Битола низ призмата на „локал-патриотот“!

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
Завршеток на серијалот наречен „Низ призмата на“.​
Битола
Градот на конзулите,... Филм ленд, „инвестициски дримленд во Жабени“ ...дрн дрн јариња ...​
Најградскиот град во Македонија кој се разбира е како изгубен уметник, „несфатен од сите“ за неговата големина, раскош и убавина,...така...си талка низ годините приспомнувајќи си за златната доба кога бил главен град (во Турско), кога Вагнер (Рихард Вагнер) свирел сонати кај Фиќи на тераса (Јавна куќа) исто во Турско, кога пајтоните (читај, три штици и четири столици поврзани на коњот Дорчо) шетаа по улиците, а „дамите“ фрлаа шамивчиња очекувајќи некој младич да се стрча да не падне на калилавата калдрма, за на крај да добијат едно кабадајско долго и грло-гребачко „Шо е мори?!...да не сакаш да ти го фатам шамифчето...да ти се помочам во него“. (и ова во Турско).​
Годините врвеа, конзулите фатија вид-виделина, војните се множеа, градо(т) под Пелистер полека се китеше со секакви рани и не-рани-мајковци. Се градеа легенди,... што во позитивна што во негативна смисла. Од сите тие бомбардирања, напалм бомби, токсични гасови,... преживееја кафето, кабадајлуко и „але шо збораш?!“.​
Дојде...и си замина Тито. Испи кафе, се искабадајлучи со Кадилакот низ градот, а за возврат ја доби најголемата кабадајска чест – Улицата а.к.а Корзото да го носи неговото име.​
Транзицијата го упостоши градот. Фабриките пропаднаа, се случи ТАТ...се случи 2001. Сето тоа имаше последици...станавме културна метропола (читај некропола) на градскиот кичерај.​
Станавме град на култура - со пропадната култура. Уметници (лижачи на пластика и фотографи), Филм ленд (Меѓународен фестивал во полураспаднат театар а.к.а дом на култура а.к.а центар за култура – жива срамота за државата) и сето тоа украсено со жени со хулахопки во тигрест дезен, со дифтици околу вратот, кои своите дебели газови (специјално негувани во Пица-бар „Буре“) се возени од 20 години старите и дотраени BMW-а и Passat-и.​
Своето место под Сонцето и сонот за таквиот авангарден живот, ги исполна улиците со еден милион таксисти, а кафулињата со исто толку келнери.​
Смислата во животот младите го сфатија како да фатат газ на стјуардеса и притоа да неможат да бидат слезени од авионо(т), а другите со своето лажиче од еспресото или мрсното макијато како мачори демнеат по Широк Сокак насладувајќи се на убавите и обилни задници на тигрестите дами отворајќи кредит наречен „Пиши ме браат“ притоа чекајќи ја платата на „Старио“ од РЕК (во просек околу 45000 денари со средно образование), за кредитот да се покрие.​
Во сред овој балет од дебили и медиокритети, се пронаоѓаш самиот себе оставен на милост и немилост и бараш спас кај оние „понапредните“ онаа т.н. интелегенција, ...дежурните критичари на она каде се движи Битола, каде се движи ова општество...„Каде е критичната мисла во градот?!“​
Критичната мисла, ...за жал ја градат само ретардирани новинари кои своето критично мислење го градат во партиските штабови и/или газдите на телевизиите. Главна вест на телевизија е некоја мочана стихозбирка од Еди Којси кој немал што да прави на местото „државен работник“ и седнал да пишува поезија и своето почесно место го зема во емисијата Локални Дијагонали.​
Џабе е и епитетот „Универзитетски град“ кога оние најистакнатите интелектуалци (професорите и асистентите) се претопуваат во оние најниските и најподлите членови во општеството.​
Социјалното општење е сведено само на Фејсбук, а во кафуле повеќето се прават дека не се познаваат. Премногу се зафатени со оговарање на онај мал круг луѓе кој вистински го познаваат и онај поголемиот за кој поима немаат и измислуваат приказни се со цел да го задржат вниманието на слушателот.​
Во овој град е лошо да си различен, лошо е да имаш поинакви размислувања од другите и најстрашно е да не ги сакаш работите што другите ги сакаат. Тогаш си означен како налудничав, наркоман, нетокму, штракнат, улав, ненормален, добиваш бесплатна дијагноза врз база на фамилијарните и за тебе непознати болести.​
Ноќните клубови се места каде се оди или да се мажат/женат со некој/а од Австралија или да ја прошетаат својата најнова облека порачана од Шутград (Шутка – Скопје). Групирани во групи од 2 до 4 „социјализираат“ и „си врват супер“.​
Битола е друг Универзум. Универзум на слабо и бавно течење на времето. Времето како мрзливко ги провлекува своите калилви пантолони низ Широк Сокак, со интелектуално поместување на полжав после дожд.​
Долги години преку глава ми е од илијадниците медиокритети кои во градот се величат како истакнати дејци во бизнисот, културата, уметноста, образованието.​
Концептот за напредување е непознат, додека концептот за „снаџи се – па живи...са мање посла“ е она вистинското мото по кое сите се движат во животот и на сите треба да ни биде мото.​
...КОЈ ШИТ...​
Тхе Енд​
За на крај ...да ви е јасно за Кабадаите...​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Букаро ми е поинтересен, тој барем ќе кажеше некоја приказна за биљот. :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Се што беше убаво и паметно одамна си замина од Битола. Славните денови на Мадера, Џуниор и Висаж се минато. Само тешки бричковци останаа во градот. Навечер во Расчекор е како пред кооперација во Долно Дупени, а Позитив не е за коментар.

Јас кога морам навечер да поминам пред Игучи и Симбол добивам напад на паника. Толку сељаци и сељанки на метар квадратен нема никаде во Универзумот. Реално гледано, само неколку канистери со Антракс помагаат...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Абе батали призмите, туку кажи кога ќе ја прајме шемата, едно кафе да пиеме на широк сокак ко луѓе се заборајфме ебаго...

п.с. она за Тито и кадилако мислам дека тука е врво на муабето :)

п.п.с. барем ги немаме дркачите на барокот и ромите на семафори... засега.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Премногу се зафатени со оговарање на онај мал круг луѓе кој вистински го познаваат и онај поголемиот за кој поима немаат и измислуваат приказни се со цел да го задржат вниманието на слушателот.
Да...да...
...или читателот...
 
V

Vollstandig

Гостин
Абе тоа со трачарењето озборујвањето или “да си нешто настрана со стилот од другите“ е секојдневие во скоро сите макеоднски градови не само во битола. Неартикулисани и неуспешно абортирани дечиња кои модата и фактички поентата на животот и стилот на живеење им го диктираат медиумите или мнозинството како сите-така-и-тие, па кога ти си прв во посебноста или последен си секогаш кич. Лошо е кога добиваш осудување и критики баш токму од таквите, недоносени би ги нарекол, што целиот живот го поминуваат портарејќи кој-од-кај-е кој колку пари има и зошто толку пари има.

Шо да прајме, ко сме на балканот, осиромашен од војни, па кога на некој ќе му се насмее среќата, многу нормално е да му се појават еден тон пријатели или скриени непријатели секогаш љубомората зрачи али не во стилот “И јас да имам колку него“ туку “И тој да нема колку мене“ што е многу, многу трагично.

За битола една интересна ствар морам да ја потенцирам а тоа е тетовирањето религиозни симболи. Колку што во битола има тетоважи со религиозни симбоили кои се осудени во негативна смисла од христијански апсект, а и се неавтентични за човековото тело, упорно се тетовираат и ставаат. Па повеето битолчани сигурно знаете најмалце 10 души што имаат тетоврани крст на рамо, некој светец на гради , молитви, божји заповеди и ред други работи. Ништо лично против нив, само тој стил е навистниа БИТОЛСКА ШЕМА. Кога го прашав еден тату мајстор, што највеќе има во животот истетовирано муабетот беше “Христијански симболи и еден куп потписи“:)

Сепак битола, се разликува од останатите градови, градот стварно живее преку цела седмица, и во недела и понеделник и секој ден, кој за другите градови е мртов ден таму кафичите се полни, колку толку работи театарот, има многу бендови излезено особено од помладите, обиди за музика, за сцена, тука мора да ги спомнам солзи и смеа, марјначо комичарот, па еден тон бендови, кафичи од различен стил.

Освен скопје, набројте ми еден град кој има посебен кафич за рокери, за хипстери, за ретарди, за техномани, за кремови, за фолкери, за певалки... ја мислам дека засеа е битолата.Додека во другите градови, да го земам за пример ПРИЛЕП, шемата функционира по дифолт, како да зел газдата една брошура за како да држи кафич, и сите кафичи се со исти стил, иста музика, исто кретенско понашање од келнерите, битола се разликува малце во тоа и гледаат секој кафич да биди поразличен од другите, за разлика од прилеп каде секој станува копија на другите кафичи.

Битолчанки одсекогаш биле по модните деталји и секогаш излегувале подотерани , секогаш модата и изгледот биле на прво место во градот. Интересно беше што можеш да видиш да речеме и еден тон металци, (на стил) и еден тон рапери, а сепак се на стил, што значи битно е како се облекуваш а не што слушаш или што музика правиш.

Исто се дешава мини туризам низ градот, да е попаметен градоначалникот можно е и повеќе да има туристи, али најмногу идат грците посебно на пазарување и трошење пари во битолските казина, кои ги има дури 10-тина, во еден мал град.

Да не заборавам, за кладилниците, кои му доаѓаат по една кладилница на секое семејство:)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Очеквав ептен само фалење за градот и како е поарно од Скопје и како е се преубо и блабла. Ама ова веќе ептен претера во спротивната насока.

Сумирано (не само од овај текст), секој битолчанец мисли дека сите останати битолчани се кабадаи/пуфли/другтипиченопис, и само тој е поинаков и леле колку ги неќам другите ни го уништија градо.

Некако го сожалувам тој "едниот" посебниот. Би сакала да се вклопи и сите да бидиме кабадаи заедно!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Сепак битола, се разликува од останатите градови, градот стварно живее преку цела седмица, и во недела и понеделник и секој ден, кој за другите градови е мртов ден таму кафичите се полни, колку толку работи театарот, има многу бендови излезено особено од помладите, обиди за музика, за сцена, тука мора да ги спомнам солзи и смеа, марјначо комичарот, па еден тон бендови, кафичи од различен стил.


Битолчанки одсекогаш биле по модните деталји и секогаш излегувале подотерани , секогаш модата и изгледот биле на прво место во градот.
Ако не си Битолчанец, тогаш одамна не си бил во Битола. Ако си Битолчанец, тогаш живееш во паралелен универзум. Во Битола навечер, од недела до четрврток, живо пиле не пее.

А за модата на Битолчанки, остај. Пинк Тв a.k.а порно мода.
 
V

Vollstandig

Гостин
Ако не си Битолчанец, тогаш одамна не си бил во Битола. Ако си Битолчанец, тогаш живееш во паралелен универзум. Во Битола навечер, од недела до четрврток, живо пиле не пее.

А за модата на Битолчанки, остај. Пинк Тв a.k.а порно мода.
Па пак е битолска мода:) Ако носеа црн хиџаб сигурно ќе беше арапска мода...така да од ваму од таму битно се дотеруваат некако.
И да, излези сега па види дали нема луѓе и тоа што го викаш празно за друг град е гужва:)))
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Па пак е битолска мода:) Ако носеа црн хиџаб сигурно ќе беше арапска мода...така да од ваму од таму битно се дотеруваат некако.
И да, излези сега па види дали нема луѓе и тоа што го викаш празно за друг град е гужва:)))
Сношти бев излезен. Како колера да има во градот. Денес понеделнички, ми е страв да помислам како е.

А за дотерувањето, ти реков, остај...
 
?

..........

Гостин
Битола, е таму никогаш не сум бил, сум поминал по автопатот Прилеп Битола Ресен али никогаш не сум влегол во градот, и што е најинтересно не познавам ниту еден битолчанец или битолчанка....не ме носел патот на там! па поима немам каков е градот какви се лугето, каков е мирисот и вкусот на градот...се што сум видел и слушнал е од страна, на тв или некој што бил па ми кажал...ОМГ :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom