Овој не е арен бе
Со 120 денари ќе се преранел денот, шо ќе јадиш бе пријателе за 120 денари ?
Овој или се разбудил од кома во која бил 20 години и мисли дека млекото е 25 денари сеуште или не трола тука, трето нема.
Друго, јас имам пријатели кои живеат во Шведска и за рок од 5 години си зедоја и стан и викендица, станот им е на кредит и го издаваат, со киријата си ги покриваат кредитите и трошоците за сметки и живеат во викендицата.
Како можи да е поисплатливо да плаќаш кирија од 500 евра најмалце од сопствен стан макар бил и на кредит и да го исплаќаш 15 години.
Подобро тие 500 евра за рата од кредит да ги давам и тој стан да ми остани одколку за кирија.
Друго кој вика дека цел живот ќе го исплаќаш тој стан ? Знаете ли тука колкави се каматите и таму ?
Имам другарка која отплаќа кредит за стан во Битола, станот е 20 m2 и плаќа рата од 8000 денари, а зема 30 000 денари плата, 20 години ќе го исплаќа.
Исто така имам другарка која живее во Малме и плаќа рата од 300 евра месецот а зема 3000 евра плата, севкупната вредност на станот е околу 50 000 евра, ќе го исплати за некоја година.
Нема шо да прајме тука повеќе муабет.