Досега читав коментари од типот-Ако е бремена,брак.Веднаш веридба,регистрација и се што доага на ред.Но дали сте помислиле и на следнава ситуација.Дека бременоста не може секогаш да биде асот во ракавот.
На пример останува девојчето бремена,кажува на партнерот а тој како гром од ведро небо да го удрил "изненадено"вели:
-Бебето не е мое!
Што тогаш треба да направи таа?
Абортус,нормално.А се зависи во кој месец е.А доколку е во поодминати месеци шансите за абортус се се помали.
Сите проблеми остануваат на нејзе.Чувањето на детето,проблеми со нејзините а да не зборуваме за тоа доколку е невработена.
Кои личности "намерно"остануваат бремени?Оние кои не веруваат доволно во својот партнер,стравот дека ке те напушти и ке замине со друга,недоволната самодоверба.
Бременоста не може никогаш да биде повод за брак.Нели е малку себично?Зошто да се врзува партнерот за брак доколку не е спремен?