asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
КОЛУМНА НА РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА ЗА „ДНЕВНИК“
За целта
Без генерална цел функционирањето на Унијата ќе станува се поотежнато. И како што честопати се забележува, дури и кога ЕУ ќе се договори за целите, комплексните институционални односи спречуваат одлучна акција. Тоа ги фрустрира европските политичари, нивните колеги од неевропскиот свет, но најмногу европските граѓани
Многу редови од овие колумни и голем дел од вашето внимание ги „потрошив“ на прашањето што редовно си го поставуваме оваа деценија - што треба да направи Македонија за да заслужи европско членство? Не дека по изборите ќе го занемарам прашањето, ама летнава атмосфера ме тера да „избегам“ од него, поставувајќи едно потешко - во каква Унија ќе влезе Македонија?
Зошто тврдам дека ова е потешко прашање? Многу едноставно: ако за првото ни дале илјадници одговори (и директни и индиректни; и куси и многу долги; и воопштени и ептен конкретни) и барем петнаесетина примери (што требала да направи Шпанија или Грција, а што требале да докажат Словенија или Полска), за ова второто - нема „готов рецепт“, нема паралела, нема twinning, нема дури ни консензус за желбите и амбициите.
Унијата често дебатира на оваа тема. Ги собира првите луѓе на своите земји-членки, организира министерски конференции посветени на ова прашање. Бара помош од своите „мозоци“. Финасира многу think-tank-ови, истражувачки центри и невладини за да размислуваат и да пишуваат за темата... И? Резултат на сето тоа е - дека Унијата се' уште НЕМА официјален став, заедничка позиција за тоа каде е крајот на овој процес. Нема одговор на прашањето - кој е посакуваниот финален продукт на европската интеграција? Поточно речено: нема ЕДИНСТВЕН одговор на тоа прашање, а има „многу кандидати за тој статус“.
Неслучајно, еден од советниците на Вацлав Хавел ја анализираше ЕУ како хибрид од „конфедерација, федерација, супранационална институција и меѓувладина организација“. Се' појасно е дека во моментов е невозможен единствен одговор, бидејќи нема единствено прашање. Ги има многу. Врзани се за прашањето на суверенитет (односно за различните концепти на суверенитет), одбрана, пазар, носење одлуки, демократски капацитет, влијание на граѓанинот и слично. За жал, сите се како врзани садови. Кога ни се чини дека на една тема сме го нашле вистинското решение, тоа изгледа сосема несоодветно за останатите прашања. Ако употребам математички жаргон, сликата е доволно комплексна дури и кога ја анализираме само како „ред“, а станува невозможна „матрица“ кога вметнуваме и втора димензија - интереси на секоја од членките за секое од тие прашања.
Дали ваквата дефинициска, па некогаш и политичка нејасност е добра или лоша вест - не знам, ама знам дека е очекувана. Таа била видлива и во „малата ЕУ“ од 1957 година која и во својот Римски договор не можела да отиде подалеку од општата (и необврзувачка) формулација за „што поблиска унија“. Сигурна формула која никого не алармира, а амбициозните ги задоволува (барем на одредено време). Минаа повеќе децении, а формулата не стана поконкретна и се' уште се споменува во „големите“ декларации за иднината на ЕУ.
Отсуството на „финална цел“ им е разбирливо и прифатливо на оние на кои не им „легнуваат“ тезите за „крајот на историјата“. За нив, Унијата успева да остане отворена, флексибилна и „на купче“ токму поради тоа.
Но, се' погласни се критиките дека без генерална цел функционирањето на Унијата ќе станува се' поотежнато. Потребата од консензус меѓу членките се претвора во постојани преговори и размена на услуги. И, како што честопати се забележува, дури и кога ЕУ ќе се договори за целите, комплексните институционални односи спречуваат одлучна акција. Тоа ги фрустрира европските политичари, нивните колеги од неевропскиот свет, но најмногу европските граѓани.
Тие се всушност најголемите критичари на Брисел. Сметаат дека комплексниот-до-неразбирливост систем на носење одлуки во Унијата го редуцирал нивното политичко влијание и довел до критикуваниот „демократски дефицит“. Реакцијата на Унијата и земјите-членки беше да се почне широк дијалог со невладиниот свет, партиите, медиумите, граѓаните... Модерниот Черчил би рекол - ако проблемот не сакаш да го решиш, почни ПР-кампања.
Шегата настрана, она што во Европа се „чита“ како сериозна опасност по демократијата и граѓанската партиципација (а се огледа во се пониски одѕиви на изборите и генерален цинизам кон политиката и политичарите, особено оние во Брисел), на другата (академска додуша) страна на Атлантикот се третира сосем поинаку. Имено, познатиот Фареен Закариа, загрижен за иднината на либералната демократија, спасот го гледа токму во структури налик на европските. Сметајќи дека во модерните демократии, со се' поизразени популистички тенденции, токму институциите (налик на оние во ЕУ) заштитени од изборни притисоци можат да бидат заштитници на демократијата - нормално, доколку ја добиле делегираната моќ на демократски начин.
Дебатата е далеку од завршена. И многу далеку од само академска. Ние не смееме да ја забораваме, ниту одбегнуваме. Нашата „финална цел“ е јасна, ама и таа е подвижна. Keep walking. Ама, не на слепо.