Имаат да, партиски 95% од нив, другите 4% во фирма на мајка татко тетка, едниот процент ок, се снашле.
И ај да баталиме ова настрана, како со тоа ќе се решат сообраќајните проблеми во градов кога цел возен ред се изместува во вторник, петок па сега и сабота? Еве да речеме дечково ќе најде работа, ќе најдат работа сите студенти кои пишуваат на темава, ок.
Ќе го промени ли тоа фактот што автобусите каснат по 20 минути, кога во нормални денови стигаш на работа во 8.20, сеа стигаш 8.40, а и лотарија е да го фатиш бусот што си го фаќал често, зошто не знаеш дали ќе дојде во тој термин, или па ќе дојде, накрцкан, и чекај нов да дојде и ете ти каснење.
Немој да ме сфатиш погрешно, гледам локација с. Градешница, еве и Скај Дог што се буни знам дека е во Тетово и него му е гајле да речеме, ова му изгледа како во нормални земји, нема гужви, нема неред, ништо, па зашто да нема тогаш превоз за пензионерите, нели? Но во Скопје тие денови е ненормален хаос и треба да имаш челични нерви а богами и мускули да се справиш со масата од народ за да влезеш/излезеш од автобус.