Биртии

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Oбожавам биртии у пм.....пиво од флаша и некои усмрдени крилца...целите во зејтин хахахахаххаха само на планетата земја.
Али јбг боемското у мене е појако....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Владо се вика газдата, јаде по 30 кебапчиња за доручек и нема врска со рибен ресторант. Обична биртија.
Самото тоа што служат кебачиња во рибен ресторант си кажува што е.

А да! Знае Владо по некогаш да меша вина, па може да ти донесе отворено со променета боја на виното, што значи мешал што му дојде до рака.

Роза, служат домашна ракија која можеш од келнерот да ја купиш литро 180 ден. за дома.
Можно е и некој конобар да се викал Благоја ,затоа мене да ми се увртело во глава тоа име, али дека е ПОРЕЧАНЕЦ, ПОРЕЧАНЕЦ е и е горд со тоа :pos:
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.927
Поени од реакции
12.496
Прв пат ко се скинав со биртија беше во средно во "Наполи" ко ја држеше Папата (ми се чини тој беше). Внатре сето умрено-пијано и излигушено и мислам дека цела вечер се порачуваше и пееше оваа песна (не верував дека ќе ја најдам на ју тјуб, мислев дека тогаш ја измислија...самата вечер):
Од тогаш само уште еднаш бев на такво место по инсистирање на школските на 10 години матура ко "славевме" - "на пејачка кај Грнето"...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во биртија нема шанси да ви дадат фискална сметка. Локалот 100% не е регистриран, никој не е пријавен и уште на парагон ти наплаќа. Еве сметка од една ако добро се гледа:

Значи на рака и над глава ти пресметуваат. Седум ракии 70 денари, епа да ти е мерак да пиеш. Мени е научна фантастика, келнерот ти кажува што има и ти си бираш. Ако му се бендисаш и он ќе ти каже што е најпресно, ако не ќе прележиш отровање.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Ова ептен џабе е крилца 70 ден. :) Кај е ова?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова ептен џабе е крилца 70 ден. :) Кај е ова?
Кога ќе идеш накај Централна Македонија пиши да ти дадам точна локација, инаку некое инспекторче ќе прочита и ќе напраиме проблем :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.252
Шостори бе туборгот скап, изгор. Овај куќа да не гради:D
 
L

Ligeia

Гостин
Тоа беше единствената кафана која во доцните 90те имаше пејачка. После го отворија горе АС и со гужва од младината ги разбркаа пијаниците, па стана шема за пред искачање. Али го изгуби шмекот :)
Ас беше последната тврдина, кога и од таму ја избркаа пеачката и почнаа да го затвораат во 12/01ч, се префрли рајата по Росоман, Градско и Чашка. Тогаш беше и ЕНИ кафаната во Чашка после тунелчето веднаш лево. Два Галеби беше во тоа време ресторант, само овде имаше певајки.
Ligeia; ми кажуваше за некоја локална биртија во Дорутовец и тоа треба да се посети наскоро:)
Леа во Чичево и во Градско. :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
leandra

Ххахахахха не сум го знаел ова, а само еднаш со девојка ми бевме таму онака на заебанција, ама искрено јадењето не беше воопшто лошо
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Во биртија нема шанси да ви дадат фискална сметка. Локалот 100% не е регистриран, никој не е пријавен и уште на парагон ти наплаќа. Еве сметка од една ако добро се гледа:

Значи на рака и над глава ти пресметуваат. Седум ракии 70 денари, епа да ти е мерак да пиеш. Мени е научна фантастика, келнерот ти кажува што има и ти си бираш. Ако му се бендисаш и он ќе ти каже што е најпресно, ако не ќе прележиш отровање.
За оваа ли биртија ни збореше дека ќе одиме? :)
 
A

AnFem

Гостин
Бил некој во „Галеби“(ако не се лажам за името) во Чашка?
Таму го испив најгоркото пиво во мојот живот. Ме прелажаа дека ќе одиме „на кратко“, само за да земел некој нешто. Па тоа кратко се претвори во „по едно пиво“. Не знам како издржав, пивото мислам уште ми стои во грло... На видик ми беше певаљката, за имиџот нема да зборувам, се знае. Фалшираше до степен што ми идеше да ја исшамарам, да и го земам микрофонот и јас да почнам да пеам. Вртам глава надесно, гледаш слаб дечко, околу триесет и нешто години, со фармерка уз врат и златни ланци, седнал и ја соблекува певаљката со поглед, гарант немаше многу работа околу тоа. Од прилика, сите присутни таму беа бледа копија на дечково. За атмосверата и случувањата понатаму нема да зборувам, ќе кажам само едно: Си ветив на себеси „никогаш повеќе“ !
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некаде нагласив, во овие биртии се влегува еднаш и никад више. Излегуваш од таму и се пикаш во машина за перење и таа не те пере, таква смрдеа месец дена не ти излегува од кожата и косата:icon_lol:
Од два галеба покачи на два месеца :))
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Кога се спомна Галеби се СЕТИВ НА ГАЛЕБ кај општина гази баба ( незнам дали сеуште е биртија )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom