Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.533
- Поени од реакции
- 52.307
Бразил во полуфиналето за противник ја имаше Германија. Германците беа последната препрека на патот кон големото финале, но се покажаа како многу подобар противник од Бразил. Во натпреварот со најмногу голови на првенството, Бразил беше посрамотен пред својата публика со резултат 7-1.
Холандија играше против Аргентина. Холанѓанците до полуфиналето стигнаа откако на пенали ја совладаа екипата на Коста Рика. Против Аргентина повторно изиграа 120 минути без постигнат гол, па победникот беше одлучен на пенали. Аргентинците цело време беа прецизни, а Влар и Снајдер не ги реализираа своите пенали за Холандија, па Аргентина се пласираше во финалето со 4-2.
Овие две репрезентации до сега имаат одиграно 11 натпревари на кои и едните и другите славеле по 3 пати, а 5 пати одиграле нерешено. Немаат што да изгубат во овој натпревар, иако сепак се натпреваруваат за третото место на Светско Првенство, па можеби ќе ни приредат интересен натпревар. Бразил додека се соземе од тоа што им се случи против Германија, ќе сака да го заврши првенството со победа за колку толку да можат заедно со навивачите да се простат од ова Светско Првенство. Од другата страна, Ван Гал последен пат ќе ја води Холандија пред да ја завземе својата позиција во Манчестер Јунајтед, па ќе сака да заврши со победа.