Бразил - Холандија | 12.07.2014 | 22:00 | натпревар за 3то место

Кој ќе победи?

  • Бразил

    Гласови: 36 38,7%
  • Холандија

    Гласови: 57 61,3%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738


Натпреварот за трето место, кој не би требало да има некаква важност за тимовите, ќе го одиграат Бразил и Холандија откако ги загубија своите полуфинални дуели против Германија и Аргентина. Деновиве доста се збори за тоа колку е непотребно да се игра овој натпревар затоа што екипите кои не успеале да стигнат до финалето, најмалце сакаат да играат уште еден дополнителен натпревар. Како Бразил и Холандија ќе пристапат кон натпреварот останува да видиме.

Бразил во полуфиналето за противник ја имаше Германија. Германците беа последната препрека на патот кон големото финале, но се покажаа како многу подобар противник од Бразил. Во натпреварот со најмногу голови на првенството, Бразил беше посрамотен пред својата публика со резултат 7-1.

Холандија играше против Аргентина. Холанѓанците до полуфиналето стигнаа откако на пенали ја совладаа екипата на Коста Рика. Против Аргентина повторно изиграа 120 минути без постигнат гол, па победникот беше одлучен на пенали. Аргентинците цело време беа прецизни, а Влар и Снајдер не ги реализираа своите пенали за Холандија, па Аргентина се пласираше во финалето со 4-2.

Овие две репрезентации до сега имаат одиграно 11 натпревари на кои и едните и другите славеле по 3 пати, а 5 пати одиграле нерешено. Немаат што да изгубат во овој натпревар, иако сепак се натпреваруваат за третото место на Светско Првенство, па можеби ќе ни приредат интересен натпревар. Бразил додека се соземе од тоа што им се случи против Германија, ќе сака да го заврши првенството со победа за колку толку да можат заедно со навивачите да се простат од ова Светско Првенство. Од другата страна, Ван Гал последен пат ќе ја води Холандија пред да ја завземе својата позиција во Манчестер Јунајтед, па ќе сака да заврши со победа.



 
R

Rigel Kent

Гостин
Браво што отвори тема. (y)

Бразил да освои бронза и барем малку да го залечи срамот од полуфиналето.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.479
Поени од реакции
1.250
Според мене тепа Бразил :D
Ќе играат ко финале да им е,мора да се одолжат за глупите 7-1 :icon_mrgr:
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.662
Поени од реакции
2.618
Иако се враќа Силва за Бразил не верувам дека ќе направат нешто посебно, Холандија освојува 3 место.
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.819
Поени од реакции
8.646
Мислам дека Бразил не е опоравен од тоа што му се случи во полуфиналето и тоа ќе се рефлектира и на овој натпревар. Очекувам Холандија да победи ама далеку од лесно.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.819
Поени од реакции
11.941
Германија ја тепаше Португалија со 4 разлика - Германија го победи Бразил со 6 разлика
Холандија ја тепаше Шпанија со 4 разлика - Холандија ќе го тепа бразил со 6 разлика

:icon_lol:
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.662
Поени од реакции
2.618
За финалето тема нема или не гледам јас ?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
За Бразил и 3/4-то место е премногу со ваков шкљ тим. Уште од квалификациите се виде дека овој не е тој тим што некогаш Бразил го имал и тој квалитетот. Посебно она срамниот пораз напунети дури мислам дека во еден дел Германците се решија да забават темпо за да не го срамат домаќинот.

Најискрено очекував уште од почеток дека дека за 3-то и 4-то место ќе се борат Костарика и Чиле, а во финале Холандија и Германија. А Аргентина како се вадеа чоече на пенали, и имаат и прилично тапа игра ко да гледам Италијанска лига (дека ја мрзам највеќе на свет). Само мој сон, ј*бига.

Холандија!!!GG,4+ или конечен резултат според мене 3-1.
 
P

pepito*

Гостин
Мислам дека утакмицава е сигурен ГГ4+, сакам Бразил да изгуби повторно со толку многу копачи и деструктивци во прв тим.
 
На врв Bottom