Блиц вести

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
На 28.09.2005 година претседателот на СДСМ д-р. Владо Бучковски и потпретседателот д-р. Илинка Митрева, на покана на г-динот Тони Блер претседател на Лабуристичката партија и Премиер на Велика Британија, присуствуваа на Конгресот на оваа партија.
На средбите со г-динот Блер беше понудена и ветена конкретна поддршка од Лабуристичката партија како за изработката на програмата на СДСМ, така и за водењето на изборната кампања.
Помеѓу останатото е предвидена и посета на експерт од Велика Британија кој ќе работи во изборниот Штаб на СДСМ за време на кампањата.
СДСМ и Лабуристичката партија се сестрински партии кои припаѓаат на иста политичка групација во Европа и взаемната соработка и солидарност се традиционални принципи на делување.
Со оглед на тоа што ВМРО-ДПМНЕ не припаѓа ни на една серозна асоцијација на политички партии во Европа, за нив се туѓи и непознати ваквите принципи на работа, а од друга страна носат свои индивидуални подржувачи само за да се фоторафираат и рекламираат на наменски прес-конференции.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
ВМРО-ДПМНЕ НЕ ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

СДСМ и ЛДП сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не ги исполни ветувањата дадени за време на минатогодишните локални избори за Резултати сега и со тоа ги измами граѓаните, изјавија на денешната заедничка прес конференција Тања Томиќ од СДСМ и Панче Ангелов од ЛДП.

Ваквата оценка, една година од избоприте, како што рече Томиќ, особено се однесува на општините во градот Скопје - Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров, каде, меѓу другото пропустите можеа да се видат во неисчистените улици, бројните дупки на улиците и ненајавените повеќечасовни исклучувања од водоводната мрежа, како и во тоа што тие не започнале ниту еден значаен проект за решавање на проблемите на граѓаните. “Во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Скопје пропаѓа. Ако ДПМНЕ сака да владее со Македонија, како што владее со Скопје, Макдонија ќе оди назад, а не напред“, подвлекува Томиќ. Според неа, единствена светла точка во Скопје е градоначалникот на општина Карпош Андреј Петров од СДСМ кој досега реализирал повеќе проекти, а последниот е за денеска најавеното пуштање во употреба на скејпаркот.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
САСА“ ПОВТОРНО РАБОТИ

Со отворањето на рудникот се враќа и животот во Македонска Каменица
За производство во моментов се ангажирани околу 600 работници, во план е оваа бројка наскоро да се искачи на над 900, а според првичните планови, ќе се експлоатираат околу 700.000 тони олово-цинкова руда годишно

Четиривековната традиција на ископување на олово-цинкова руда во регионот на Македонска Каменица продолжува по четиригодишен застој. Рудникот „Саса“, сместен на осоговските планини, повторно работи, а со тоа се враќа и животот во градот и околината. Новите газди од руската компанија „Ром трејд“ инвестираа околу 20 милиони евра за да го вратат во живот капацитетот „Саса“, кој згасна во 2002 година, кога беше прогласен стечај.

По осум месеци подготовки завчера одново почна ископувањето на олово-цинкова руда во „Саса“. За производство во моментов се ангажирани околу 600 работници, а во план е оваа бројка наскоро да се искачи на над 900. Според првичните планови, годишно ќе се експлоатираат околу 700.000 тони руда. Со дополнителни инвестиции од околу 20 милиони евра годишното производство треба да достигне еден милион тони.

Меѓу жителите на Македонска Каменица веќе се чувствува раздвиженост. Иако е присутна и доза на скептичност, што е и разбирливо со оглед на неколкуте неуспешни обиди за рестартирање на производството, кај сите е очигледна желбата да се продолжи традицијата на Сасите. Тие уште во 17 век ископувале олово-цинкова руда во овој регион. За важноста на рудникот „Саса“ за градот, но и за целиот регион, доволно говори тоа што речиси сите граѓани се согласуваат дека животот во овој град не може нормално да тече без „Саса“ да работи.

Градоначалникот на општината Македонска Каменица, Перо Митревски, вели дека без „Саса“, Каменица е мртов град.

- Обновувањето на производството во рудникот значи нов живот за градот и околината - рече тој.

Со тоа се согласува и генералниот директор на „Саса“, Димитри Кудријаков, и додава дека производството на олово-цинкова руда во овој регион е од огромно значење не само за економскиот развој на околината, туку за целата држава.

