Болести на забите

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Криви заби

Неправилната, искривена поставеност на забите е најчеста ортодонтска аномалија и претставува помал или поголем естетски недостаток но исто така и функционално оштетување на забниот апарат и системот за џвакање во целина.

Кои проблеми се јавуваат поради кривите заби?

Функцијата на криво поставените заби е послаба, одржувањето на хигена е потешко и заради тоа на нив се таложат меки наслаги и повеќе се расипуваат - кај нив повеќе се јавува кариес. Исто така, во детска возраст неправилно поставените предни заби најчесто се подложни на трауми.

Нелечените ортодонтски неправилности може да го попречуваат правилниот развој на говорот и со тоа да бидат причина за психички трауми.Подоцна вакви состојби се причина за потешка протетска рехабилитација.

Никнувањето на забите може да биде пратено со различни пречки, а присуството на некои лоши навики може да доведе до неправилно поствување на забите во забните низови: тие можат да бидат искривени, извртени, наведнати или пак да не се на своето место.

Причини за криво поставување на забите има повеќе.


Понекогаш новите (трајните) заби се поголеми од местото каде што треба да се сместат во вилицата и затоа се преклопени и искривени.

Прераното вадење на млечните заби (кои се чувари на местото за трајните заби) може да предизвика губење на местото, несоодветно развивање на вилицата и со тоа криво поставување на трајните заби.

Лошите навики како цицање на прст, гризење на нокти или други предмети -моливи и сл. , гризење на усници, притискање на јазикот, дишење на уста исто така можат да доведат до пореметувања во правилното поставување на забите.

Редовното посетување на стоматологот овозможува рано откривање и навремено третирање на овие аномалии.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Фокални инфекции - Фокуси - Фокалози

Фокус е хронично воспалително жариште, ограничено од околните ткива, слабо прокрвено и со слаба надворешна комуникација, а со присуство на организми со помала вирулентност. Фокалното жариште е во состојба повремено да егзацербира (да се засили, активира) и со своето штетно дејство да предизвика заболување на различни органи и системи.

За да се формира фокус од некое воспалително жариште, мора да се исполнат следните услови:

воспалението да има хроничен еволутивен тек
често е потребно да биде ограничено од околината, со што неговите штетни агенси ќе бидат распространувани низ организмот по крвен или лимфен пат. ( Постојат и т.н. „отворени жаришта“ како на пример длабоки пародонтални џебови кои се во некаква комуникација со надворешната средина)
микроорганизмите да се слабо вирулентни (со слаба моќ да предизвикаат инфекција)
жариштето да е слабо прокрвено со што тие микроорганизми на некој начин се заштитени од општото дејство на одбрамбените механизми на организмот
имунолошките сили на организмот да се на доволна висина со што не може да дојде до акутно воспаление

За начинот на кој едно фокално жариште може да го изрази штетното дејство има повеќе теории, кои за причинители ги земаат:

микроорганизмите од фокалното жариште
бактериските токсини (отрови) кои се создаваат во жариштето
изменетите реакции на нервниот систем, кои под дејство на фокалната инфекција имаат пореметена функција
алергените супстанции кои се создаваат во фокусот. Овие супстанции го поттикнуваат организмот на создавање на антитела кои реагираат со антигените, и во зависност од местото на реакцијата антиген-антитело се јавува различно заболување, на различен орган или систем во орагнизмот

Воспалителните промени поврзани со забите според некои истражувачи се одговорни за 70% од сите фокални заболувања. Фокусите истотака можат да бидат лоцирани и на други органи, како на пример во крајниците (т.н. тонзилогени фокуси), носните синуси, матката, простатата и други органи.

Дентални фокални жаришта можат да бидат:

хронични пародонтални заболувања
цисти
депулпирани заби
импактирани заби (заби кои немаат можност да никнат поради недостаток на простор)
пародонтали џебови
заостанати грануломи

Како се манифестира фокалозата?

Активноста на примарното жариште е пратено со општи, неспецифични, некарактеристични симптоми – замор, малаксаност, слабеење, главоболки, несоница, поспаност, слабо покачена температура навечер. Овие општи симптоми им претходат на главните симптоми , а тоа се симптомите на зафатениот орган.

Главните симптоми се различни и зависат од органот кој е зафатен:

зглобови (болки, пореметено движење) - артритис
срце (појава на шум на срце) - ендокардитис
бубрези (појава на протеини во урина) - нефритис
очи ( болки, солзење, црвенило) - иридоциклитис, невритис на очниот нерв

Која е терапијата на фокалните заболувања?

Кај вистинските фокуси, терапијата се состои во отстранување (хируршко) на фокалното воспаление, и терапија на последиците од влијанието на фокусот на другите органи или системи.

Зошто е важно знаењето за фокалните заболувања?

