Народот е крив! Оној неукиот, нешколуваниот народ, кој што не знае да мозга самиот за себе! Стои дека му представувавме закана на западот, бевме прогресивни у секој смисол, а секој што имаше и малку мозок можеше да живее пристоен живот, но народот е насамарен,истиот тој народ што се испотепа меѓусебно во војниве. Се сеќавам само што све изјавуваа политичарите на предизборни митинзи, од Милошевиќ, па Кучан, Месиќ, Изетбеговиќ. Сите тие монструми се криви за убиствата, и да имаше ЕУ и Америка и малку доблест ке ги обесеше сите до еден у сред Хаг. Затоа НИКОГАШ не бев ниту член на било која партија, и ме чуди што и ден денес има пасионирани митингаши (мене магарешки уши би ми искочиле после само еден митинг!)
Најлесно е да завадиш, па да владееш. Југославија направи две големи грешки. Прво кога не ја прифатија понудата на ЕУ за влез во европската фамилија (кога веќе бевме политички неутрални), и тоа како заедница на суверени ДРЖАВИ. Секоја држава ке си имаше свој буџет, парламент, итн, војска и полиција да си служат у своја држава. Требаше да се одвојува одредена сума на пари за буџет на заедницата, останато да си остане по старо, спорт, внатрешна трговија, итн.
Втора грешка, со невидени послдици е што воениот врх не изврши државен удар по сега веќе историскиот XIV конгрес на ЦК СКЈ, кога струјата на монструмот Милошевиќ ги порази останатите. Словенците кои до тогаш се залагаа за конферација (со демократско право на отцепување) го напуштија конгресот, и тоа предизвика целосен колапс на државата. Хрватите (Предводени од тогаш младиот и перспективен демократа Ивица Рачан) го спасија Кучан од апсење и политички прогон, и тие подоцна следени од Босанците го напуштија конгресот, и преостануваше само една опција (Државен удар!) за минимална стабилизација на тензиите. Со тоа ке се неутрализираа радикалните лидери на сите републики на минимум 6 месеци, и мислам дека после тоа ке беа донесени поразумни одлуки. Но Вељко Кадијевиќ немаше муда да на нареди такво нешто,и после тоа веќе сите знаете што се случуваше.
Да имаше само малку ебен разум у тоа тиквите у тоа време, на сите ке ни се исполнеа сништата...ке си имавме свои држави, а ке бевме и поносни Југословени.
Вака денес, од оваа дистанца, по се што се случуваше, често посакувам се тоа да беше само лош сон....