Бременоста како повод за стапување во брак?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ако има кратка авантура, секогаш треба да си носи кондом во себе. Ако нема типот, да си има она заштита. Подалеку од апчиња подобро.

А ако она сака да биде самохрана мајка, слободно. Треба да е будала да и платат нели во најскапи клиники за да си го ризикува здравјето оти типот не го сакал детето (се разбира доколку е спремна за дете). Боље самохрана мајка одколку со копук приморан ради дете. Или некој во долга врска да ти рече не е мое? Раѓај и никад нема да биде негово, копито. После ќе види што е сопственото дете да неможеш да си го видиш од фраерлук. Неодговорни суштества, несозреани.

Вклучувајќи го и женското. Колку што велиш дека машкото е копито јас толку сметам и дека женското е. Мислам, колку и да се лажеме кој идеш со некој знаеш од каков калибар е, можеме само да замижиме пред вистината ако не ни се свиѓа, тоа е една работа, а друга работа е дури и да идеш со таков човек свесно - секогаш користи кондом.

Јас лично не верувам во случајни забременувања. Случајно можеш да затрудниш само при силување што е друга тема на разговор, но во моментот кога ти како женско си дозволила да имаш секс без кондом веќе треба да си свесна за последиците, што на крај пак не враќа назад на темата дека бременоста се користи како експлоатација за брак. Глупост невидена.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Имаш право, сепак на крајот на краиштата изборот е наш, гледаш со кој одиш, кај ти биле очите.

Иако кондом во долги врски незнам кој користи, ни јас не верувам во случајно забременување.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Моментот кога ќе сфатиш дека нероден живот се користи за лична цел е само уште еден доказ дека светот отишол во три лепе. Не дека и без тоа ситуацијата ни е подобра. Свесно ги прават луѓето глупостите. Тоа си дава посебна тежина на глупоста.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Има тема на форумот за тоа дали би стапиле или останале во брак со партнер со којшто не можете да имате деца и колку што се сеќавам, речиси 100% се изјаснија дека бракот без деца нема смисла. Според тоа, не е ништо чудно ако се проверува дали некој е плоден или не за да се стапи во брак со него.
Прочитав овде многу гадења од таквиот чин, но реалноста друго кажува. На сите свадби на кои сум била досега, невестата била трудна.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.791
Поени од реакции
21.202
Имаш право, сепак на крајот на краиштата изборот е наш, гледаш со кој одиш, кај ти биле очите.

Иако кондом во долги врски незнам кој користи, ни јас не верувам во случајно забременување.
Случајно се сетив на еден виц кој ептен одговара на темата.
Се караат машко и женско.
Женското:
Сите мажи се идиоти!
Машкото:
Знам душо во право си.
Женското:
А ти си најголем идиот.
Машкото:
Да душо ептен си во право.
Женското:
Незнам зошто воопшто сум со тебе?
Машкото:
Е тука веќе неприметно преминавме на темата зошто сите жени се глупачи;).
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Има тема на форумот за тоа дали би стапиле или останале во брак со партнер со којшто не можете да имате деца и колку што се сеќавам, речиси 100% се изјаснија дека бракот без деца нема смисла. Според тоа, не е ништо чудно ако се проверува дали некој е плоден или не за да се стапи во брак со него.
Прочитав овде многу гадења од таквиот чин, но реалноста друго кажува. На сите свадби на кои сум била досега, невестата била трудна.

Бракот без деца не е брак,точно.Но не треба да се користи детето како причина за склопување...Причината за склопување треба да биде мегусебната љубов на партнерите или грешам???

Себично е доколку девојката го користи тоа за да го наведе партнерот за брак,а уште посебично доколку пак тој заради фраерлук вели дека детето не е негово нели?

Што се однесува до болдираниот дел...Секому може да се случи да не може да има деца...Познавам пример кај што една жена 11 години не можеше да добие дете за да на крајот да се подложи на лекување и да добие керка која денес има околу 17 години.Денес медицината е напредна,знаеме сите.
И не е точно дека браковите се склопуваат само заради останување бремена на девојката.Има и такви примери кои стапиле во брак и без тоа.
 
Болдот баш ти нема смисла, освен ако не мислиш на посвоени деца.

Инаку, секој со своите причини. Што ако меѓусебно се сакате, а не можете да имате деца? Јас сум чула и за партнери кои со години не можеле да имаат деца, пази, се работи за големи љубови, се развеле, се ебеле несериозно наваму натаму и со првиот или со првата која затруденла, стапиле во брак. На што се сведени тогаш мажите и жените? Само на орган или не? Само на продолжување на видот или не?

Јас знам за повеќе случаи каде мажите ја користеле бременоста на девојката за да стапат во брак.

Најжално е што девојката останува трудна кога врската е во криза и тоа толку длабока, што е на чекор до раскинување и наместо да се поработи на тоа да се надмине, еден проблем се заменува со друг. Тоа го практикуваат и жените кои имаат кризи во бракот. Ако е бракот во криза, наместо да се разговара, тие прават дете...:facepalm:

На колку свадби си била каде невестата не е трудна?
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Омг ја читам темава и се чудам. Јас се омажив на 23 и пол години, можам да замислам што мислел народов, дека сум бремена хахахха, а нема врска. Идев со детето некои си 5 години, од прва на факултет, а негови 26 (мислам) години. Значи јас бруцош, свадба ни на крај памет, а он зрел за женење. Он постар од мене 8 години, ме чекаше да завршам факултет и кога завршив апла јасно ми беше дека се ближи запросување, мислам дека он нецела година после дипломирање чекаше да ме побара за жена, од денешна перспектива чудно ми е и толку што чекал :D. Али у секој случај не, не било ради бременост. Да бидам искрена, сметам дека и 23 години за во брак е малку, ама па си реков ајде секако ќе биде со него, па година-две подоцна или порано не е толку битно, битно е дека тој е тој.

Во последно време навистина гледам многу примери околу мене, луѓево затруднуваат па прават свадба. Мене лично тоа не ми смета, секој нека си го живее својот живот како што мисли дека е најдобро. Јас лично не сум сакала да забременам пред брак и сум водела многу сметка околу тоа. Ама во принцип случаевиве што ги гледам околу мене, се си мислам дека паровиве пак ќе се венчале дури и да не е бременоста. Од ова што го читам тука, абе луѓе да не гледате многу шпански серии? Жената го уценувала мажот со бременост, па тој ја уценувал неа со абортус па што ти ја знам. Зарем постои вакво нешто на денешницава?
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 15:02 ---
Од каде ке знае како ке реагира нејзиниот партнер?
Абе што ми е гајле мене како ќе реагира партнерот? Јас ако не сакам да имам деца, или стави кондом или апстинирај. Бирај што ти одговара појше. Па ќе видиме што ќе прави фраерот :D
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 15:04 ---
Јас лично не верувам во случајни забременувања. Случајно можеш да затрудниш само при силување што е друга тема на разговор, но во моментот кога ти како женско си дозволила да имаш секс без кондом веќе треба да си свесна за последиците, што на крај пак не враќа назад на темата дека бременоста се користи како експлоатација за брак. Глупост невидена.
Пукнување кондом? Недоволно информирање од типот на плодни/неплодни денови (Имам другарка што е 100% сигурна дека не може да забремени за време на неплодни денови)?
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 15:07 ---
Најжално е што девојката останува трудна кога врската е во криза и тоа толку длабока, што е на чекор до раскинување и наместо да се поработи на тоа да се надмине, еден проблем се заменува со друг. Тоа го практикуваат и жените кои имаат кризи во бракот. Ако е бракот во криза, наместо да се разговара, тие прават дете...:facepalm:

Ај да прашам, пошто очигледно сите знаете парови пред раскинување кои се омажиле само ради бременост, освен мене.

Што се десило со тие парови со тек на време? Се разведоа ли?
--- надополнето: 21 октомври 2013 во 15:09 ---
Toa ne go isklucuvam,vo pravo si...a ovie sto predlagaat surogat i slicni raboti neka odat da se lecat navistina.
Oh the irony.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ај да прашам, пошто очигледно сите знаете парови пред раскинување кои се омажиле само ради бременост, освен мене.

Што се десило со тие парови со тек на време? Се разведоа ли?
Не, не се разведоа, направија нешто многу пострашно. Се посветија на децата и од нив направија партнери со кои ќе се борат против партнерот.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Само не ми е јасно како тоа некои во кризна врска имаат секс? Ако врската ми е во криза и има несогласувања сметам дека последно што би имале е секс. Не ми е јасно зошто некој(а) ако гледа дека врската им е во криза го користи забременувањето за уцена. Мене последно нешто би ми било тоа да го користам за “спас“ за врската. А тоа што гледате бремени на свадба немора да значи дека тоа е поради уцени или случајности. 80-90% се планирани и договорени бремености. Не дека нема случајни или слични ситуации. Моментално поголема е мода да родат прво па да прават и свадба и крштевка и роденден. Со еден трошок се да поминат. Што пиша некој член погоре премногу гледате шпански серии каде се уценуваат со бремености за да задржат врски, а такви не дека нема но се многу помалку отколку што мислите.

И што сега некои одат 5 години и оваа забременила и као овој или она го наместила. Ма немој приказни на деца нека кажуваат.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Лошо време дојде.. Проблемот е тоа што ајде нека биде планирано од еден од партнерите, но тука се мешат и фамилијата од страна на партнерот, финансиска состојба, угледот. Значи дојде време коа незнаш дали саканиот или се разбира саканата го прави тоа од љубов или само да избега од беда. Пример девојката или дечкото гледа дека другата страна се финасиски подобри, поугледни и гледа излез во бременоста. Ќе начука дете и потоа следи она „ Јас го сакам тоа дете па ајде да се земеме нека ни биде причина за заеднички живот “. ОПАСНА грешка, првите месеци ќе е се ок но потоа..... Не им пожелувам на никој ваков „HAPPY END“. Што се однесува до мене, грешка во сексот не смее да има. Сеа сите имам различни начини на контрацепција али тука не постои простор за грешка. ( Офтопик али коа сме веќе кај сексот ) Никогаш нити сум оправдувал нити пак ќе оправдам бременост како опција за стапување во брак.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Може да биде само убав повод да баш во тие месеци се земете за да не би било вонбрачно детето нормално, но само АКО СЕ САКАТЕ ВИСТИСНКИ.И тогаш го оправдувам кога имате убава стабилна врска со многу љубов и бременоста ви доаѓа како уште една добра причина за брак..
Но ако е обична врска или забава, и не сте зрели или незнаете што сакате од себе и од партнерот, а девојката е бремена онда најбоље е да се размисли многу пред да се иде даље во брак. Последиците се огромни, што лично за двајцата, што за семејството доколку се разведете а сте со бебе...Многу е полесно да се спречи пред тоа, него лечи кога е веќе касно за тоа..
Многу парови влагаат ради бременост денес, но гледам дека повеќето од нив се разведени..Ретки се тие на кои бременоста им донела убава причина за да стапат во заеднички живот, тие се со години заедно и знаат дека ќе бидат цел живот..
И незнам зашто се чека бебе за да се влезе во брак. Ако се сакате што би чекале бременоста да ве подгурне..Ми делуваат за несигурни во нивната љубов...и тие парови тешко опстојуваат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Со оглед на тоа дека денешниве свадби се закажуваат една година однапред ништо чудно детето да се роди 2-3 месеци по свадбата. Одма се појавуваат муабети еј ете се земаа поради детето, го наместила, ја излажал за да не му избега.

Тоа е тој македонски менталитет секој на секого му ја знае причината. Ние бевме 4 год заедно само моите дома ја знаеа. Немав обичај да ја носам кај мои роднини и такви лигавења.
Се беше закажано, а другите дознаа 2 месеци пред свадбата. Потоа излезе муабет дека ми била некоја нова и дека ние воопшто не сме се познавале, а ни не знаат какви ни биле плановите. :tapp:

Не дека нема вакви случаеви ама вие мислите дека кај сите се така. Вакви работи прават личности без мозок кои со партнерот се поради парите или да го задржат. Кога и да е ќе се појават несогласувања и затоа има и разводи.

Едно време женските даваа по 2 години, а сега по 2 дена. :icon_lol:
Тоа се прави ли со секој посебно кога не се познавате ни сакате. Па после имало уценување од страна едниот партнер е ќе има. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom