THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Ќе ги замолам модераторите да ја чуваат темава од зајадливите коментари од типот:
-Овој пак со неговите фикс идеи.
-Да беше лесна земјата никој немаше да појде во град итд...
Инаку еве една интересна вест.
Со државна земја и субвенции до заработувачка
Со државна земја и субвенции до заработувачка. Стојанчо Спасиќ од Иванковци е пример дека аграрот во последните пет години станува атрактивен бизнис од кој може и да се живее и да се инвестира.
На своите три хектари земја, овој земјоделец ги додал и 27 хектари кои на плодоуживање ги добил од државата. Ги засадил со анасон, кромид и житарици. Од субвенциите што ги добил за една година купил и сопствен трактор.
- Добиваме субвенции за сите култури и со тие пари можам да платам и осигурување и кирија и да остане за трошоци. Олку добро не било никогаш, да беше вака порано, македонското земјоделство ќе беше многу понапред - вели Стојанчо Спасиќ од Иванковци.
Спасиќ вели дека субвенциите се исплаќаат редовно, а во некои случаи дури и пред време. Токму државната поддршка за земјоделство го врати и животот во неговото село.
- Во село Иванковци само од субвенции влегоа околу 500 - 600 илјади евра за една година. Никогаш не било вака добро - вели Спасиќ.
Минатата година државата исплати 100 милиони евра за субвенции. За годинава планирани се 15 милиони повеќе. Субвенцијата за тутунот е веќе исплатена, а за дел од другите култури пријавувањето е во тек. Ќе трае до крајот на овој месец.