Бил некој во „Галеби“(ако не се лажам за името) во Чашка?
Таму го испив најгоркото пиво во мојот живот. Ме прелажаа дека ќе одиме „на кратко“, само за да земел некој нешто. Па тоа кратко се претвори во „по едно пиво“. Не знам како издржав, пивото мислам уште ми стои во грло... На видик ми беше певаљката, за имиџот нема да зборувам, се знае. Фалшираше до степен што ми идеше да ја исшамарам, да и го земам микрофонот и јас да почнам да пеам. Вртам глава надесно, гледаш слаб дечко, околу триесет и нешто години, со фармерка уз врат и златни ланци, седнал и ја соблекува певаљката со поглед, гарант немаше многу работа околу тоа. Од прилика, сите присутни таму беа бледа копија на дечково. За атмосверата и случувањата понатаму нема да зборувам, ќе кажам само едно: Си ветив на себеси „никогаш повеќе“ !