Абе добро е ова ама прво оваа година ќе каснат најверојатно учебниците.
Ама тоа е стандардна работа кај нас, секоја година каснат некои учебници. Немарност.
Во основно не знам точно кое одделение земав вака бесплатни и првата генерација супер беше, после веќе следната година треба да се молиш да ти се паднат учебници од некој ученик којшто ги исчувал добро, а ако ја немаш таа среќа ќе ти се паднат испокинати и ќе мора да си ги купиш. А веќе третата година знам речиси сите купивме нови зашто старите беа лом.
Е сега ќе има казни за тие што ги шкрткаат учебниците, што е добро. А за работни и вежбанки треба секоја година да се даваат нови. Нас не ни даваа и знам на 1 септември купував гума и 2 дена бришев работни тетратки.
И книгите за четврто и петто одделение се нови по новиот закон за учебници. Што значи веројатно цел им е и останатите книги да бидат донесени според новиот закон, па кај и да е следниве години и тие ќе се сменат. Што значи старите книги нема да важат и пак трошоци.