Борбите на Македонците против Бугарија

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Не си во право .

Прво , она што јас го имам како сознание доаѓа од старите во мојата фамилија што биле директни сведоци на тој временски период .Поради односот на комунистите спрема приватната сопственост, барем ние немаме никакви причини да подлегнуваме на пропаганда.
Сепак чувството е негативно.

Второ, бидејќи историјата на Скопје ми е слабост, секогаш кога ќе ми се укажело прилика сум разговарал со луѓе што биле живи сведоци на историјата на овој град.
И нивното чувство е негативно и не е производ на пропаганда туку на нивни животни судбини .Во 90 % се слични како оние од видеото погоре.

Трето , најдобро би било ти да си прошеташ низ Македонија и сам да увидиш што е вистина.
Четврто , дека македонското население било негативно настроено спрема бугарските окупациони власти уште пред да се воспостави новата комунистичка власт сведочи и еден извештај што Професорот С.В.Мицов го дава како пример во неговата нова колумна " Отворено за љубовта и за омразата "


Извештајот говори за ситуацијата во Македонија од 28 септември 1943 г. и е наменет за раководителите на германскиот Рајх .

Во него се вели:

„Одбивноста кон Бугарите произлегува од многу причини, а особено од погледот на животот што е поинаков за Македонците. Бугарските службеници на македонската територија во свои раце ги држат значајните, меродавните и најпрофитабилните места во управата, додека Македонците се ставаат на подредени места, што тие го сметаат за понижување и не можат да се согласат со „ослободувањето“.

И уште: „ Бугарските учители во народните и средните училишта ги воспитуваат децата да станат шовинистички Бугари и ги подучуваат да ги мразат и да ги презираат Србите, што често доведува до спротивставеност на родителите, а нив, пак, ги поттикнуваат кон привремени мерки, кои произлегуваат од чист отпор. Со еден збор, старите Бугари се стремат кон тоа да ги обележат Македонците како потполно заведени и неуспешни луѓе со тенденција кај нив да го потхрануваат чувството на пониска вредност и на тој начин без отпор да ги потчинат на своето раководство. Бугарите се служат речиси со истите владејачки методи како и Србите. Следствено на тоа, резултатите се исти. Се до 1941 г. Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото го посакуваат и од Бугарите. . . Не земајќи предвид неколку исклучоци мнозинството од старите Бугари остана туѓо за душата на македонскиот народ“.

И како заклучок: „ Стремежот за независност има цел за целосна автономија на македонскиот народ во состав на една јужнословенска држава“.

( извор :Третиот Рајх и Макеоднија 1941-1945. Документи, ИНИ, Скопје 1996, док. 39)
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
С.В.Мицов е филозоф и писател, не историчар.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
С.В.Мицов е филозоф и писател, не историчар.
Да .
И позади никот Joakim пишува инженер а извештајот е сеуште извештај за тоа како пред германската команда била претставена ситуацијата од Македонија .

За Германците во тој период има доста да се каже , ама дека лесно можеле да бидат дезинформирани - сигурно не .
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И Томас Јанг кој нели го дешифрирал писмото од Розета е инжинер, затоа Бугариња кога ќе станете инжинери тогаш можеби ќе ја разберете историјата.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
hahahah:pos2:

Современи парадокси имаат блгарите брат:pos2:
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Едит.

Според твојот коментар треба да заклучиме дека само вашето толкување на историјата е автентично и за други тези освен оние кои сувопарно сте си ги научиле не сакате да чуете . Оваа тема е најдобар доказ дека не можете да се претставите како самостојни мислечки луѓе.

Дома ја имам " Историја на Македонија-апологија на македонството " и сметам дека треба да ја има секоја македонска куќа.Книжарата на бул.Климент Охридски - 300 денари.

Глупости зборувате. Види што вели човекот од мојот потпис. За некои браќа зборува.
Бидејќи на нас не ни веруваш ајде пак со извештајот .

Не е спорно дека некои со цвеќе ве пречекале.....пази го сега овој дел

“... Се до 1941 г. Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото го посакуваат и од Бугарите...“

Мал дел од нив добро ве прифатиле, “...Не земајќи предвид неколку исклучоци ...“

Меѓутоа, “...мнозинството од старите Бугари остана туѓо за душата на македонскиот народ“.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Што е работава со бришење цели постови..?
Имав прашање поставено до нашиве источни соседи тука на кое чекав одговор.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ченто, те молам не им оди по умот за да не застранува и да не се разводнува дискусијата.

3а кое прашање се работи?
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
Oва не знаев каде требат да иди, и со оглед дека вчера беше годишнина од Мајскиот Манифест, мислам дека треба да биде овде, модераторите може да го преместат другаде ако мислат дека треби така.

МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ

 

Kajgana Shop

На врв Bottom