- Потребни беа осум месеци за да набавиме опрема и да организираме обука за вработените. Обезбедивме најсовремена опрема од светски реномираните фирми - шведските „Метсо минералс“ и „Атлас копко“ - кои ни помогнаа и со обуката на вработените. Сето тоа овозможи сега да го обновиме производството во еден од најголемите рудници во Македонија и во моментов еден од технички најсовремено опремените рудници на Балканот - вели Кудријаков.

Првите истражувања за можноста за експлоатација на олово-цинкова руда во овој регион се спроведени во 1954 година. Рудникот „Саса“ е пуштен во употреба во 1966 година и успешно работеше се' до 2000 година. Тогаш поради големиот пад на цената на оловото и на цинкот на светските берзи, се направени големи загуби. Во 2002 година „Саса“ отиде во стечај. Сега цените на овие метали повторно се качени на ниво што обезбедува профитабилно работење.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Изјавите на Милошоски политички несериозни

СДСМ смета дека вчерашната изјава на портпаролот на ИШ на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со која ги повикува пензионерите да го казнат СДСМ е политички несериозна, рече денеска на прес-конференција Јани Макрадули, носител на кандидатската листа на колаицијата За Макеоднија заедно во ИЕ 6.

“Политички е несериозно некој во чија програма зборот пензионер не се споменува ниту еднаш, да не обвинува за нашите предложени мерки кон пензионерите“, рече Макрадули. СДСМ, рече Макрадули, не е зачуден ниту од ставот на Милошоски дека Македонија е далеку од ЕУ колку Земјата од Месечината, бидејќи како поранешен портпарол на Љупчо Георгиевски, а сегашен на Груевски заедничко им било тоа што, според него, двајцата сакаат да купуваат државни станови додека се на власт и што не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.

Одговарајќи на новинарски прашања, носителот на листата во шестката, ги отфрли како лажни тврдењата на НСДП дека СДСМ им се заканувал со губење на работните места на граѓаните доколу излегуваат на средби со активисти на новите социјалдемократи. - Очигледно по последните анкети не станува нервозен само ДПМНЕ туку и НСДП и тоа го разбирам единствено како реакција на последните сознанија од сондажите што доаѓаат од теренот според кои паѓа рејтингот на НСДП, вели Макрадули. За правото на СДСМ да ја користи темата на евроинтеграциите како столб на неговата изборна програма, Макрадули подвлече дека секој одговорен политичар мора да работи на евроатланстака интеграција на Македонија, а не како што оценува, како некои партии кои осен на средбите со странците наместо да ги ги подржуваат евроинтеграциите, работат против преку ширење нихилизам, дефетизам, и со користење на погрешни информации за манипулирање на јавноста.

Во врска со последните инциденти, Макрадули упати апел до лидерите на политичките партии од албанскиот политички блок да ги смират страстите и на теренот да понудат концепт и програма бидејќи, како што вели, влогот за европска Македонија е голем и никој нема право да си игра со тоа.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
пред изборни инциденти

Неколку жители на околните згради се затекнале на местото и биле сведоци на престрелката.
- Прво се слушна еден истрел, а потоа почна општа пукотница. Јас бев во близината и отидов да видам што се случува. Имаше стотина луѓе и сите бегаа во различни правци. Ги препознав по маиците што ги носеа на себе, беа портокалови и сини. Набргу дојдоа полицајци, видов како приведуваат неколку лица - изјави очевидец на синоќешната престрелка.

Извор Време
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
СОБИР ВО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, БУГАРИЈА

По односот кон Македонците ќе се види колку во Бугарија се исполнуваат европските демократски стандарди, изјави Стојко Стојков, член на Претседателството на партијата
Почитување на човековите права според европските стандарди е се' што бараат Македонците во Република Бугарија, беше главната порака упатена од вчерашното основачко собрание на обновената ОМО „Илинден“ ПИРИН во бугарскиот град Гоце Делчев. На собирот присуствуваа 530 делегати, кои едногласно го донесоа партискиот статут, а ги избраа и Централниот одбор на партијата и петчленото Претседателство, во чиј состав влегоа Иван Сингартиски, Стојко Стојков, Бото Вангелов, Ангел Безов и Стефан Мицов.

Четириесетина бугарски ултранационалисти, припадници на партиите АТАКА и ВМРО-БНД, се обиделе да го попречат одржувањето на собирот во месниот Дом на култура, меѓутоа, беа спречени од припадниците на полицијата. За да биде и законски регистрирана ОМО „Илинден“ ПИРИН, сега треба да собере и пристапници од 5.000 члена во рок од три месеци. Поддршка за обновувањето на партијата е добиена од сите македонски организации и друштва во Бугарија, со исклучок на ОМО „Илинден“, чиј лидер е Јордан Костадинов.

Оваа партија се обновува откако беше укината со одлуката на Уставниот суд на Бугарија. Претходно таа беше регистрирана во 1999 година, при што на тогашните локални избори освои и две селски општини во околината на градот Гоце Делчев. Европскиот суд за човекови права пред повеќе месеци донесе одлука со која ја осуди бугарската држава за дискриминацијата и попречување на правото на граѓаните на политичко организирање.

Повеќе опозициони и екстремистички партии во Бугарија побараа судот да не ја регистрира ОМО „Илинден“ ПИРИН бидејќи таа била „етничка партија“, чие постоење не е дозволено според бугарскиот устав.

Иван Сингартиски, член на Претседателството на партијата, вчера изјави дека нивната партија не може да се третира како „етничка“.

- Тоа е тезата што се пушта во бугарската јавност, а со цел да не ни се дозволи регистрација. Ние сме граѓанска партија, во која можат да членуваат луѓе од различна националност - Македонци, Бугари, Турци... Тоа што во нашите заложби стои дека ние ќе се бориме за правата на Македонците, не значи дека сме исклучиво етничка партија. Ние добро знаеме што не дозволува Уставот - рече Сингартиски.

Стојко Стојков на прес-конференцијата рече дека „односот кон Македонците ќе биде вистински тест за Република Бугарија за тоа колку таа ги исполнува европските стандарди во однос на демократијата“.

- Ние не бараме ништо друго, ние сме граѓани на Република Бугарија и тука треба да ги остваруваме и да ги добиеме нашите права - рече Стојков, портпарол на партијата.

Тој потенцира дека на сите пописи во Бугарија имало граѓани кои се декларирале како Македонци.

- Во Бугарија наесен треба да се одржат претседателските избори, но ние нема да учествуваме. Планот е да се појавиме на локалните избори в година, а дотогаш ќе се подготвуваме - истакна Стојко Стојков.
Алити: Си ја вршам работата
Македонскиот амбасадор во Софија Абдурахман Алити во изјавата за Радио Фокус Пирин ги демантира информациите дека е вклучен во обновувањето на партијата на Македонците во Бугарија.

- Јас немам што да правам со која било партија. Тука сум да ја претставувам мојата земја и го правам само тоа. Не ми е својствено да се бавам со такви работи и би сакал да знам кој ги пласира таквите информации. Тоа е надвор од мојата надлежност. Знам дека некои луѓе од ОМО-организации сакаат да останат само организација, а некои сакаат партија. Не знам од каков карактер се тие организации и партии - изјави Алити.
Бугарската полиција беше коректна
Двајца екстремисти од бугарските националистички партии АТАКА и ВМРО-БНД по завршетокот на собирот се обиделе физички да ги нападнат членовите на ОМО „Илинден“ ПИРИН. Меѓутоа, припадниците на бугарската полиција успешно го спречиле нападот совладувајќи ги напаѓачите.

Полицијата била коректна на целиот собир. Ултранационалистите носеа знамиња и извикуваа дека „Македонија е Бугарска“, но бугарската полиција, за разлика од неодамнешното чествување кај Роженски манастир, сега беше ефикасна. Неколку најрадикални лица веднаш биле одведени со полициски возила.
Бранко Горгевски
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
КРИСТИНА ГАЛАХ: МАКЕДОНИЈА И ПО ИЗБОРИТЕ СО ИСТ СТАТУС ПРЕД ЕВРОПА

Македонија и по изборниот процес е онаму каде што беше во односите со Европската унија - земја кандидат на која и претстои многу работа кога станува збор за реформите во економијата, политичкиот систем и посебно во борбата против криминалот и владеењето на законите, изјави Кристина Галах, портпарол на специјалниот претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика Хавиер Солана, во интервјуто за Радио Дојче Веле - програма на македонски јазик.

Унијата, додаде Галах, се надева дека новата македонска влада ќе продолжи со исполнување на европската реформска агенда што Македонија ќе ја доближи до европските и евроатлантските институции.

На прашањето дали предизборните инциденти можат даA го нарушат генералниот впечаток за спроведувањето на изборите, Галах одговари дека кон крајот на кампањата и во текот на изборниот ден ситуацијата беше многу подобра, а тоа укажува на напредок. "Генералната оценка за спроведувањето на изборите е позитивна. Процесот се одвиваше во мирна атмосфера, без изнциденти, но со извесни нерегуларности. Ситуацијата беше многу подобра кон крајот на кампањата и на денот на гласањето. Тоа покажува колку е важно да се оди напредA со реформите во владеењето на законот", наведе портпаролот на Солана.

Галах порачува дека Македонија мора целосно да ја спроведе европската реформска агенда и да продолжи со имплементација на Охридскиот рамковен договор. "Сакаме да видиме прогрес во владеењето на законот и во имплементацијата на Рамковниот договор. Тоа само може да помогне во чекорењето кон европските институции", истакна Галах.

Според неа, добрата транзиција на власта од една на друга коалиција е јасен знак за созреаност. "Независно кој ќе ја состави новата влада, треба да продолжи со еконосмките и политичките реформи и со јакнење на институциите. Колку повеќе тоа се реализира со консензус и силна институционална поддршка, толку повеќе сите ќе можат да бидат убедени дека Македонија постепено и се доближува на Европската унија", наведе Галах во интервјуто за Радио Дојче Веле - програма на македонски јазик
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Drn, Drn, Drn, jarinja!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
СКАНДАЛОЗНА ПОСТАПКА НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ

Бугарскиот форензичар Банков, дознава "Вечер", е лекар од општа практика кој воопшто не е стручен да ја врши обдукцијата врз телото на трагично починатото момче Трајан Беќиров, иако и тоа се случи. Имено, според информациите на "Вечер" и официјално тоа треба да се утврди в петок, откога Лекарската комора на Македонија ќе го добие одговорот по испратеното барање за експертиза на Банков до бугарската Лекарска комора во Софија. Изворите на "Вечер" појаснуваат дека "форензичарот" Банков бил дрзок и одбивал да го предаде сивито, па според тоа е отежната коминкацијата меѓу Софија и Велико Трново, местото каде овој доктор е регистриран. Додатно, целата ситуација да биде поапсурдна, Банков во Бугарија работи како лекар за спортска медицина и нема никаква допирна основа со форензиката и судската медицина.
Уште поскандалозен е фактот што и Бугаринот Банков ги потврдил наодите на македонската судска мдицина, во кои е наведено дека момчето Беќиров починало од давење со вода во градите и тоа се задушило и починало. Повредите на главата и на телото биле механички и нанесени од камења и тоа додека телото било во водите на Вардар. Единствена забелешка што ја имал бугарскиот форензичар, а не е толку мудро пласирана, е дека постои можност телото за целото време од 18 дена да не се наоѓало потопено во водите на реката "Вардар".
На неколку наврати досега, Хелсиншкиот комитет тврдеше дека нивниот претставник, "обдукционист" е тој кој даде светлина на случајов.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
И Бучковски составува влада

Паралелно со преговорите на победничката партија ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада, и поразената СДСМ, далеку од очите на јавноста, преговара и бара коалициски партнери за да остане на власт. Според извори од ДПА, кои сакаат да останат анонимни, премиерот во оставка Владо Бучковски завчера во Тетово се сретнал со Арбен Џафери. Двајцата разговарале како да состават мнозинство, во кое не би влегле единствено ВМРО-ДПМНЕ и НСДП. Неофицијално дознаваме дека Бучковски ја изнел идејата да се блокира Груевски со тоа што мнозинство ќе состават СДСМ, ВМРО-Народна партија, ДПА и ДУИ. На тоа, Џафери одговорил: „Ако веќе мора да коалираме со ДУИ, подобро е да бидеме во влада со Љубчо Георгиевски и со Бучковски, отколку со Груевски и со Петковски“.
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
asterix_m напиша:
Паралелно со преговорите на победничката партија ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада, и поразената СДСМ, далеку од очите на јавноста, преговара и бара коалициски партнери за да остане на власт. Според извори од ДПА, кои сакаат да останат анонимни, премиерот во оставка Владо Бучковски завчера во Тетово се сретнал со Арбен Џафери. Двајцата разговарале како да состават мнозинство, во кое не би влегле единствено ВМРО-ДПМНЕ и НСДП. Неофицијално дознаваме дека Бучковски ја изнел идејата да се блокира Груевски со тоа што мнозинство ќе состават СДСМ, ВМРО-Народна партија, ДПА и ДУИ. На тоа, Џафери одговорил: „Ако веќе мора да коалираме со ДУИ, подобро е да бидеме во влада со Љубчо Георгиевски и со Бучковски, отколку со Груевски и со Петковски“.
Ќе видиме Бучковски дали ќе состави влада??Тва за четири години, а и тогаш ќе видаме.

ГРУЕВСКИ-ПРЕМИЕР
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
ПРЕГОВОРИ ЗА НОВАТА ВЛАДА, ДУИ бара 6 ресори, Груевски дава 4

Теута Арифи го мерка МНР, Гзим Острени ресорот одбрана, Фатмир Бесими - финансии, а ДУИ сака да ги задржи и ресорите транспорт и земјоделие

ВМРО-ДПМНЕ ќе и' понуди на ДУИ три министерски места плус едно вицепремиерско, дознаваме од извори во партијата на Никола Груевски. Во ДУИ велат дека нивната почетна позиција ќе бидат пет министерски места плус вицепремиерско, исто колку што имаа и во владата на СДСМ. Разговорите за поделба на ресорите се очекува да почнат денеска.

- Не се точни шпекулациите дека има преговори или дури дека има договор на албанскиот политички блок да му отстапиме шест министерски места. Има две опции. Едната е ако во владата влезат и ДПА и ДУИ, во тој случај сме подготвени да им понудиме четири ресори и по еден потпретседател на владата.

- Ако се коалира само со ДУИ или само со ДПА, би добиле три плус еден. Се' уште не можеме да кажеме кои ресори ќе им припаднат на коалициските партнери, а кои ќе ги задржиме за нас - велат во ВМРО-ДПМНЕ.

И во ДУИ негираат дека на досегашните средби со ВМРО-ДПМНЕ им било понудено или дека тие побарале да се разговара за распределба на ресорите во владата. Но, таму велат дека ако разговорите одат во насока ДУИ да биде дел од власта, во распределбата на ресорите тие ќе стартуваат од позицијата што ја имале во владината коалиција со СДСМ.

- На ДУИ треба да и' припаднат пет министерски места и потпретседател на владата. Нас, не не' интересира дали во владата ќе учествува и ДПА. Нашата преговарачка позиција во распределбата на ресорите ќе произлезе од тоа што ДУИ е победничката партија кај албанскиот електорат, од тоа што имаме 65 отсто поддршка кај Албанците. Распределбата на министерствата не зависи од тоа дали двете партии на Албанците ќе бидат дел од власта. Ако мандатарот и ДПА решат и тие да влезат во владата, партијата на Арбен Џафери не може да има исти позиции со нас, бидејќи тие добија само 35 отсто од албанските гласови. ДПА е изборен губитник и може да влезе во власта од многу други причини, но не и затоа што победиле, како што тврдат - вели претставник од преговарачкиот тим на ДУИ.

Иако ресорската поделба се' уште не дошла на дневен ред, веќе се шпекулира на кои министерства типуваат преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди еден атрактивен ресор, најверојатно Министерството за надворешни работи и два помалку атрактивна - труд и социјала и економија. Во оптек е и варијантата да се подели Министерството за транспорт и врски на две - за сообраќај и за градежништво, па на ДУИ да и' се понуди и градежништвото. Тоа е есапот на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата на Ахмети влегува со своја математика во преговорите. Тие покрај во надворешни, за каде што се зборува дека ја планираат Теута Арифи, би сакале да видат свои кадри и во Министерството за одбрана (Гзим Острени) и за финансии (Фатмир Бесими), а и да ги задржат транспорт и врски и земјоделство.
Новите пратеници на консултации
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше средба затворена за јавноста со пратениците од победничката коалиција „За подобра Македонија“. Како што ни беше речено, средбата е заради консултации пред новите рунди преговори со ДУИ, ДПА и со НСДП. Никој не сакаше да даде изјава ниту пред ниту по средбата.

И покрај најавите на ДПА дека ќе ја чекаат разврската од разговорите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, завчеравечер заменик-претседателот на ДПА Мендух Тачи дојде на средба со идниот мандатар Никола Груевски. Иако потврди дека детално разговарале со Груевски за тоа дали ДПА, ДУИ или и двете партии треба да бидат дел од владата, Тачи одби да каже нешто повеќе.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Љубчо Георгиевски станал Бугарин, а демантира

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски станал бугарски државјанин, а указот со кој неформалниот лидер на ВМРО-народна добил бугарски пасош го потпишал лично претседателот на Бугарија, Георги Прванов, тврди бугарскиот дневен весник „Струма“. Георгиевски, кој е на летен одмор, ги демантираше таквите тврдења. По веста во Струма со тврдење дека тој добил бугарски пасош со потпис на бугарскиот вицепретседател се јави и бугарската агенција Фокус.

„Експремиерот и пратеник во Македонија Љубчо Георгиевски објави: Јас сум Бугарин! и доби државјанство, пасош и жителство во Благоевград, рушејќи ја пирамидата од историски фалсификати на Скопје“, пишува во насловот на текстот на електронското издание на весникот.

Во текстот, пак, се вели дека Георгиевски го добил пасошот неодамна, непосредно пред одржувањето на петтите парламентарни избори во земјава. Авторот на текстот го опишува поранешниот македонски премиер како еден од најпопуларните политичари во земјава.

„Прванов го потпиша указот за државјанство на еден од најпопуларните политичари во западната ни соседна земја“, пишува Струма.

Во текстот, со голем националистички набој својствен за негаторските тенденции кон постоењето на македонскиот народ присутни во некои бугарски политички кругови, се тврди дека „10.000 етнички Бугари во моментот чекаат државјанство, 500.000 души се самоопределуваат во поранешната југословенска република за Бугари, неоспорен факт е - над еден милион имаат крвна врска со Бугарија“.

Повикувајќи се на сопствени извори софиската новинска агенција „Фокус“, тврди дека Георгиевски добил бугарско државјанство еден месец пред парламентарните избори во Македонија.

Според објавеното во „Фокус“, указот за бугарско државјанство на Георгиевски му бил врачен во хотелот „Кристо“, во стариот дел на Благоевград, а документот бил со потпис на бугарскиот вицепретседател Ангел Марин издаден кон крајот на мај годинава. За добивањето на документите лидерот на ВМР-НП ги запазил сите процедури. Документите на бугарскиот граѓанин Љубчо Георгиевски се со адреса во Благоевград, која во тамошната општина била пријавена минатата седмица. Во молбата, пак, на Георгиевски за бугарско државјанство било напишано дека неговите родители по потекло се Бугари, а како доказ бил приложен и соодветен документ, издаден од Агенцијата за Бугарите во странство.

Неформалниот лидер на ВМРО-народна во изјава за Канал 5 ги демантираше пишувањата на бугарскиот весник.

„Пишувањата на бугарскиот весник не се точни. Навикнат сум на лаги и конструкции против мојата личност, лансирани од полициско-политички структури. Сега во Македонија е актуелно составувањето нова влада. Зошто повторно јас сум интересен“, прашува Георгиевски во демантот, не посочувајќи на кои политичко-полициски структури мисли.

Георгиевски, според некои информации, годишниот одмор го минува токму во Бугарија, во елитните излетишта на Златните песоци. Според други извори, пак, неформалниот лидер на ВМРО-народна е на одмор во Русија, наводно со воз крстосува во осознавање на знаменитостите на Руската Федерација.


Монитор: Прванов потврди!

Прес-директорката на претседателот Георги Прванов потврди дека поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски добил бугарско државјанство, објави бугарскиот весник „Монитор“. Весникот не цитира директно изјава на портпаролката Башлиева, а повикувајќи се на сопствени извори тврди дека државјанството е одобрено со указ на потпретседателот Ангел Марин. Весникот цитира и изјава на градоначалникот на Благоевград, кој за информациите дека Георгиевски пријавил адреса на живеење во тој град вели: Не знам за такво нешто, а и немам од кај да знам ако се случило.

Весникот потсетува и на изјава на вицепретседателот Марин, кој деновиве изјавил дека лани биле поднесени околу 12.000 барања за бугарско државјанство од Македонија.


Извор Време
 

Kajgana Shop

На врв Bottom