Потребата за поголеми знаења за овие заболувања кај пациентите е важна заради потенцирањето на поврзаноста на здравјето на забите и ткивата на устата со општото здравје. Иако современата стоматологија има се' подобри методи за третирање на заболувањата во устата, не треба да се заборави дека болестите на забите и устата се болести на целиот организам. Грижата за здравјето на забите и устата е воедно грижа и за целосното здравје на организмот.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Пародонтопатија


Пародонтопатијата претставува заболување на потпорното ткиво на забите - ткивото што го држи забот прицврстен во коската. Ова заболување доведува до постапно и неповратно повлекување на непцата од забите, соголување и расклатување на забите.
Забен камен

Главна причина за пародонтопатијата е забниот плак.

Забниот плак се меките жолтеникави наслаги на забите во кои се размножуваат бактериите од усната празнина со остатоците од храната. Тука бактериите ги создаваат киселите продукти на нивниот метаболизам и на тој начин доведуваат до растварање на емајлот на забите, и воспалување на непцата.

Забниот плак најпрво се создава на просторот меѓу непцето и забот - вратот на забите и во длабоките засеци на џвакалните површини на катниците. Ако не се исчисти навреме (со помош на четка и паста за заби) плакот се шири и ќе ги препокрие забите целосно.

Ако забниот плак се остави на забите подолго (4 недели) тој почнува да преминува во забен камен.

Забниот камен се чисти многу потешко од забниот плак и најчесто е потребна посета на стоматологот за целосно и правлно да се отстрани.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
За кариесот

Забниот кариес, познат и како расипување на забите, претставува хемиско-паразитарно заболување на тврдите ткива на забите кое доведува до нивно распаѓање и не може да се излечи со природните механизми на одбрана на организмот. Кариесот, заедно со грипот е најраспространета болест на човештвото -од неа боледуваат 95% од луѓето.

Кариесот е болест која скоро целосно може да се спречи. За да се постигне тоа, потребно е познавање на факторите кои влијаат на неговото почесто или поретко појавување:

Фактори кои влијаат на појавата на кариесот се:

Општи фактори

1. Наследност - Во некои фамилии кариесот е повеќе застапен од во други
2. Возраст - Кариесот се јавува помеѓу повеќе од 18-25 година после што стагнира и повторно се зачестува од 35-45 годишна возраст
3. Пол - Кариесот е позастапен кај женскиот пол, посебно во периодот на бременост и доење, како резултат на промените во усната празнина поради хормоналниот дисбаланс
4. Исхрана - Некои видови храна делуваат против настанувањeто на кариесот, а некои во негов прилог
5. Други болести - некои болести придонесуваат и до поголема појава на кариес ( рахитис, авитаминоза А )

Локални фактори

1. Обликот и поставеноста на забите - неправилно поставените заби се поподложни на кариес
2. Составот на плунката - при густа и леплива плунка, макар и обилна, кариесот е почест.
3.Хигиената на устата и забите - недоволното одржување на хигиена (четкање, користење на забен конец и сл.) го поттикнува кариесот.


Шематски приказ на заб со кариес

Како настанува кариесот?

Бактериите од забниот плак ги разградуваат јаглехидратите (шеќерите) од храната и создаваат киселини кои го раствараат забниот емајл. Плитката пукнатина набрзо се продлабочува и кога процесот ќе стигне до дентинот, ширењето на кариесот е многу побрзо. Ако кариесот стигне до забната пулпа, каде што се сместени нервите и крвните садови на забот, забот се воспалува и може да се појави и апсцес - ограничена гнојна кеса на врвот од коренот (корените) на забот.

Кои се симптомите на кариесот?

Во почетокот забот е чувствителен на слатко или кисело, и на промена на температура - реагира на топло и повеќе на ладно. На површината се забележува бело-жолтеникава дамка која со тек на време се зголемува и/или станува потемна и се продлабочува. Кога ќе се воспали нервот се јавува силна, постојана болка а ако се формира апсцес може да се јави и оток и зголемена температура.

Како се лекува кариесот?

Ако кариесот е површен (ако не е зафатена и пулпата) лекувањето се состои во отстранување на размекнатите и инфицирани делови и исполнување на шуплината со пломба.

Ако забот е многу разорен, може да се јави потреба од изработка на коронка (навлака) за да се овозможи функцијата на забот.

Ако е зафатена и пулпата, најчесто е потребен ендодонтски третман - отстранување на пулпата, чистење и проширување на коренските канали и исполнување со трајно полнење по што се става пломба.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Заболувањата во устата и атеросклерозата

Здравјето на устата и забите е директно поврзана со појавата на атеросклерозата.

При оваа хронична болест доаѓа до промени на крвните садови - нивно стеснување и намалување на нивната еластичност. Овие процеси се резултат на натрупување на масти, холестерол, клеточни продукти и калциум во ѕидот на крвните садови во вид на т.н „плаки“.

Како резултат на овие промени, се зголемува ризикот од формирање тромби (згрутчена крв) во крвните садови, како и нивно пукање и крварење.

Здравјето на ткивата во усната празнина е директно поврзано со атеросклерозата и компликациите од неа:

Периодонталните заболувања го зголемуваат ризикот од атеросклеротични промени на крвните садови поради присуството на вирулентни бактерии кои често доаѓаат и во општиот крвоток.

Покажано е дека во 40% од случаите при четкање на забите, кај луѓето со заболувања на периодонталните ткива, може да се докаже присуство на бактерии во крвта. Ова значително го зголемува ризикот од атеросклероза како и брзината на нејзиното развивање.

Најдобар начин за спречување на овие проблеми е со редовно одржување на хигиена на ткивата во усната празнина и водење грижа за здравјето на забите.
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
Функцијата на криво поставените заби е послаба, одржувањето на хигена е потешко и заради тоа на нив се таложат меки наслаги и повеќе се расипуваат - кај нив повеќе се јавува кариес. Исто така, во детска возраст неправилно поставените предни заби најчесто се подложни на трауми.

vo koj smisol poslaba?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Па напишано е после тоа:) иначе една од функциите е гмечењето на храната.:)
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
spored mene da se reci deka zabot ako e vo kriva polozba ima poslabi funkcii ne e bas tocno...zs ako nekoj ima kriv zab ja gmeci hranata (i mn cesto ne sozdava ni problemi) ali normalno si ima posledici na sistemot, higienata itn...
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
spored mene da se reci deka zabot ako e vo kriva polozba ima poslabi funkcii ne e bas tocno...zs ako nekoj ima kriv zab ja gmeci hranata (i mn cesto ne sozdava ni problemi) ali normalno si ima posledici na sistemot, higienata itn...
Можеби не прави проблеми при јадењето но создава естетски проблем. Однсно доколку Тројката (канинот) е наведнат било да е лево-десно напед-назад усните ја губат својата правилна форма.
Но доколку се искриви на пример централниот инцизив(кецот) храната и не ќе може многу лесно да се џвака(месо, потврда храна) што автоматски оптеретеноста се префрла на задните заби(забите во транс-канински простор). Решение протеза.

Ќе се обидам да ти пообјаснам повеќе но сори сега немам време. :smir: Се надевам тоа ќе биде вечерва или најверојатно утре.:smir:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Скај, едно прашање офтопик, да не си стоматолог случајно? :smir:
 
Член од
23 септември 2007
Мислења
61
Поени од реакции
0
Можеби не прави проблеми при јадењето но создава естетски проблем. Однсно доколку Тројката (канинот) е наведнат било да е лево-десно напед-назад усните ја губат својата правилна форма.
Но доколку се искриви на пример централниот инцизив(кецот) храната и не ќе може многу лесно да се џвака(месо, потврда храна) што автоматски оптеретеноста се префрла на задните заби(забите во транс-канински простор). Решение протеза.

Ќе се обидам да ти пообјаснам повеќе но сори сега немам време. :smir: Се надевам тоа ќе биде вечерва или најверојатно утре.:smir:
so prednite ne se dzvaka :D se slozvam so to so si pisal...ali pokraj estetski problem glavniot e prenosot na pritisokot pri dzvakanjeto (moze i da gresam ali...)

komplimenti za temava...jasno si opisal :smir:
p.s. ne zaboravaj da doobjasnis:helou:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
so prednite ne se dzvaka :D se slozvam so to so si pisal...ali pokraj estetski problem glavniot e prenosot na pritisokot pri dzvakanjeto (moze i da gresam ali...)

komplimenti za temava...jasno si opisal :smir:
p.s. ne zaboravaj da doobjasnis:helou:
За болдираното.. моја грешка за сечење на храната:) сепак тие се секачи.

А за преносот, епа џвако-притисокот се намалува, се нарушува пренесувањето на притисокот при џвакање-сечење на храната од кецот со што главниот притисок односно најјакиот притисок се пренесува кај задните заби, поради што таквите личности со тој проблем на таков начин ја јадат храната:)
 

Sasence

V.I.P-very important princess
Член од
21 ноември 2005
Мислења
154
Поени од реакции
1
Гангрената на забите настанува со продирање на бактеријата,најчесто од некој дел на забот,кој е отворен па се до пулпата на забот.Пулпата се состои од лимфни елементи,крвни садови и живци кои се заштитени со тврдо забно ткиво.Кога гангрената ке се развие кажуваме дека тој заб е авитален т.е мртов.Обично доаа до продирање на инфекцијата низ отворот на коренскиот канал на врвот на коренот во коската.Исто така често се случува гангрената да се развие безболно и пациентот да не примети ништо друго освен тоа дека неговиот заб потемнал.Да се лечи може,а зависи од тоа дали се работи за отворен или затворен тип на гангрена.Во секој случај неопходно е да се дезинфицира коренскиот канал.Кога каналот ке се среди се полни со коренска надоградба и навлака.Лечењето на гангрена на забите со еден корен може да се изведе сосема корекно но ако се работи за умници и горнокатниците или забите со криви и разгранети канали оди доста потешко.Причината на настанувањето на оваа болест е кариесот,неправилно ставени пломби но може и без некоја поголема причина кај луге со целосно здрави заби.
Постојат и потешки случаи кога се работи за гангрената како на пример кога е во комбинација со пулпитис(воспаление на живецот).Тогаш имаме појава на две дијагнози,едниот живец е умртвен а другиот жив и воспален.Гангрената е препознатлива по непријатниот мирис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom