Интересна тема, посебно во корелација со оние теми за рамноправност (умствена и физичка...или каква и да е-нели шајки, цепење дрва...кога рековте дека не е тоа туку некое си его, суета...и таквија работи)... Како што сфатив од тие теми треба да се огледаме на се поголемата рамноправност ала Свидн или Денмарк...да не гледаме кој и што...но со самото споменување на традиција за прстен (ммм, порано по селата се сами дијаманти се дарувале), кој кого дарува, свекор, чеиз...се крши муабетот за некојаси рамноправност или напредок во овие настани и дејанија
Со ова се оградувам од желбата на момче/девојка или сопруга/сопруг да поклони дијамант или што и да е на партнерот. Но и колоњска од 50 денари или расцветано гранче скинато од цреша...и тоа е поклон, да не ги вреднуваме поклоните според скапотијата туку според раката на оној што ги дава...оти доколку е првото тогаш се доближуваме до уште една негативна човечка особина-користољубивост. Тоа е веќе желба која го исполнува оној кој дарува, а секое зачувување на некоја традиција не е желба туку обврска и обременетост.