Знае ли некој каде има чалгии во Скопје во сабота? И да е фино место плус, да пеат Македонски песни пред се
Sussaro; ?
И овде дали бил некој да пренесе впечаток?
http://www.restorani.com.mk/restoran/restoran_la_Tana_/110
Ја сефтосав сега саботава што пројде така да имам тазе импресии. Не е биртија, кафанче е, на рангот со комшиската Злате, Дане, Ганза, тој фазон на така да ги наречам-пристојни кафанчиња со средни накај благовисочки цени каде што обично одиш со друштво и се заседнуваш. Не е биртија, не е луксузен ресторан ала Воденица, не е лаунџ бар во модерен стил туку баш класично кафанче, лустерите се во форма на тркала од кочија, има везено народни черги, ѕидот дел има цигли, исто така поставени се тук там по полиците бардаци, фенери, носии има и импровизиран камин односно да се асоцира на старо време. Со други зборови класична авериџ де жаву кафана какви што ги врие низ Скопје веќе спомнатата Ганза, на времето Папу, Читална, Чамо, Перо, Идадија. Не е многу голема, и тој малку простор ми беше некако визуелно чуден не ми ја дава баш таа релакс атмосфера што ја барам во кафана. Дали беше до плочките, поставеноста на масите, малиот простор или се заедно не знам. Далеку е од лошо, доста пристојно е ама ми нема топлина. Цени не знам оти други плаќаа, ама со голема веројатност можам да претпоставам дека се слични на оние Кај Злате затоа што ем се конкуренција ем се врата до врата, па ваљда не е газдата глуп на два така слични концепти да става повисоки цени. Значи средни.
Е сега музиката. Јас во суштина бев викнат како консултант дали хармоникашот што свиреше таа вечер да биде викнат да свири на свадба. Тоа не ме зачуди оти јас сум си сељак и ова е 4ти или 5ти пат каде младоженци ме викаат во кафана кај што свирел некој бенд па јас како стручен консултант да предолжам дали да им свират на свадба. Луѓе мои, хармоникашот ја везеше хармониката како рендање сирење за шопска. Такво работење на хармоника сум видел само три пати. Бог да го прости покојниот ми роднина Ѓорѓе, Горан Алачки и малиов. Татко му беше на кларинет а уште еден тип на гитара. Значи трио. За 5 минтуи ми пројде мрчаторската фаца од ладноста на просторот. Малиов е ремек дело, јас најодговорно тврдам дека ретко сум видел не само толку добар хармоникаш туку уопште музичар кој е до толку добар со својот инструмент. Одеа Ово је моја куча, Милацка, Муштулук, Мој Дилбере па после пребација на Македонски ама подзаборавени Тинке Катинке, Дојди ми Лено на перниче бело, Чудна жена беше Вера и уште еден куп, дечкиве буквално не застанаа. На едната маса имаше некои по јазикот или Словенци Чеси, Словаци или Полјаци ги мешам тие три јазика па дури и они од традиционалното Лрч од фамилијата Адамс расположение почна да викаат, да плескаат со рацете. Топ, топ атмосфера штета што бев многу трезен. Ако резервираш таму сабота прашај дали вечерта ќе биде Војче хармоникашот и ако ти кажат да, ич не му ја мисли. Сабота чалгии, ама баш чалгии во традиционалната смисла на зборот не сум сигурен кај има. На времето имаше во винарија Темов и тоа баш Сабота. А ваму топ, тенк беше. Штета само што нема многу маси па да се добие на поголема атмосфера оти колку повеќе луѓе има што пејат и се веселат толку и подобар амбиент се ствара. Кажав за цените не знам ама за се друго вреди да се отиде макар и само еднаш ради дегустирање на местото.