Билдерберг групата се состанува во Атина

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Чудни луѓе сте ми вие.

Европјаните ја формираа Грција и Албанија како два клина во славјанскиот Балкан.
Третиот клин Косово веќе е длабоко во срцето на Балканот.

Кој го крои тој план?
Баба ми запалена во Беломорјето не е сигурно.

Истите овие кои ќе се соберат во Атина.
И ако на тој состанок се собираа тие што не поделија, што 2001 ни креираа војна и не федерализираа, што Косово го направија држава, што АРНО може да има за нас ?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
А Бугарското и Српското кралство баба ти ги формираше?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Си пробал некогаш тврдоглавоста да ја оставиш дома и да поднаучиш нешто?
Спушти се на земја со панславизмот.

И Кралството Србија е формирано за да служи на Британската Монархија како и Грчкото.
Бугарското на Австрија и Русија.

Да не спомнувам дека Грција се протега во денешниве граници благодарение на заедничките интереси на Британија и Русија.

Затоа доколку излезот го гледаш во Москва, тоа е исто како да го гледаш во Лондон.

Залажувај се ако ти е поарно.
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Спушти се на земја со панславизмот.

И Кралството Србија е формирано за да служи на Британската Монархија како и Грчкото.
Бугарското на Австрија и Русија.

Да не спомнувам дека Грција се протега во денешниве граници благодарение на заедничките интереси на Британија и Русија.

Затоа доколку излезот го гледаш во Москва, тоа е исто како да го гледаш во Лондон.

Залажувај се ако ти е поарно.

Оној момент кога славјанството ќе го мрднеш од 6 век и ќе го смештиш во делот на Венетите и Пелазгите ќе ти се отворат многу поголеми видици од видикот на Мосвка.
И тек тогаш ќе почнеш да учиш за историјата.
Ќе почнеш да сваќаш зошто народот кој античкит историчари го забележале како најбројнит народ на земјата заедно со Индијците, денеска има многу имиња и очи си вадат едни со други до ден денешен.

Вакумот што се створи на Балканот во голема мера е вина на Македонците кои си ги исповадија очите.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Тоа го правеле едни на други уште од 1014 година,па не треба ништо да те чуди.:toe:
 
The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Билдерберг групата како тајни кројачи на светот повторно ќе се состанат утре во елитен хотел во предградие на Атина.
Оваа организација е составена исклучиво од аристократи, светски моќници за кои се верува дека тајно управуваат со светот како неофицијална но многу влијателна меѓународна организација. Сите собири кои датираат уште од формирањето на оваа организација се одликуваат со тајност на учесниците и строга тајност на темите за кои разговараат.

Билдерберг е формирана во Холандија во 1954 година, во истоимениот хотел каде се одржало и првото тајно собрание на оваа елитна меѓународна група. Првиот состанок бил со цел да се создаде денешната Европска Унија како блок кој ќе се спроивставува на Советскиот Сојуз. Исто така на овој клуб му се припишува и дека биле "кумови" на агресијата врз Србија, прогласувањето на независноста на Косово и изборот на Барак Обама за претседател на САД.

Во текот на сите години од нејзиното основање, ништо не се спомнува за нивните состаноци и нивните дејности. Обидите на светскиот медиум да допре до тајноста на нивните состаноци завршувале со неуспех. Светот не добивал никакви информации и никакви фотографии. Членовите на Билдерберг клубот се асови, луѓе што биле и во иднина треба да бидат во врвовите. Несомнено тие што ја контролираат оваа организација се вистински лидери, кројачи и господари на светот. Билдерберг клубот исто така тесно е поврзан со Советот за врски со странство и со Трилатералната комисија и посветени се на создавање на "нов поредок во светот". Н
ивните состаноци се одржуваат еднаш годишно, обично во скапи хотели или пак ултра скапи летувалишта во разни места во светот. Ланскиот состанок беше одржан во Истанбул, а утрешниот состанок ќе се одржи во хотел во предградие на Атина. Членовите на овој клуб се светски политичари, крунисани луѓе, првите луѓе на најголемите светски банки и корпорации, првите луѓе од воениот и индустрискиот сектор и овој факт упатува на заклучокот дека оваа меѓународна организација е моќен генератор на глобалните движења, пред се на политичките и економските.

На утрешниот состанок во Атина ќе присуствува и американскиот потпретседател Џозеф Бајден, ветеранот на американската дипломатија Хенри Кисинџер, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер, луѓе од богаташката фела на Рокфелер, шпанската кралица Софија и холандската кралица Беатрис. На утрешниот состанок исто така ќе присуствува и грчкиот премиер Костас Караманлис, шефицата на дипломатијата Дора Бакојани и лидерот на опозиционата ПАСОК Јоргос Папандреу, потоа биле повикани и Бил Клинтон, Тони Блер, Ричард Холбрук, Кондолиза Рајс, Јошка Фишер...

Како и сите нивни состаноци и утрешниот состанок во Атина ќе биде во строга тајност, но се смета дека главна тема на состанокот ќе биде економската криза.

Карактеристично за оваа меѓународна организација кое може да се сврсти во доменот на теориите на заговор е тоа што сите членови се крајно лојални кон Ротшилд и Рокфелер, а на националистите и антикомунистите не се допушта никаков пристап до собирите, на кои никогаш не се донесуваат никакви заклучоци и било какви решенија, бидејќи заклучоците се донесени претходно, а на собранијата само се соопштуваат фактите. Во таа организација нема дебата туку само "наредби" во форма на соопштенија или информации.

Ако сакате да се информирате повеќе на оваа тема, пребарајте на Гугл Alex Jones и/или најдете го неговиот сајт, мислам беше нешто како infowars.com. Jас имам неколку документарци со него како ги разоткрива сите тие Билдерберг фаци, разните измами во минатото поддржани од страна на Рокфелер и останатите мултимилијардери...едноставно тие материјали не смеат да се пропуштат, тоа е мој совет. На Интернет има неверојатни нешта за откривање, само штета што мнозинството не оди подалеку од чат и Гугл-вање celebrity gossip :toe:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Оној момент кога славјанството ќе го мрднеш од 6 век и ќе го смештиш во делот на Венетите и Пелазгите ќе ти се отворат многу поголеми видици од видикот на Мосвка.
И тек тогаш ќе почнеш да учиш за историјата.
Ќе почнеш да сваќаш зошто народот кој античкит историчари го забележале како најбројнит народ на земјата заедно со Индијците, денеска има многу имиња и очи си вадат едни со други до ден денешен.

Вакумот што се створи на Балканот во голема мера е вина на Македонците кои си ги исповадија очите.
Неможеш мене да ми накалемиш незнаење, доколку твојот видик неможе да ги увиди сите чиненици во последниве 2 века.

Свесен сум јас за Венетите и Пелазгите, меѓутоа тоа не ми создава сентименталност и должност да гледам кон Русија.

Ти реков претходно дека интернационализација на идентитетот само ќе ни направи поголема штета во овој момент.

Русија ја дели одговорноста за денешниве проблеми на Балканот, посебно за поделбата на Македонија, каде се водеа само од политички интерес.

Затоа јас денес, живеам во распарчена и негирана земја од сите страни, благодарение на семето кое го посеаја “братјата“ Руси во нашето соседство.
Немам никаков долг кон нив ниту имам намера да се водам од славјанска сентименталност која премногу скапо сме ја платиле во минатото.

Додека Русите ги вооружуваат Грците и додека ги прават свои регионални стратешки сојузници, ние треба да ги убедуваме Русите дека имаме заедничко потекло.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Ако сакате да се информирате повеќе на оваа тема, пребарајте на Гугл Alex Jones и/или најдете го неговиот сајт, мислам беше нешто како infowars.com. Jас имам неколку документарци со него како ги разоткрива сите тие Билдерберг фаци, разните измами во минатото поддржани од страна на Рокфелер и останатите мултимилијардери...едноставно тие материјали не смеат да се пропуштат, тоа е мој совет. На Интернет има неверојатни нешта за откривање, само штета што мнозинството не оди подалеку од чат и Гугл-вање celebrity gossip :toe:
Знаеме бе,многу повеќе знаеме за Ционистите одколку Alex Jones,ама ништо не можеме да сториме со тоа што го знаеме.Штета е што Ционистите многу брзо забораваат колку им помогнал еден Македонец (додуша Влав) по име Димитар Влахов,да станат она што денес се.:toe:
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Неможеш мене да ми накалемиш незнаење, доколку твојот видик неможе да ги увиди сите чиненици во последниве 2 века.

Свесен сум јас за Венетите и Пелазгите, меѓутоа тоа не ми создава сентименталност и должност да гледам кон Русија.

Ти реков претходно дека интернационализација на идентитетот само ќе ни направи поголема штета во овој момент.

Русија ја дели одговорноста за денешниве проблеми на Балканот, посебно за поделбата на Македонија, каде се водеа само од политички интерес.

Затоа јас денес, живеам во распарчена и негирана земја од сите страни, благодарение на семето кое го посеаја “братјата“ Руси во нашето соседство.
Немам никаков долг кон нив ниту имам намера да се водам од славјанска сентименталност која премногу скапо сме ја платиле во минатото.

Додека Русите ги вооружуваат Грците и додека ги прават свои регионални стратешки сојузници, ние треба да ги убедуваме Русите дека имаме заедничко потекло.
Погледни го потеклото на Романови, на октомвриската револуција и ќе добиеш слика кој владеел со Русија.

Интернационализација на идентитетот.
Зарем негова локализација ќе има поголем ефект?
Хеленизмот кога достигна планетарна промоција?
Кога стана дел од историјата на западна Европа.

Славјанството е темел на сите славјански држави, се друго е козметика.
Ние бевме медиумот кој го одржа тоа славјанство, ние бевме реформатори на таа цивилизација, ние бевме тие кои го пренесовме од антиката во новиот век.

Славјанството како потенцијал за економска, културна, научна, државна, стратешка соработка секогаш ќе биде опцијата која може да понуди алтернатива на западните погледи за нашата иднина.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

јас наполно те сваќам ...
но не ми е јасно едно
која подршка од страна на Русија сме ја имале последниве 100години .. или порано?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Погледни го потеклото на Романови, на октомвриската револуција и ќе добиеш слика кој владеел со Русија.

Интернационализација на идентитетот.
Зарем негова локализација ќе има поголем ефект?
Хеленизмот кога достигна планетарна промоција?
Кога стана дел од историјата на западна Европа.

Славјанството е темел на сите славјански држави, се друго е козметика.
Ние бевме медиумот кој го одржа тоа славјанство, ние бевме реформатори на таа цивилизација, ние бевме тие кои го пренесовме од антиката во новиот век.

Славјанството како потенцијал за економска, културна, научна, државна, стратешка соработка секогаш ќе биде опцијата која може да понуди алтернатива на западните погледи за нашата иднина.
Знаеш и сам кој му го наполнал на Ленин “Запечатениот Воз“,некој го викаат и “златен“,поврзи ги работите малку па ќе се најдеш во прилика да знаеш кој ги влече конците од Русија до САД преку Европа и Блискиот Исток,посебно овде на Балканот.Можеби тогаш не се викале Билдерберг,ама биле истите фамилии кој сега ја составуваат оваа групација.:toe:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
209
Поени од реакции
9
Немам никаков долг кон нив ниту имам намера да се водам од славјанска сентименталност која премногу скапо сме ја платиле во минатото.
Но нема потреба ниту да се водиш од поданичка сентименталност кон најсилниот во светот, зашто, доколку излезот го гледаш во Вашингтон, тоа е уште повеќе исто како да го гледаш во Лондон.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Погледни го потеклото на Романови, на октомвриската револуција и ќе добиеш слика кој владеел со Русија.

Интернационализација на идентитетот.
Зарем негова локализација ќе има поголем ефект?
Хеленизмот кога достигна планетарна промоција?
Кога стана дел од историјата на западна Европа.

Славјанството е темел на сите славјански држави, се друго е козметика.
Ние бевме медиумот кој го одржа тоа славјанство, ние бевме реформатори на таа цивилизација, ние бевме тие кои го пренесовме од антиката во новиот век.

Славјанството како потенцијал за економска, културна, научна, државна, стратешка соработка секогаш ќе биде опцијата која може да понуди алтернатива на западните погледи за нашата иднина.

Русија го достигна врвот за време на Романови и Сталин, што конкретно треба мене да ме интересира во политиката на Русија, потеклото на Путин и Медведев?

Не Зоране, туку нивниот ИНТЕРЕС.

Имав на ум транснационализација на идентитетот каде нацијата е секундарен идентитет, а не интернационализација.
Релативизирањето што го правиш со ставањето на Словенските тези на местото на нашиот идентитет ја комплицира нашата борба за етаблирање на македонскиот идентитет како засебен.

Помалце се работи за историско убедување отколку политика, меѓутоа ако влезеш во историскиот лавиринт треба да имаш многу повеќе аргументи кои пак без соодветна пропаганда не значат ништо.
На Русите ништо не им значи антиката, Пелазгите, Венетите, затоа нема место за некаква сентименталност за заедничката праисторија и креирање на денешната политика врз таа основа.

Тие четива ни се потребни нам, историски да се спознаеме и да научиме повеќе со што ќе имаме поголема самодоверба во нашето потекло.

Тоа и се бара од националниот идентитет да ја открива својата култура, да сознава и памети “кои сме“ биле во минатото и во сегашното опкружување, да се пронаоѓа себе си и своето место во тоа, да се самосознава и самоодредува. Некогаш тоа е долг процес, најчесто со тешкотии и за поединецот и за нацијата, но предизвикува појава на национална хомогенизација каде што поединци се одрекуваат од сопствената индивидуалност, специфичност, самобитност, слобода и духовност во име на колективниот, националниот идентитет.

Но, националниот идентитет неможе да егзистира без национализмот. Зборам за здрав национализам кој помага да се зачува традицијата, чувството на единство.

И тоа би требало да е сета филозофија, а политичкиот интерес разграничи од сентименталноста бидејќи во политиката нема место за емоции и симпатии туку профит.

Но нема потреба ниту да се водиш од поданичка сентименталност кон најсилниот во светот, зашто, доколку излезот го гледаш во Вашингтон, тоа е уште повеќе исто како да го гледаш во Лондон.
Кога не си ни приближно блиску на иста бранова должина, не улетувај во муабет.

Не постои кај мене поданичка сентименталност, не постои никаква сентименталност.
Во моментов ме интересира да си ги заштитам моите интереси, доколку тоа е САД, Русија, Кина, Британија за мене не прави значење ниту сметам дека треба да му се извинувам на некого за бранење на националните инереси.

Никој не ни кажал ни пардон за Букурешт, ниту имаат намера. Затоа нема што јас да мислам од овде за Русија или да се замарам кој владеел во минатото со нив па да им простувам, оправдувам и постојано им се тртам поради некоја лажна словенска загриженост која ја манифестираат од Москва, само како изговор за да го задржат влијанието на Балканот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom