Понуди саглам плата за соодветното работно место бе пријателе, има работници ко плева да имаш.
Кога јас започнав со свој бизнис - сервис и продажба на компјутерска опрема (кој патем е започнат со помалку од 2000 евра) ми тргна феноменално и решив да барам работник. Ми доаѓаа студенти од информатички кои од сервисирање рекоа дека знаат да форматираат со windows xp, vista, 7, софтвер да инсталираат отпосле, драјвери и чат пат да решат некое помало проблемче поврзано со мрежата како на пример ИП конфликти. Од сите што дојдоа, два-тројца само тврдеа дека знаат по нешто од хардвер а и тоа што го знаат беше ограничено на промена на хард диск и инсталација на оптички уред - со други зборови, работи кои ни ментално хендикепиран не може да ги утне. За рамот ги бунеле спецификациите како генерацијата, работните тактови и како тие се усогласуваат. За напојување не знаеле како да пресметаат оптеретување и како да разликуваат реална моќност од peak. За процесор не ни стигнавме да муабетиме.
Кога дојде времето да зборуваме за плата, НИТУ ЕДЕН не сакаше воопшто да дискутира за помалце од 20.000. Сите ми ја плеснаа во фаца титулата за која студираат. Сите ми кукаа за трошоците кои ги имаат а пази - сите живеат во населбава. Нит превоз нит храна треба да плаќаат. Може дома да си отидат да јадат, на 15 минути од сервисот живеат.
Значи од аспект на работодавец ти викам, од каде наоѓате толкава дрскост да барате 20к за форматирање компјутери? Самата процедура на форматирање кај мене во сервис е unattended, го поврзуваш дефектниот компјутер на NAS со еден кабел, го вклучуваш компјутерот, бираш од менито кој виндоус сакаш да ти се инсталира (да, дури и мени има) и одиш во дворот на сокче и кафе. По 40 минути се враќаш, проверуваш 5 минути дали е се во ред, го маркираш компјутерот како готов и толку е твојата работа. Се е автоматизирно, од инсталација на програмите до инсталација и подесување на драјверите.
И за тоа ќе ми бараат 20к? Попрво сервисот ќе го затворам отколку да дозволам некој да ме шупчи во здрав мозок.
Ама тука има една друга приказна која студентчињава не сакаат да ја признаат. Од дома родителите ги тераат да најдат работа, дури и им заокружуваат огласи и закажуваат интервју. Студентчево бидејќи нема изговор веќе, ќе отиде на интервјуто, ќе побара ненормално висока плата за која што логично ќе биде одбиен, ќе се врати дома и ќе рече дека не ја добил работата.
Се нагледав вакви и право да ти кажам ми се гади од нив. Јас кога почнав да работам во една крупна скопска фирма, првиот месец работев за 100 евра. Ни трошоците за превоз и храна тоа не ми ги покриваше, морав од свој џеб да додадам. Ама затоа по 3 месеци (сосема заслужено) си земав 40к плата.
Затоа драги мои студентчиња, ако мислите дека со тоа што студирате на факултет имате некоја титула и треба да добивате 20к плата, гадно сте се заебале. Дур не дипломирате вие сте сеуште работници со завршено средно и без работно искуство. Малце контакт со реалноста нема да ви е на одмет, да знаете колку вредите. А и кога ќе дипломирате, тоа ви важи само за јавниот сектор. Во приватниот сектор на газдата не му е гајле што пишува на некој си лист хартија, туку што може работникот практично да направи. Јас не можам дипломата врз дефектен компјутер да ја ставам и тој магично да биде поправен. Тоа треба човек со практично знаење да го направи.
Инаку ontopic, да - ако ти работи главчето, можеш со 3000 евра да започнеш бизнис. Клучен збор - ДА ЗАПОЧНЕШ. Како и секој нов бизнис, тој ќе бара многу труд и жртвување за да успее. Ќе јадеш сол и леб ако треба неколку месеци, ама ако си упорен, ако имаш јасна (и многу побитно, реална) цел и не ти е страв да работиш, бизнисот ќе цвета. Некое време ќе одиш во загуба, па после ќе бидеш на свое, па дури отпосле ќе можеш да остваруваш профит. А ако мислиш дека со вложени 3000 евра веќе од следниот месец ќе си земаш 400-500 чист профит, sorry, време е да се разбудиш.