Не една ..... (ама ај да не ја отварам таа конзерва....)
Зошто
не јас ќе те прашам?
Со денешна технологија, др. Craig Venter во 2010 го создаде првиот синтетички произведен организам во лабораториски услови. За нашата стапка на развој, тоа е возможно. Секлузивно местенце, лабораторија, инструментчиња, тоа.
За некоја цивилизација која ги совладала далечините помеѓу ѕвездите ама ич не ми е невозможно да поседува доволно развиена технологија да може создаде вештачки цела биосфера како некој лабораториски експеримент, на територија на цела планета како petri dish.
Да бидеме јасни - не се разјаснети големите изумирања на планетава, по кои најчесто следувало експлозија на разни форми на живот (кои не фаќаат само веќе воспоставени нишки во биосферата, туку цела серија нови - последново, е тоа за кое научниците се уште чешаат глави). Голем број од изумирањата не се ни по редовни интервали, па де речеме некој надворешен ефект е задолжен за тоа.
Уште не е јасна појавата на хуманоидност кај човекот. Летаат само теории кои се помалку подржани од самата теорија на еволуција. За типот на нишка која ние сме ја опфатиле, не било потребно да се создаде таков облик. Особено бипедалноста! Батали хуманоидност.
На National Geographic се обидоа преку еден добар документарец кој, признавам, располагаше со добри факти, да најдат одговор на оваа мистерија, на на крајот пак завршија со слаба теорија, немаше конкретен заклучок. А на научници им треба конкретен заклучок, за да премине нешто од теорија во факт.
Навистина не гледам зошто, како во минатото, така и денес, тие луѓе кои ги виделе "боговите" (во минатото, а вонземјани денес) ги опишуваат доста слични на нас, по изглед. Ако имале бујна фантазија, ваљда сите богови ќе беа со нечовечки атрибути, ама сепак, секој пат на тоа се навраќаме. Зошто некој освен боговите, и тврдењата за вонземјани ги опишува со лик како луѓе? Има доволно бујна фантазија да го замисли нивниот вселенски брод и целата приказна од нивното слетувње до заминувањето, ама не можеле да се потрудат за ликот да измислат нешто? МА ДАЈ ...
Исто, вакви репортажи се глобални. Од Америка, до Русија, до златна Африка. Ваљда сите не страдаме од идентична фатаморгана.
Не би сакал да навлегувам во детали. Доволно имам проучувано шпекулативна еволуција, и егзобиологија да знам кој е ставот на научниот колегиум глобално за теоретскиот изглед на вонземјаните, каков би бил, доколку би не посетиле итн. Не го негирам тоа, но не сакам да го негирам ни ова, кое би требало да биде поалармирачки, бидејќи веќе се случува.
Ако боговите од антиката се вонземјани, тогаш вистина е дека бог(овите) го направиле човекот според својот лик
.
Прашањето станува интересно кога ќе го свртиме во нивна страна - како они настанале, да бидат толку слични на нас?