Dani^^^ напиша:
A без пари да ве прашам здравје како?Парите се многу потребни особено за здравјето денес така да -тоа доктор да купиш здраје не-не ми иде.Коа имаш пари барем ќе си купиш апчиња , ќе платиш операција а ако ги немаш ќе отидеш кај што нетреба многу побрзо...
Куќа и удобност ќе купам со пари-ако немаш пари за убав кревет и спиеш на слама а друг на кралски кревет-што мислите на кој му е поудобно?
Душа неможеш да купиш и да сакаш-така да ни ова не држи вода.
Времето неможеш да го промениш т.е да влијаеш врз него-па имал или немал пари-сеедно е.така да ни ова не иде у прилог на богат а несреќен и сиромашен а среќен.
Книга ќе купиш со пари и ќе учиш школо-факултет кое пак ќе мора да го платиш-ако немаш пари нема ни да се школуваш нема ни да се здобиваш со знаење.
Единственото нешто со пари што не се купува е љубовта.Што незначи дека ако имаш пари по дефолт немаш љубов-чисто срање логикава. КОга некој те сака ,те сака и со пари и без пари така да парите играат мала улога.Тоа единствено од погоре набројаните мудрости за парите држи вода.Сиромаштијата не гарантира среќа(ја би рекла баш обратно) а богатството не гарантира несреќа и обратно. И не би можеќа да изберам од двете понудени опции бидејќи и во двете опции има по нешто што сега го имам и знам дека е возможно да го имаш ако знаеш да го достигнеш и ако доволно го сакаш.Парите се само еден плус во животот кој што во секое време е добро да го имаш. Парите како пари можат да те расипат само ако ти во душата си расипан и лабилен-инаку во секоја друга смисла се позитивна работа.
Како си ја расклопила поговорката
Ова секој на свој начин може да си го толкува но...еве вака јас тоа така го размислувам...
Да купиш кука - но не и удобост...се мисли дек џабе ти е кука со све и свашта кога ако го немаш спокојот во неа како да немаш ништо
Да купиш кревет,но не и сон...се мисли џабе добар удобен кревет па нека е и позлатен ако немаш со кого да го споделиш или ако имаш доста проблеми кои ги носат парите, ке немаш сон дефинитивно.
Да купиш часовник, но не и време...се мисли на тоа дека колку и ролекси да наредиш на раце ако секогаш кога ке погледеш на него и отишол денот, а минута не си поминал со најблиските џаба ти све
Да купиш книга, но не и знаење...тој што има пари може да купи било каква книга, но книгата сама не се чита...ако фајка прашина или сл. џаба на книгите, пак остануваш без тоа богатство што го пишува внатре, а некој друг ке оди во библиотека ке земе и ке прочита и средена работа.
Да купиш функција, но не и почит....самото си кажува се...
Да купиш доктор, но не и здравје...е овде не се мисли да имаш пари и да купиш апчиња или да платиш операција...тука се мисли на екстремен случај...ако ти дошло времето џаба колку и доктори да платиш и колку операции да ти направат, колку и апчиња да се наголташ, ако си за одење на тоа место џаба ти пари.
Да купиш душа, но не и живот...тука може да размислуваш како сакаш...тоа е за кинезите само...тие имаат души
а таму имаат и смртни казни, па на тоа се мисли најочигледно да избави душа ама не и живот. Стара е поговорката...што да се прави.
Да купиш секс, но не и љубов...тука е јасно се...
Ете мое толкување на нештата.