Ne znam pa da prasham: dali vo Makedonija se praktikuva kupuvanje prsten (dijamantski) za idnata svrshenichka?
Dali postoi tradicija da i se kupi prsten, dali devojkata ochekuva takvo neshto?
Ako da, kade i kakvi se kupuvaat, ima li raznolikost vo ponudata i cenite?
Sto ako ne dobie?
Во Македонија постои верување дека на избраницата треба да и се подари прстен на свршувачка, во моментот на просидба. Прстенот треба да биде златен и цврст, вообичаено да не е ружан, туку познат како прстен “алка“ кој девојката го носи на десната рака, во знак на свршувачката.
Момчето треба пред веридба да го има прстенот и без таа да запримети да ја погледне низ прстенот, за љубовта да им биде вечна, златна и цврста како прстенот, а девојката повеќе да го сака. Ова е дел од Македонските обичаи, кои ретко се применуваат денес.
На денот на веридбата вообичаено е ружање на невестата. Ја ружаат со златен накит сите нејзини домашни и домашните на зетот. Родителите, браќа, сестри, зетови, снаи, кумот, деверот и останати поканети. Без златен накит не се доаѓа на веридба, ако си поканет.
Ружање на невестата продолжува и на денот на свадбата. Прв ја ружа зетот со затен накит а потоа сите останати најблиски.
Прстенот има симболика - како што е кружен и силен, и затен, така еден со друг да кружат еден околу друг, љубовта да им биде цврста, а бракот сјаен како залто.
Од друга страна девојките немаат финансика реализација во минатите години, а златниот накит и затните пари со кои ја ружаат се капитал кој се предава на децата или се употребува во зол час, за не дај боже. Тоа е како мираз кој девојката го собира со свршувачката и свадбата.
Да се чуе тапан, значи да се чуе надалеку дека се зема невеста и дека е свадба, дека е за радост, а да се чуе зурла и чалгија е дека мома се дели од мајка и татко, а заминува кај момче. Но, овие обичаи со тек на време изостанале.
Венчавката во црква е најсвечениот дел од венчалната церемонија каде пред луѓето и пред Бога младите се колнат на почит и брачна љубов.
Помодарството ги стигна и прстените, ги има во разични големини, везови и украсени со драги камења. Накитот е во повеќе бои на злато. А се повеќе зема замав како веренички прстен да се избере прстен со камен.
Вереничките прстени според обичаите се ставале во некои македонски краеви во брашно- за да имаат младенците благосостојба во домот, во некои се ставаат во шеќер, а најчесто во денешно време се ставаат во корпи специјално накитени и полни со “невестински“ бомбони. Потоа девојката и момчето ги бараат низ брашното или шеќерот, или во денешно време низ бомбоните. Постои верување дека до три пати може да згреши едниот или другиот и да го фати својот прстен наместо на партнерот. Инаку најголема радост е ако девојката го пронајде прстенот на момчето, а момчето прстенот на девојката и еден на друг си ги стават прстените на десната рака.
Прстенот ако го подари момчето е симболика дека сака да ја обврзе девојката со љубов и верност, а ако девојката го прифати и го стави на раката е симболика дека таа ја прифаќа понудата и се заветува на љубов и заеднички живот со момчето.
Ако нема прстен, да можна е свадба- но “рок анд рол свадба“, за која подоцна се каат девојките бидејќи не ги добие моментите кои на некој начин им следуваат во животот како потврда на љубов од момчето на почетокот на нивниот брачен живот. Исто е и со белиот венчален фустан и меденото патување.
( Иако постара тема, ова недостигаше во коментарите)