Болести на забите

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Парадентоза

Всуштност парадентозата претставува нормална појава, но ако се јави во младитте години во тој случај претставува многу опасна болест. Оваа болест се состои во тоа што настанува воспаление на коската,која со текот на времето се троши и исчезнува.Со самото исчезнување на забот доаѓа до крварења од нецаа и забите почнуваат да се мрдаат.Доколку овој процес настане порано тогаш во младоста е може да дојде и до паѓање на сите заби.

Доколку забното месе не се повлекува со истата брзина со која исчезнува коската тогаш помеѓу забрното меси и цементот на коренот се создаваат хебови.Со текот на времето овие хебови стануваатсе подлабоки и забите почнуваат да се нишаат.Во овие хебови за време на џвакањето навлегува храна која тешко се остранува по природен пат.Со задржувањето на храната во хеповите доаѓа до навала на микроби,воспаление и гноење.

Парадентозата може да биде природен процес на недостаток на ткива. Оваа болест има наследен карактер.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Вадење умници

Осмиците, во народот познати како умници , поточно трети катници се прекумерни заби, бидејќи модерниот homo sapiens има премала вилица за да ги собере сите 32 заба кои ги предвидела природата...


Осмиците, во народот познати како умници , поточно трети катници се прекумерни заби, бидејќи модерниот homo sapiens има премала вилица за да ги собере сите 32 заба кои ги предвидела природата. Исто така се повообичаено е воопшто и да не се појават осмиците но понекогаш може да се види и четврт умник !

Третите катници знаат да прават разни проблеми, од перикоронитис (воспаление на гингивата околу круната на полу-изникнатиот умник), апсцеси, ортодонски аномалии-најчесто компресија како резултат на притискањето на сите заби према напред до разорување на корените на другите катници („седмици“) заради притисокот. Индикацијата за вадење на умкиците ја поставува стоматолог, а кога се недостапни оперативно ги вади орален хирург. Операцијата се вика алвеотомија, се изведува амбулантски во локална анестезија, најчесто кога е одлучено да се извадат сите четири умници во еден зафат.

Има многу прашања за тоа како да се однесуваат пациентите пред и по зафатот, и еве неколку совети:
· договорете вадење на еден умник, па за една недела следниот и тн.;
· договрете ја операцијата за во петок, така да во понеделник да можете нормално да отидете на работа;
· 2 часа пред зафатот најадете се добро, но не со тешка храна ;
· ако не поднесувате болка, консултирајте се со вашиот лекар за земање аналгетици пред зафатот;
· ако сте вознемирени и уплашени, консултирајте се со вашиотлекар за земање на седативи ( како на пример диазепам) 45 минути пред зафатот-во тој случај треба да имате придружник ;
· дома имајте спремен лед за ладни оболги и евентуално аналгетик против болки;
· можно е да има потреба од антибиотска терапија-за што ќе одлучи вашиот стоматолог ;
· прашајте кому да се јавите во текот на викендот во случај на обилно крварење, јаки болки, голем оток и сл.

Во најголем дел ова се само мерки на предострожност за да се намали ризикот од компликации за време и по зафатот, кој во најголем број случаи поминува без значајни проблеми и тегоби.
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Скај, според твоите постови имам кариес ... докторите велат оти ништо не ми е :toe: што да правам, докторе? :smir:
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
69
Поени од реакции
8
Носам протеза веќе една година и сега ми ставија палатинален лак. Ама некако голем изгледа ми го направија и не можам да зборам (јазикот ми удира во тоа и зборам ко дебил) . И се јавив на докторката ама она вика дека не е голем, така требало да биде ама имам осеќај дека ме одјебува само за да не го прават пак. Ја го допирам тоа чудото само однапред 3-4 мм. Зашто треба да е големо 1,5 цм. Ај ако знаеш нешто за ова пиши. Иначе го носам овој лаков пошто имам длабок загриз, а предните горни кецови ми се многу напред и сега треба да се вратат.
 

E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Аууу ... аман бе дечко... од шо мака да ги вадам сите умници наеднаш...ќе си ги извадам еден по еден ако ми прат проблеми,ако не,нека си седат :):)... а инаку старите викаат со секој паднат (изваден) умник ти бега дел од паметот така да... поарно да не ги вадам :):):)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Скај, според твоите постови имам кариес ... докторите велат оти ништо не ми е :toe: што да правам, докторе? :smir:
Те лажат:) Или не сакаат да ти земат пари:)

Аууу ... аман бе дечко... од шо мака да ги вадам сите умници наеднаш...ќе си ги извадам еден по еден ако ми прат проблеми,ако не,нека си седат :):)... а инаку старите викаат со секој паднат (изваден) умник ти бега дел од паметот така да... поарно да не ги вадам :):):)
Имаш две опции да им веруваш на некои медицински лица кои го обсмислиле сето тоа, но сето тоа зависи и од самата личност.

Или пак старата поговрка не дирај лава док спава:)

Носам протеза веќе една година и сега ми ставија палатинален лак. Ама некако голем изгледа ми го направија и не можам да зборам (јазикот ми удира во тоа и зборам ко дебил) . И се јавив на докторката ама она вика дека не е голем, така требало да биде ама имам осеќај дека ме одјебува само за да не го прават пак. Ја го допирам тоа чудото само однапред 3-4 мм. Зашто треба да е големо 1,5 цм. Ај ако знаеш нешто за ова пиши. Иначе го носам овој лаков пошто имам длабок загриз, а предните горни кецови ми се многу напред и сега треба да се вратат.
Вака сеа...

За кецовите ќе треба да носиш фиксна протеза се додека не се исрпават. Тој период за носење зависи до твоите заби до друг никој.

Додека за лакот можеби Докторката е во право зачекај додека заздрават па ќе видиш дали е многу големо ако не, тогаш под итно менувај забар.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Тие кои добиле совет да ги извадат умниците, им препорачувам да го сторат тоа што побрзо. Нема страв-нестрав, веќе има премногу случаи со дупло пострашна мака од многу чекање. Задолжително се расипуваат во позрели години, ако не и порано.
Мене умниците ми правеа проблем така што се развиваа 'хоризонтално' и буквално ги збиваа сите други заби во долната вилица (хармоника ефекат). Ем некорисни, ем бељаџии. Имав опција или да вадам здрави заби или нив за да обезбедам простор во вилицата (носев протеза).
Е немаше шанси да жртвувам прави здрави заби наместо умниците, и бидејќи немаа никнато, со операциски зафат пред 2 недели ми го извадија едниот, а другиот ќе го средам нареднава недела.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Може да се јават компликации ако вадењето трае предолго (една од можните причини-недоразвиен заб на кој неможе да му се најде крајот и не се знае кој крај да му се фати за да се извади), па оттаму иде и поголема траума на делот од вилицата кој бил сечен/влечен, поголем оток и можна температура. Во тој случај обавезно се препишуваат поише инекции, а ако ги средиле полесно ќе поминат само со гарамицин.
Друго...за отокот, 24часовна нега со ладни облоги НО НИКАКО СО МРАЗ ДИРЕКТНО НА ОТОКОТ и НИКАКО ПОДОЛГО ОД 24 ЧАСА (бидејќи тоа ќе доведе до спротивен ефект), иако отокот нема да се намалува и ќе продолжи да боли.
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Може да се јават компликации ако вадењето трае предолго (една од можните причини-недоразвиен заб на кој неможе да му се најде крајот и не се знае кој крај да му се фати за да се извади), па оттаму иде и поголема траума на делот од вилицата кој бил сечен/влечен, поголем оток и можна температура. Во тој случај обавезно се препишуваат поише инекции, а ако ги средиле полесно ќе поминат само со гарамицин.
Друго...за отокот, 24часовна нега со ладни облоги НО НИКАКО СО МРАЗ ДИРЕКТНО НА ОТОКОТ и НИКАКО ПОДОЛГО ОД 24 ЧАСА (бидејќи тоа ќе доведе до спротивен ефект), иако отокот нема да се намалува и ќе продолжи да боли.
Инекции? Под дифолт идат? Без разлика дали е лесно/мачно ваден умникот?
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Инекции? Под дифолт идат? Без разлика дали е лесно/мачно ваден умникот?
Мислам дека да, особено ако качиш температура на отокот во првиот ден:), а ко шо приметив сите качуваат. Не се страшни, антибиотичиња, ти ги тупнуваат ко заштита од загнојување, температура и бла бла.
А всушност, зависи и од лекарот:smir:.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Кој е кандидат за импланти?

Доколку сте заинтересирани да надокнадите еден или повеќе заби, имплантите можеби се идеална опција за вас. Меѓутоа, не е секој добар кандидат за импланти. Добар кандидат би требало да ги исполнува следниве услови :


Доколку сте заинтересирани да надокнадите еден или повеќе заби, имплантите можеби се идеална опција за вас. Меѓутоа, не е секој добар кандидат за импланти. Добар кандидат би требало да ги исполнува следниве услови :
• Добро општо здравје
• Здрави непца
• Доволно коскено ткиво да ги подржи имплантите.
• Пациентот мора да биде посветен во одржувањето на добрата орална хигиена на имплантираните заби и непцата. Дневно миење на забите и користење на конец за заби се неопходни. Редовни посети на стоматолог се исто така многу важни.



Некои луѓе не се добри кандидати за имплантирање на заби. Тоа се:
• Млади пациенти чии вилици сеуште не се во потполност развиени.
• Трудници
• Пушачи - пушењето го спречува зарастувањето на раните во устата и ги намалува шансите за успешно прифаќање и вградување на забите.
• Пациенти зрачени во пределот на главата и вратот.
• Луѓе кои имаат хронични болести или системски болести, вклучувајќи висок крвен притисок, дијабет, хемофилија, изразена генерализирана остеопороза итн. Исто така и пациенти кои:
• Се на хронична терапија со лекови како кортикостероиди.
• Кои патат од бруксизам, овие навики довдуваат до преголем притисок врз имплантите и со тоа зголемена можност за отфлање на имплантот.




Вградувањето на имплант бара стручен тим во кој мора да има хирург (обично орален хирург или парадентолог) кој го поставува имплантот.

Само вашиот стоматолог може да оцени дали сте добар кандидат за поставување на имплант. Пред оваа интервенција неопходно е со клинички преглед да се утврдат сите погоре набројани парамтри, а посебно да се исклучат сите можни контраиндикации.
 

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
а шо да праам со тоа што понекогаш ми крварат непцата кога мијам заби?пред некое време тоа мн често ми се случуваше, и бев на забар на контрола и таа ништо не примети,и пошто ме прошиша набрзина не ни имав време да и кажам ама тогаш непцата ми беа супер.....ама ми е страв да не ми е нешто......иначе секој ден пијам витамин ц ама не сум сигирна колку ми помага...
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
241
Поени од реакции
5
Па покрај витамините препорачливо е пред четкане да ги плакнеш забите со хидроген 3% и да си набавиш еден препарат Gengigel, но има и поефтина варијанта со исто дејство gingival C која се нанесува пред спиење со блага масажа
 

Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
hi

Пародонтопатија


Пародонтопатијата претставува заболување на потпорното ткиво на забите - ткивото што го држи забот прицврстен во коската. Ова заболување доведува до постапно и неповратно повлекување на непцата од забите, соголување и расклатување на забите.
Забен камен

Главна причина за пародонтопатијата е забниот плак.

Забниот плак се меките жолтеникави наслаги на забите во кои се размножуваат бактериите од усната празнина со остатоците од храната. Тука бактериите ги создаваат киселите продукти на нивниот метаболизам и на тој начин доведуваат до растварање на емајлот на забите, и воспалување на непцата.

Забниот плак најпрво се создава на просторот меѓу непцето и забот - вратот на забите и во длабоките засеци на џвакалните површини на катниците. Ако не се исчисти навреме (со помош на четка и паста за заби) плакот се шири и ќе ги препокрие забите целосно.

Ако забниот плак се остави на забите подолго (4 недели) тој почнува да преминува во забен камен.

Забниот камен се чисти многу потешко од забниот плак и најчесто е потребна посета на стоматологот за целосно и правлно да се отстрани.
Здр јас по цело време ги мијам забите па пак имам камен (во внатрешноста на предните долни заби?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
И јас имам таков проблем. Земи со конец навечер после миење заби поминувај ги измеѓу. Резултатите се неверојатни! Почна драстично да ми се намалува каменот.
Ти го препорачувам Johnoson&Johnoson Whitening конецот за заби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom