пријавени случаи од луѓето што виделе НЛОа од 1972 мислам па наваму. Ништо не е откриено......... :toe:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ви велам, штом од Ватикан рекоа дека не исклучуват постоење на ЕТ, дефинитивно има нешто.
 
Член од
14 мај 2008
Мислења
13
Поени од реакции
0
vonzemjani bile zabelezani uste od 1947 i ova so znacite vo polinjata mi e cudno a ima nesto drugo luge so se slikale nazad vo pozadina izleze edno zeleno bate koe kako da se krie od svetlinata na blicot od neznam kakov aparat poglednete na you tube ima i klipcinja za dzinovi
 

Toxic Boy

I'M MACEDONIAN!
Член од
27 јуни 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
добро направи британија а истото треба да го сторат и другите држави како што се САД, кина , русија и др.
 
П

Паган-др

Гостин
Мене најчудни ми се знаците во полињата со пченка. За другово ко објекти тоа може да биде свашта. Ама за ова толку прецизни тоа нема шанси да биде од човек направено....(јас така мислам)
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
93
Поени од реакции
5
САД знае најмногу тајни за НЛО ама дали ке изнесе на виделина незнам !!!!!!
Јас имам читано уште кога Нил Амстронг патувал на месечината после дава интрервју каде вели дека одкако полетал на сред пат му се приклучиле две непознати објекти кои го следеле до месечината !!!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
ја ги симнав фајловите... нема никакви докази за НЛО или објаснувања, ги има сите пријавени случаи од луѓето што виделе НЛОа од 1972 мислам па наваму. Ништо не е откриено......... :toe:
Може да ми дадеш линк од каде да си ги слегнам и јас?
ЛИНК?
:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
Хехе ај вака, го држеле во тајност, па сега откриваат ама не се, што мислиите можно е со ова полека да не припремаат за вистината ?
е па да ова мене ми изгледа нај логично, иначе како. или пак од апанцас така да ни ја тупнат вистината и да кренеме паника до немајкаде па има самите да се испоништиме нама да ни требат вонземјани да не уништуваат.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
53
Поени од реакции
5
Дефинитивно .. пополека да се навикне светот за она што иде ..

Епа , дали си леткат или не си леткат над нас Е.Т енд френдс , тешко дека ќе дознаеме ..Само да ви кажам дека НЛо не значи вонземјанин , едностабно тоа ти е неидентификуван летачи објекат .. тука може да спаѓа и авион , хеликоптер , било какво летало , па дури и некои врсти на балони ..
Добро де некој не го оспори или ограничи фактот дека нло е само вонземјани. не е знаеме тоа. ама кога ке се спомне нло тогаш прво на шо се помислува е летачки чинии вонземјани и сл.:uvo::smir::helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom