- Член од
- 28 мај 2009
- Мислења
- 3.361
- Поени од реакции
- 3.963
ne postoi visheКога се спомна Галеби се СЕТИВ НА ГАЛЕБ кај општина гази баба ( незнам дали сеуште е биртија )
ne postoi visheКога се спомна Галеби се СЕТИВ НА ГАЛЕБ кај општина гази баба ( незнам дали сеуште е биртија )
Абе аман се испозатвориле, или мене одамна изгледа ми прошол периодот за биртииne postoi vishe
nee rabotata so lugevo tolku gi palat eftinite raboti , povise se palat na mrsulavite kelnerki ako im se nasmee ili na nekoja pevaljka da i se ligavat a ona im vristi nad glava .....e se zatvaraat ama novi se otvaraat samo se skrieni ete ima dosta luge tuka na temava sto shetale pa gi znaat , abe proziveani lugeАбе аман се испозатвориле, или мене одамна изгледа ми прошол периодот за биртии
Класика е Деспина бе, таму идат лица исто ко во три фазана, на една маса може да се видат група рекетари а на соседната пратеници и нивните... хмм, придружнички Сега плус викаат и реновирана била... којзнае што се десило, можда пак имало некоја тепачка.... за Деспина све може да се каже ама атмосферата е закон, весеље до 5 саатИ јас не сум бил, ама тие што биле ми кажале дека ,,Деспина" е биртија од прва класа
Jас во спомнатите биртии во мојот прв пост на темата редовно си одам.Некаде нагласив, во овие биртии се влегува еднаш и никад више. Излегуваш од таму и се пикаш во машина за перење и таа не те пере, таква смрдеа месец дена не ти излегува од кожата и косата
Од два галеба покачи на два месеца )
Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем неJас во спомнатите биртии во мојот прв пост на темата редовно си одам.
Заради одличната скара
Супер се такви биртии се до моментот кога ќе ти се приоди во ВЦ или уште позаебано ако по вторпат ти се оди и знаеш какво е таму.Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем не
Е, е, е... чеееекаааај малце....Браво, си штедиш пари. Јас во кафани одам, али сакам да улетам на некое вакво место чисто да видам како функционираат. Во тоа е убавината има секакви места за секого. Интересен ми е оној момент кога народот кој е чест гостин очигледно во таа биртија како се радува, на што се радува и како ги троши своите пари. Тој е посебен менталитет. Исто интересен момент ми е кога некој плаче за одење, секој неможе да доседи на такво место. А истиот човек да го седнеш во Воденица и да ја викнеш истата пејачка ќе се курчи и ќе тупка рачиња. Или оној од биртијата да го седнеш во елитен ресторант ќе седи усрамен и културен, нема да пика фишеци во деколте. Интересни сме луѓето зарем не
Да бе на таа на Тумпето мислев..Пијана работа,јбг по такви места трезен не се оди,па после се чудиш кај си билТаа со натпис цигари и Албанци не примаме беше до мало мовче кај споменикот.. на Тумпето мислам (незнам дали уште постои мислам не) и натписот не само на табла туку беше и горе кај она демек рекламите што обично стојат со големи букви.
Ја памтам таа ама за жал го немам посетено тој ендемски локалитет..Бети бе
А незнам дали ви текнува на најстарата биртија незнам која генерација сте Под Мостот. Се наоѓаше буквално под нови мост, се идеше од кај Стоковна доле накај куќите. Беше сместена како во шупа, испаѓаш надвор и се фрлаш во Вардар. Али најубава скара имаше таму.
Не, мислев дека се‘ имам видено...Биртиите си имаат посебен шмек кој бил "Кај курето" знае за што зборам.
Си била кај Гавро и во Болетос ? или од муабети рекла-казала ти е постов ?Пред да ја прошират беше биртија, шљокица ти е моден детаљ
Велешко барем изобилува со биртии. Од автобуска десно двете трафики карши Енгилизот ти се за од нога. Во превалец Ламбада, најново кај Гавро десет денари ракија. Четворица софра пукаат за 500денари на раце испаѓаат. Нема певаљки само тоа им фали. Во Градско на самиот пат од десна страна тоа беше колеж атмосфера, една рика качена на маса, флаши летаат, кој ја тегне за цицка, газдава фрла маси, твое е само да пиеш и да внимаваш да не те погоди нешто. После 2 ноќта се одеше. Најјака во Велешки регион е Два Галеба во Чашка. Кој не бил, а сака да посети вистинска биртија му ја препорачувам. Уште на влез имаш врзано магаре, од името на кафаната ДВА паднале и останале само Галеби да пишува. Влегуваш внатре ќумбе прпори среде кафана, се дотураат цепенки, смрди корне на џигер и кромид, маси како од народни приказни, покривките исти издупени од цигари, клиентела Слп, Еловец, Голозинци, Ореше. Газдата напрчен у средина, сепаре заграден ѕид и две маси, литро вино 70 денари. Две певајки завиткани у целофан рикаат колку што ги држи глас, хит на вечерта Докторе, Докторе. Задолжително деколте каде секој може да остави пари, строго по десет денари им туткаат.
Болетос строго да се посети, темно, прст пред око не се гледа. Задимено мислиш си стасал во пеколот. Едно типче со сентисајзер уу филм дека е ѕвезда и едан певајка може има 18 години, само жалопојки пее, срцепарателни. Можеш да порачаш само тоа што останало, не она што сакаш. Значи ако се испило пивото, има само вино. Десно курвите застаните на бендис, Бузалково мафија по маси, тепачки преку една ноќ. Ако се многу лути и пиштоли и бомби летаат кај браќата. Ако не се задеваш никој не те задева.
Кавадарци една биртија ми остана во мозок, имаше три маси, домаќинката за мезе ни извади домашна туршија и сирење од канта, плус и во едно чиниче ајвар. Биртијава се наоѓа на патот накај Ваташа од десна страна, минијатурна исто со ќумбенце во средина и клиентела секој сам на маса со ракија. И една исто спикана немаше веце се друго им се распаѓање, па за олеснување се идеше пред врата. Бонус после 3 у една дискотека по скали надоле, скршени прозори, мажи заспани на шанк, пеачкава рика ли рика. Едно време се степуваат, другиот момент се гушкаат, трет момент флаши летаат. Преживеавме.
Шабан, Дабиле Струмичко. Кој не бил ова му е задолжител испит за лиценца кафански човек. Огромен хангар, копачите пред врата, рамбовка дрес код, две певајки рикаат на двете страни на маса качени. Едната мрсна глуми полицајка, со пластичен пиштол на појас, другава слаба ребрата и се бројат. Слободно можеш да стоиш на стол и да се фрлаш од маса во слободен пад. Ова неможе да се опише, само да се доживее.
Друго не ми иде сега на памет