Еве што најдов
Бисексуалност
Луѓето всушност се двополови суштества од раѓање. Меѓутоа, многу бисексуални жени сеуште се чувствуваат непријатно поради своите желби. Но, и покрај тоа има се повеќе жени кои би сакале да изберат ”не пол, туку карактер”, кои ”имаат еднакви силни чувства и кон мажите и кон жените”.
Уште во антиката, кај древните Грци, се почитувала таа варијанта на љубовта – бисексуалноста била широко распространета, најнормално прифатена и нешто сосема разбирливо.
Сите сме ”би”?
Бисексуалноста е копнеж, желба која посилно или послабо е заложена во секој од нас – така тврдат сексолозите. Жените ја прифаќаат многу поотворено и и се оддаваат повеќе. Психоаналитичарот Џорџ Гродек востановил дека ”во својата еротика жената многу послободно се исправува пред фактот на двата пола... таа има има приближно еднакво количество способност да го сака својот и спротивниот пол”.
Колку од жените кои истовремено со врската со маж одржуваат интимна, нежна дружба со претставничка од својот пол – тешко е да се каже. Дури и списанијата кои денес се стремат да ја признаат тенденцијата ”кон двата пола”, кон ”секс без граници”, кон ”двојното задоволство”, не можат да посочат конкретни цифри. Затоа што сите оние кои го поддржуваат тој малку поинаков сексуален стил на живот не се толку спремни да зборуваат отворено за тоа. Тие се насладуваат и претпочитаат да молчат. ”Над 80% од бисексуалните жени ја премолчуваат врската со друга жена” – рекол психологот Вилхелм Бергман. Причината за тоа молчење е не само стравот од осуда на општеството, туку и за да не го повредат мажот-партнер. Потврдата дека е добар љубовник е од големо значење за мажот и кај него се менува тоа мислење доколку партнерката има други сексуални контакти и во нив наоѓа задоволство.
Што има таа, а нема тој?
При една анкета повеќето бисексуални жени одговориле дека во рацете на друга жена ги турнала најмногу незаситената потреба од ласкања и нежност, дека хомосексуалните врски им се неопходни повеќе за емоционален баланс, отколку за нивната сексуалност..
Жените се со побогата фантазија и позаљубливи
Женската варијанта на љубовниот акт сама по себе исто така се прифаќа и опишува како збогатување: ”Во љубовта жените се поемотивни и со повеќе фантазија. Тие се грижат за соодветната атмосфера, за одговарачка музика и знаат што им дава задоволтво: нежни зборови, допир на кожа, галење на чувствителните зони, многу време”.
Изјава на една бисексуалка: ”Жената сака да дава онолку задоволство колку што би сакала да добива. Таа нема амбиции на вистински маж, не сака секогаш да е посилната. Таа точно знае што ми се допаѓа, затоа што ние двете имаме исто тело. Таа не се трга од мене штом биде задоволена, а и после тоа има потреба од нежност и ја дава. Нејзиното задоволство се простира далеку над телесното. Накусо кажано: со мажите се чувствувам жена, а со жените – човек.”
Целта не е да се обвинат мажите. Но, многу жени се чувствуваат незадоволни од хетерохениот секс, затоа што машкото задоволство не може да се обедини вистински со женското. Оние кои ”дополнително” им се оддаваат и на личности од сопствениот пол, можеби едноставно сакаат да го доведат до крај својот несовршен сексуален живот според мотото: она кое не може да го даде едниот, ќе си го земам кај другиот. Други пак сакаат да само да му се насладуваат на двојното задоволство и изјавуваат: ”Тоа се сосема различни видови секс. Како јаболки и круши – сосема различни, но секое за себе вкусно.”
Лезбејките ги гледаат бисексуалките како предавнички и ги ”тргаат” од своја близина бидејќи сакаат и мажи, се насладуваат на сексот со нив, па со тоа јавно го валкаат нивниот став дека жената на никаков начин не е зависна од мажот.
Лезбејство
Околу 600-та година пред Христа поетесата од островот Лезбос, Сафо, напишала: ”Вие убавици, само кон вас е мојата мисла...” Вирџинија Вулф признава: ”Вистината е дека мене ми се допаѓаат жените”. Лезбејките биле во сенката на хетеросексуалните врски и во сенката на темата ”хомосексуалност”.
Сеуште е валидна теоријата (која погрешно му се припишува на Зигмунд Фројд) дека хомосексуалните жени и мажи страдаат од тешко растројство на карактерот, кое се должи на трауматични доживувања во детството.
Женска љубов
Зошто жените сакаат жени, дали нивната склоност е вродена, колку има лезбејки во светот – сето тоа не е проучувано. Факт е дека повеќето жени ја откриваат својата различност со текот на времето (понекогаш после долгогодишни хетеросексуални контакти и често пати после раѓањето на децата). Додека мажите ја откриваат својата хомосексуалност во повеќето случаи уште во пубертетот, кај жените процесот на изјавување настапува често во зрела возраст.