Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.487
И на мене Алегри Максе
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Za problemi so ramo, pri trening na gradi, povekje vezbam na mashini - ovaa mi e najdobra teretana do sega sho sum bil, ima hameri kako ramen / kos benc, pod razlicni agli i shirina na hvat.

Прегледај го приврзокот 387051

Прегледај го приврзокот 387052

Namesto ramen benc ja koristam ovaa, prv pat ja gledam tuka, super e, mnogu povekje gi aktivira gradite.

Прегледај го приврзокот 387053

Drugo, po malku go skratuvam dvizenjeto na spustanje, na delot koga osekjam deka ima bolka ili pogolem teret na ramoto, toa pomaga kaj mene.

Bev i na fizio tuka, mi proveruvase rang na dvizenje i dade nekoi vezbi za toa, ako go najdam listot kje go postiram tuka.
Последнава ја имав во претходна теретана, а Тоше во Гладијатор ја имаше земено некаде 2014та, јас ја правев последна за памп, никогаш замена за класичен бенч.
За рамото мене ми помагаат: загревање и овие вежби, плус бучици наместо шипка.
Автоматски споено мислење:

Едит: сега се измерив на гладно, после серење. 73.5 кила сум. У шок паднав, цело време мислев 76/7 сум. Реално ако сакам да ги исчистам спојлерите најверојатно ке треба да симнам докај 70. Страв ми е малку, 70 кила не сум бил 3-4 години..
Не знам која ти е причината за да се чистиш до крај, но летото е скоро при крај. Јас би се фокусирал на "чист балк" до нареден Март и би гледал да зголемам мускулна маса и сила, вака со секое чистење го заебуваш метаболизмот и губиш мускул.
Додека си на маса продолжи си со кардио, гледај да ја дигнеш потрошувачката на калории нагоре со што ќе мораш да внесуваш повеќе калории а со тоа и повеќе нутритиенти (читај побрз раст, и полесно чистење).
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.427
Поени од реакции
13.487
Последнава ја имав во претходна теретана, а Тоше во Гладијатор ја имаше земено некаде 2014та, јас ја правев последна за памп, никогаш замена за класичен бенч.
За рамото мене ми помагаат: загревање и овие вежби, плус бучици наместо шипка.
Автоматски споено мислење:


Не знам која ти е причината за да се чистиш до крај, но летото е скоро при крај. Јас би се фокусирал на "чист балк" до нареден Март и би гледал да зголемам мускулна маса и сила, вака со секое чистење го заебуваш метаболизмот и губиш мускул.
Додека си на маса продолжи си со кардио, гледај да ја дигнеш потрошувачката на калории нагоре со што ќе мораш да внесуваш повеќе калории а со тоа и повеќе нутритиенти (читај побрз раст, и полесно чистење).
Демек до колку кила со Чист Балк? Ако качам кила ке идат у спојлери и стомак и ке бидат уште поголеми.
 
Член од
4 ноември 2011
Мислења
59
Поени од реакции
14
Демек до колку кила со Чист Балк? Ако качам кила ке идат у спојлери и стомак и ке бидат уште поголеми.
200-400грама неделно. Мери се секое сабајле после вц, гол. Вади просеци на килажа.
Не се оптеретувај со килажа пошто ќе зголемиш на вага поради повисок внес на хидрати па доаѓа до задржување вода во телото.
Вагата користи ја како еден показател за напредок.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.707
Поени од реакции
11.527
Сите различно му кажавме на човекот.
Наравоучение: треба да пробаш повеќе методи (cut и bulk) во неколку циклуси и ќе видиш што најмногу ти одговара.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Демек до колку кила со Чист Балк? Ако качам кила ке идат у спојлери и стомак и ке бидат уште поголеми.
Неделно вишок од 1500-2000ккал, грубо ова ти е околу 1кг месечно.
Нема да се зголемат, затоа и ти реков да не го прекинуваш кардиото, плус да прогресираш во поглед на сила. Ова што ти го зборувам е слично на "body recomposition" (само за ова ти треба да си 200-300 дефицит дневно).
Јас калориите ги прилагодувам во однос на денот, не ми се фиксни, само гледано на неделно ниво сум во суфицит. Пример ако имам ден за големи мускулни групи (нозе, грб), тогаш внесувам и суфицит од +600-700ккал и повисок внес на јаглехирати, ако не одам воопшто во теретана ретко одам со суфицит повеќе од 200ккал.
Не се замарај до тој степен со филмовите за низок процент на масти, дури и да си 17-20% ако имаш солидна мускулна маса ќе изгледаш добро.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.707
Поени од реакции
11.527
Не се замарај до тој степен со филмовите за низок процент на масти, дури и да си 17-20% ако имаш солидна мускулна маса ќе изгледаш добро.
Тоа е точно, ама замисли иста таа солидна мускулна маса со 10-12% масти :vozbud:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Тоа е точно, ама замисли иста таа солидна мускулна маса со 10-12% масти :vozbud:
Да, се согласувам дека изгледа добро, но е скапо (се губи многу мускул, нерви и пари) :D

Мое мислење е дека ако не си природно „чист“ тогаш спуштање на ваков процент вреди само после 2-3 години константен чист балк, инаку само ќе си го губиш времето и ќе тапкаш во место.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.324
Поени од реакции
5.362
Го копирам текстот од другата тема:

Ми се јавија некои здравствени проблеми, по пиењето на утринскиот шејк (веј протеин, ленено семе, лешник, кокосово масло и замрзната малина) почнаа да се јавуваат симптоми (вртоглавица, сува уста, потреба за често мокрење, а тешко т.е мора да напнеш за да мочаш и замаглен вид од блиску). Тоа почна од средата... петок пиев само протеин и бев добар, сабота пак правев шејк и истите симптоми се јавија како ланчана реакција, а од недела наваму го немам правено и сум добар.
Крвната слика добра, освен покачена уреа, очите добри. Имуноглобулинот Е е 4 пати поголем од границата, што значи организмот ми се бори против нешто.
Врвен кардиохирург во земјата сумња дека се работи за преголем внес на протеини што доведува до проблеми со бубрезите и бара да направам диференцијална крвна слика, посебно да се испитат уреа и креатинин и да се испита мокрача. Чудно некако пошто продолжив јас со висок внес на протеини, само без шејкот и ги немам симптомите.

Јас ќе одам ќе испитам нормално, него ме занимаат мислења од форумџиските доктори и искуства од луѓе кои имале слични проблеми.

Ќе те цитирам на оваа тема зошто мислам дека е посоодветна.

Дали ти се намали уреа од тогаш? Пиеше нешто и дали намали со внес на протеини?
Направив крвна слика за сосема друга работа и ми искочи зголемена уреа.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали е признаен? без разлика тука или надвор
Би се обложил дека не е.
Најдобро е да им пишеш маил да ти пратат инфо за акредитацијата и во која институција ја имаат направено и во кои земји се признава во целост (ова во случај ако вратат дека е признаено надвор).

И имај во предвид дека надвор најчесто имаат локални сертификати и дополнителни правила. Кај мене тука мора да земеш локален сертификат, и е поделен на неколку нивоа. Поради осигурувањата никој нема да ти даде да водиш тренинзи без сертификат признаен од нивните институции.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom