Би сакал некои од поискусните во оваа тема да ми даде совет.Имам 16 ипол години и сакам да започнам со одење во теретана па моето прашање е дали би ми штетело на ппнатамошниот развој? Колку кила би можел да подигам? Дали ќе ми бидат потребни суплементи(се размислувам за whey протеини) или да ја променам исхраната во попротеинска?
Нема ништо да ти штети на развојот, напротив. Суплементи на почеток не ти требаат, понатака сам одлучи си.. Научи правилна техника на изведување па постепено ќе накачуваш килажи. Ќе дигаш онолку кила со колку што можеш правилно да направиш минимум 8 повторувања на 3 серии. Кога ќе можеш да направиш 3 серии по 12 повторувања со правилна форма, тогаш накачи +2.5кг тежина и почни пак од 8.
Исхраната треба да ти биде попротеинска но најбитно од све да биде разновидна и квалитетна, тоа значи без процесирана и брза храна. За повеќе види во темата за исхрана и можеш и тамо да напишеш каква ти е исхраната моментално па да те корегираат ако треба.
Спиење 7-8 саати дневно.
Најбитно од све: не му ја мисли многу и едноставно почни да вежбаш, праксата е побитна од теоријата, кога ќе влезеш во теретана ќе дојдеш до одговор на многу прашања.