Борбите на Македонците против Бугарија

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јордан Цеков-Дане
Александар Јорданов во размислувањата, меѓу другото, тврди и ова: "За време на средбите на македонското и бугарското раководство бил постигнат договор и братско разбирање во ослободените градови во Македонија и во Скопје најпрво да влезат борците на партизанските одреди° само поради тоа "поколенијата да ги чуваат спомените за хероите, а улици, плоштади и училишта да ги носат нивните имиња°.
Во право е господинот Тодор Чепреганов кога го тврди (Т.Ч. "Бугарија да се извини наместо да бара благодарност°, "Утрински весник°, 15.12.2004) следново: "Тезата дека бугарските војски ги ослободувале градовите, а само поради договорот со македонските единици им било овозможено да влезат први, исто така, е измислица и не е добронамерна°.
Во прилог на тврдењето на господинот Тодор Чепреганов, наведувам валидни факти. Таков договор не постои, бидејќи партизанските одреди не влегуваа во градовите, туку партизанските бригади на НОВ и ПО на Македонија водеа борби против бугарските окупатори (Кратово, 7 септември 1944) и против германските окупатори и во тие борби ги ослободуваа градовите. На 8 ноември 50. дивизија го ослободи Штип, а потоа во Штип влезе бугарската војска, на 9 ноември 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, а потоа во Велес влезе бугарската војска, на 11 ноември 17. Македонска бригада го ослободи Куманово, а потоа во Куманово влезе бугарската војска, на 13 ноември 3. и 12. Македонска бригада го ослободија Скопје, а на 14 ноември, наутро, еден бугарски полк беше спречен да влезе во ослободено Скопје.
Во оваа статија станува збор како 3. македонска ударна бригада, чиј командант бев јас, спречи еден бугарски полк да влезе во ослободено Скопје.
По 60 изминати години, во свежо сеќавање ми остана еден значаен настан што се случи по полноќ, утрото и до пладнето на 14 ноември.
Кога уличните борби за ослободувањето на западната половина на Скопје привршија, германските окупатори, вечерта на 13 ноември, дефинитивно, го напуштија Скопје.
Со паѓање на мракот, западната половина на Скопје целосно беше ослободена од 3. и од 12. македонска бригада, освен Учителската школа во која се уште се бранеше една група германски војници.
Штабот на 3. македонска ударна бригада се наоѓаше во една голема канцеларија на поранешната бугарска фашистичка обласна полиција.
Преку баталјонските курири беше пренесена наредба баталјоните да се обезбедат, а 2. баталјон доби задача со една чета да го мине железниот мост што води за Бит-пазар и да се постави во реонот на Воената болница (денес Скопски саем).
Скопје беше во мрак.
Понекогаш ќе се слушнеа пукотници од пушкомитралези од насока на Кале и касарните на качаничкиот пат и потоа сў ќе се смиреше.
Од голема радост дури и не се спиеше, но сепак сонот го бараше своето.
Некаде околу три часот наутро ме разбуди курирот на 2. баталјон.
Курирот ме извести дека нашата чета кај Воената болница се сретнала со бугарски војници.
Бугарските војници се вратени назад кај Кумановска трошарина (сега хотел "Континентал°).
Кога курирот ме извести дека нашата чета се сретнале со бугарските војници, се сетив на големата лага што на 9 ноември, откако 3. и 8. македонска бригада го ослободија Велес, во една куќа, каде што престојуваше Штабот на бригадата, вечерта слушавме Радио Софија и имавме и што да чуеме.
Радио Софија објави вест дека бугарската војска го ослободила Велес, а бугарската војска на 9 ноември беше во реонот на Штип.
Таа голема лага беше причина да донесам одлука да им се забрани на бугарските војници да влезат во ослободено Скопје и да бидат вратени кај Кумановската трошарина и Автокоманда.
Во духот на таквата одлука, му наредив курирот:
"Кажи му на командантот на баталјонот, Боро, со две чети да стигне кај Воената болница и Кумановската трошарина и да забрани бугарските војници да влезат во Скопје.
Ако некои сакат да продолжат, со закана на оружје да ги врати назад".
По повеќе од еден час курирот дојде во Штабот на бригадата и ме извести дека командантот Боро ја извршил наредбата и една бугарска единица околу 50 војници е спречена да влезе во Скопје и чека кај Кумановска трошарина.
Така ги дочекавме раните утрински часови на 14 ноември.
Околу шест часот јас, политичкиот комесар и началник на Штабот со коњи тргнавме да видиме што се случува кај Воената болница и Кумановска трошарина.
Кога пристигнавме на означеното место, имавме што да видиме:
бугарските единици пристигнуваа кај Кумановска трошарина и Автокоманда и беа принудени тука да чекаат, 2. баталјон ги запираше бугарските војници и не им дозволуваше да влезат во ослободено Скопје.
Во таа ситуација, кога гледавме како 2. баталјон ја извршуваше борбената задача, еден бугарски офицер се доближи до нас тројцата и гледајќи како куририте ги држат зад нас коњите, претпостави дека сме раководители и налутено праша:
"Кои сте вие што забранувате да влеземе во Скопје"?
Бидејќи не ги разликувавме чиновите на бугарските офицери, а искрено речено немавме респект спрема бугарската отечествено-фронтовска војска, а особено огорчени од лажната вест на Радио Софија дека бугарската војска го ослободила Велес, наместо одговор, му упатив прашање:
- А кој си ти?
- Јас сум полковник Попов, командант на полкот.
Зошто забранувате да влеземе во Скопје?

- Ние тројцата сме командант, политички комесар и началник на Штабот на 3. македонска ударна бригада и ви наредуваме да не влегувате во Скопје се додека не добиеме наредба од Штабот на дивизијата да можете да влезете во Скопје.
Наредбата е јасна и според неа треба да постапите, реков јас.
- Знаете ли вие дека нашите војници маршираа цела ноќ и треба да се одморат.
Зарем тука на оваа влажна земја на улица да се одмораат?
- Наредбата е јасна и ни чекор напред кон Скопје додека не стигне наредба да можете да влезете.
Инаку, може да биде лошо, додаде политичкиот комесар.
Нашите одговори беа решителни.
Бугарскиот полковник сфати дека неговите војници не можат да влезат во ослободено Скопје.
Зад нас беа борците на 2. баталјон со оружје в раце.
Наредбата ниту еден бугарски војник да не влезе во ослободено Скопје беше доследно извршена.
По извесно време, поточно околу 9 часот, командантот на бугарскиот полк од нас побара согласност да влезе во градот и во Штабот на дивизијата да преговара за сместување на војниците.
По кус договор, тројцата се согласивме тој со нас да тргне и да му овозможиме да стигне во Штабот на дивизијата. И така полковникот Попов, единствено лице на бугарската отечествено-фронтовска војска, во седлото на коњот влезе во ослободено Скопје. Сите четворица на коњи се упативме кон зградата во која привремено се наоѓаше Штабот на бригадата. Кога стигнавме, бугарскиот полковник го оставивме надвор да чека, а потоа, со наш курир, на кого му дадовме коњ, го испративме во Штабот на дивизијата.
За тоа време во реонот на Кумановска трошарина 2. баталјон и бугарскиот полк стоеја и натаму едни спроти други. Во реонот на Автокоманда пристигнуваа и други единици на бугарската отечествено-фронтовска војска. Како пристигнуваа така и беа запирани да не влезат во ослободено Скопје. Наредбата да не влезат во Скопје Штабот на 2. баталјон и борците ја извршуваа решително, без оглед што мислеа командантите на бугарските единици.
Кон пладне, Штабот на 42. дивизија на Штабот на 3. македонска ударна бригада, преку курир, му издаде наредба која гласеше: "На бугарска војска Ј се дозволува да влезе во ослободено Скопје заради сместување. Одобрена насока за влегување во градот е Кумановска трошарина – Бит-пазар – Топаана – касарните на Кале и качаничкиот пат. Секое движење на бугарската војска преку мостовите строго се забранува.
Наредбата на Штабот на дивизијата целосно беше извршена. Бугарската војска тргна од Кумановска трошарина и преку Бит-пазар стигна во касарните на Кале и на качаничкиот пат и се смести да се одмори и да престојува.
Така бугарската отечествено-фронтовска војска "учествуваше° во ослободувањето на Скопје.
Вечерта на 14 ноември, борците на 3. и на 12. македонска бригада, кои го ослободија Скопје, беа вчудовидени: Радио Софија објави вест дека Првата бугарска армија го ослободи Скопје.
Може да се претпостави колку големо беше нашето огорчување. Поради оваа голема лага, Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати протест до командантот на Првата бугарска армија и бараше Радио Софија да ја демантира оваа вест. Радио Софија не објави демант.
Бугарските историчари во многубројни написи изнесуваат дека Првата бугарска армија го ослободила Скопје.
Таа голема лага и изнесена и во учебникот "Историја на Б’лгарија за X и XI клас на општообразовните трудовополитехнически училишта°, стр. 391, издадена од државјото издателство "Народна просвета°, Софија, 1976 година.
Автори на историјата се член-кореспондент професор Александар Колев-Бурмов, академик Димитар Константинов Ќосев и академик Христо Ангелов Христов.
За ослободувањето на Скопје и бугарската ОФ војска нема испукано ниту еден куршум.
Со лагите се служат само оние на кои им е туѓа историската вистина.
Ослободувањето на Скопје е дело на борците на 3. и 12. македонска бригада од 42. дивизија и на 16. македонска бригада на кумановската дивизија.
Со нивното дело се гордее македонскиот народ.

При ослободувањето на Скопје загинаа 87 Борци.

(Авторот беше командант на Третата македонска ударна бригада)

 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Ти ја дадов бројката на комунисти - 535 членови учесници во војната.

Другите 88.000 немаат никаква политичка мотивација.

Се збори за партизани од Македонија, а во тие со мнозински дел припаѓаат етничките Македонци.




Македонците после приклучувањето на Бугарите на страната на Русите, одбиваат да соработуваат со нив бидејќи до вчера водеа борба токму против нив.

Постојат и понатамошни пресметки и покрај декларативното сојузништво.

Тоа е архивски запишано и нема бегање од официјалната кореспонденција која ти е постирана на претходните страни.

На Бугарите им беа одбиени барањата да учествуваат како сојузници во конечното ослободување на Скопје токму поради таа причина претходно наведена. Целиот македонски генералштаб се произнесол против.

Фактите се следниве:

1. Македонците учествувале со свои формации уште од 1941 година.
2. Позади нив не стоела никоја држава ниту имале сопствени државни структури
3. КПМ се формира дури во март 1943 година
4. Бројот на Комунисти во НОВМ изнесува околу 530.
5. Вкупниот број на македонски партизани во 1945 год. изнесува 88.500

Тука не се земени во предвид Македонците од Егејска и Пиринска.

Исходот од 2 С.В. беше формирање на слободна македонска република на територијата на вардарска Македонија.
1. Да, со комунистички структури
2. Стоелa Jугославиjа
3. Коj ти зборува за КПМ, зборувам ти за СКJ/КПJ
4. Другите монахристи ли биле?
5. Ова може и да е верно, ама не се во категориja "Македонци против Бугариjа".

После II СВ Србиjа виде дека не може да ги направи лугето од поранешната Бановина "jужни срби" и создаде уж слободна и уж независна Македониja. Сите знаем колку независна беше Социалистичка Република Македониjа.

http://sr.wikipedia.org/wiki/Хронологија_НОБ-а_1941._година

 

demmian

Попиванов
Член од
9 јули 2008
Мислења
1.613
Поени од реакции
53
Сите знаем колку независна беше Социалистичка Република Македониjа.



[/LIST]

Подобро така,отколку да беше провинција на една пропадната држава,руски сателит,која се наоѓа на исток од нас.:toe:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Ти пак со твоите "Македонци". Таму се зборува за луге од Македониjа, не за етнички Македонци. Овие се комунисти под jуго командване. Во краjот на 1944 година (кога имате 66.000 НОБ) Бугариjа се бори не со Jугославиjа, туку против Германиjа и со НОБ. (тие 66.000 се Македонци заедно со Бугариjа, а не "против Бугариjа")
ti tokmu li si be??? lujge od MK ama ne Makedonci..e, ne, tatari i kinezi bile.....:tapp::tapp: i od kogo vie be slepci edni ja oslobodivte MK, od vas samite?? se vrtite kako duva vetrot od koga postoi blgaria, stalno od pobenickata strana da bidete..koga veke ednas ke vi stane jasno deka Makedoncite nitu imaat nesto zaednicko so vas bugarite niti sakaat da imaat?? odvreme na vreme ke se najde po eden dvajca bugari vo MK i vie odma na golemi zvona deka vasa e MK??:tapp:
nitu bila, nitu e niti ke bide, nitu pak sakame nasite zaslugi da si gi pripisuvate na vas samite....pazi, "zaedno so bugarija" se borele..leleee majko moja, ludaci i glupaci....:tapp:
 

PowerUp

Реалист
Член од
21 септември 2009
Мислења
311
Поени од реакции
5
Гледа се дека си многу мал во знаењето. Ако познавааш работите подлабоко, а не од весниците, треба да знаеш дека политиката на Б'лгарија е доста константна. И не само од последните 20 години. Историски секогаш сме биле сојузници со Австро-Унгарија (подоцна со наследници и). Има едно добило популарност правило - секогаш со Германија, никогаш против Русија (мислам има доволно историски основи за тоа). Погледнете каква е ситуацијата денес, какви се односите на едновремешните сојузници, и повторно ми зборуваj дека ветрот има нјакаква улога. Работите се премногу важни за да се остават на ветерот. Знаци има многу - пример - неодамнешната вест која се мјарна тивко тивко неодамна во весниците - дека Б'лгарија и Романија лобираат за Хрватска за ЕУ (забрзано, па дури и под надзор, но со реално членство), ако се вратиме уште малку назад - со кои држави Б'лгарија призна Косово? Признаенето на Македониjа... Има ли потреба од уште зборови или сфати ситуацијата? И за да не се чувствуваш игнориран - Македонија веќе долго време работи како реален сојузник на Б'лгарија, ако и за внатрешна употреба да изгледа поинакво. :toe:

Што ќе правиме сега Танасе?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
vidi...vo 2 svetska vojna, VIE bevte sojuznici so nacistite...tuka dojdovte kako okupatori i bevte porazeni i nabrkani...i sea, sto ima Kosovo i Hrvatska zaedno so EU so toa, a?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
нека кењаат татарчињата на форумов колку сакаат ... фашисти биле и ќе си останат ... окупатори кои се бореа против Македонците ... :toe:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
more ako ne ja smenevte stranata na vreme kako i sekogas sto pravi bulgarceto, ke gorese cela bulgarija..ebate nepismen...em okupator, em mi se sili ovde..ela ovde da te vidam tresni takva glupost da vidis sto ke te snajde...vo Prilep ste go krkale na sam pocetok, ke go krkate pak kako mi se cini.....neka poveli vo Prilep koe saka bugarce da provocira...:tapp:
 

PowerUp

Реалист
Член од
21 септември 2009
Мислења
311
Поени од реакции
5
За жал немам време да ти објаснам се, а и не сакам. Прочитај за Париската мировна конференција од 29 јули до 15 октомври 1946 година. Колку држави гласаат за тоа Бугарија да е меѓу победниците (зошто има такви) и зошто Москва е остро против. (поради истите причини Москва ви даде во рацете на Тито) Ако и да не сме праќале војска на рускиот фронт, до крајот бевме со дипломатски отношенија со Москва и сме обиделе да посредничим за мирно решавање на конфликтот. А за Прилеп - ќе се воздржам да ти одговорам. Претпоставувам говориш за убиениот наш стражар ... Да не ровим коските. Подобро е да зборуваме за иднината.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
dodeka germancite vodea na site frontovi, vie im bevte najverni sateliti..koga se vide deka e gotovo so niv, vie vednas smenavte strana..vie nemate svoe JAS, dobro Hitler rekol, "sakam predavstva, ama predavnici ne sakam ni da vidam"..ma so aramii i falsifikatori na istorija ne ni sakam da se raspravam..
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
I vo Bulgaria do 1989 godina vo seki grad ,pochti na seka ulica imashe tabeli ,kak gordite komunisti bili ubieni ot ,,gnasnite fashisti,,..
Po komunisticheskata propaganda ke izleze deka celoto naselenie bilo komunisti i se bielo so fashistite.
pa koga vistinata izleze najave se okaza sovsem drugo..
I pri vas ,koga se razkrepostat istorichkite arhivi i dosieta ,ke bide taka:toe:
Не можам да ве разберам .

Прашање до сите Бугари на форумов:
На Париската мировна конференција ([FONT=Times New Roman, serif]од 29 јули до 15 октомври 1946 г.)[/FONT] бевте или не бевте задолжени да платите 125 милиони долари воена оштета ?

И тоа во рок од 6 години ако добро се сеќавам.Особено на ова се инсистирало од западните капиталистички земји. [FONT=Times New Roman, serif]


[/FONT]
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
ama toa bese za berenje temjanuski niz Makedonija..:pos2::uvo:
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Бевме должни да платим тие пари на Jугославиа и Грциjа за 4 години окупациjа. Тито се откажа сто беа големи дружки со Димитров. Нали беа за Балканска (комонистичка) федерациjа.:pos2:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Бевме должни да платим тие пари на Jугославиа и Грциjа за 4 години окупациjа...
pa toa be Bugarce, toa da go slusnam, za OKUPACIJA......bas mi e milo koga barem eden od Bugarija ke si priznae deka Bugarite bile okupatori ovde....izgleda nikoj ne moze da razbere deka Makedonecot ne e zloben covek..dovolno e da mu se pokaat, toj znae da prosti..ne da zaboravi, no da prosti..e sega veke mozeme da si bidime prijateli..
Soreno
pa Makedonija bese del od Jugoslavija..znaci, dolgot ni pripajga i na nas..toa sto Tito vi go prosti i vie ne plativte, toa e sosem druga tema..ovde zboruvame za PRICINATA na voena otsteta..OKUPACIJA i VOENI ZLOSTORSTVA...
spas72
ti blagodaram od se srce..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom